Има некое време ги пратам грцине на ФБ, буквално пратат све што се случува кај нас, нивната пропаганда е во најсилен формат, ги читам коментарите, има тешки идиоти, да не речам идиоти, како да немаат друг живот него со нас да се занимават. Има коментари од луѓе од секакви различни народи, има и албанци и бугари што коментираат, огромен дел на албанци (не знам дали се од Албанија или од МКД) застануваат на наша страна, бугариве што коментираат се рака за рака со јужниве, мислев дека србите се браќа со јужниве ама сум се излажал, вие сте биле, така да тие прикаски "Од блгрска страна тешко ќе најдеш омраза и во најтролските форуми" на некој друг да му ги продаваш.
Тој или не е Бугарин или не учел во бугарско училиште, па не е доволно информиран.
Инаку, да го уклучат само малку од малку мозокот, наместо да голтаат слепа пропаганда, самите би дошле до сознание дека не само што никако не можат да бидат Бугари, туку дека не ни поминале покрај Бугари.
Прво:
Слепа пропаганда дека тие како Бугари немаат никаква врска со Волшките Бугари.
Како резултат на тоа, Велика Бугарија не можеше да го издржи нападот на посилен, поорганизиран и помоќен непријател - Хазарите - и го изгуби своето независно постоење, потпаѓајќи под власта на Хазарскиот Каганат. Некои Бугари беа принудени да ги напуштат своите родни краишта.
Најстариот син на Кубрат - Аспарух набрзина ги повел своите поданици на запад до бреговите на Дунав. Бугарите, откако ги покориле Западните Словени и другите локални племиња, создале нова држава во 681 година - Дунавска Бугарија. Бугарите се нашле опасно блиску до границите на Византиската Империја. Серијата војни што започнало помеѓу Дунавските Бугари и Византијците продолжила со различен успех.
Значајна група Бугари, предводена од другиот син на Кубрат хан, Котраг, се упатува кон регионот на Средна Волга.
Процесите кои се одвивале во длабочините на Хазарскиот Каганат довеле до создавање на ново државно здружение на неговата северна периферија - регионот на Средна Волга, чија етничка основа станале Бугарите (Болгарите).
Бугарите (Болгарите) од овој и следните периоди, кои пристигнале и се населиле во регионот на Средна Волга, генерално се нарекуваат Булгари или Волшко-Камски Булгари, за да се разликуваат од Дунавските Болгари.
До X век, продолжиле блиските контакти помеѓу Волшките Булгари и Дунавските Болгари.
Двата народа ја следеле древната заедничка турска вера - Тенгријанството, и ја користеле рунската азбука во пишувањето
. Но, со усвојувањето на Христијанството од страна на Дунавските Болгари и Исламот од Волшките Булгари, политичките и културните врски биле прекинати.
Сумирано:
Аспарух од Велика Бугарија со своите поданици се упатува кон запад до бреговите на Дунав.
Родениот брат на Аспарух, Котраг, со дел од својот народ од Велика Бугарија се упатува на Средна Волга и таму ја основа Волшка Бугарија.
На неговиот мајчин јазик, волшки бугарски, за основните поими, кои никако не можеле да бидат заемки, во овој случај турцизми, за вода велел
şıv, за крв велел
ḫān, за глава -
baç, за месечина -
аyuh. Спореди:
su, kan, baş и
ay на турски и
су, кан, баш и
ај на татарски.
Еве и споредба на волшки бугарски, татарски и турски:

A searchable database of lexical items in the Turkic languages
turkic.elegantlexicon.com
Второ:
Ги учат преку слепа пропаганда дека зборот
бубрег бил прабугарски.
Бубрег инаку е чист турцизам.
И влегува во другите балкански, меѓусебно несродни јазици, преку османлискиот турски:
en.wiktionary.org
Сумирано:
Бубрег како збор, дури и да влегол во Бугарија преку јазикот на Дунавските Бугари, несомнено е чист турцизам, што не треба да нè чуди, бидејќи јазикот на Дунавските Бугари бил туркиски.
Еве како е називот за бубрег на туркиските јазици, oд Балкан до Сибир и Кина:
A searchable database of lexical items in the Turkic languages
turkic.elegantlexicon.com