Воркапиќ газеше првиве дуели (ваљда не е повреден што не доби шанса денес?), ама си фалеше Гоцка да танцува по теренот. Баш се чудев зошто Чупиќ не му даваше шанса во одбрана, кога знае да одигра добро.
Ова е еден перфектно одигран натпревар, одлично воден и од Чупиќ кој ги изротира скоро сите играчи.
Со ваква партија на Валах ќе тепавме со било кој противник. Како само не испазаривме уште еден подобар голман, жив да се изедеш е работава. Ја утнаа тоталка со Бомештар.
Валах играч на натпреварот, ама би го споменал и Љевар кој буквално искина. Страшно одигра денес. Сите беа добри, Малус, Митро, Бразил, Фадуил, Гоцка, пикерите, па и Тузо не беше толку лош (освен зицерот).
Секогаш ни лежеле гостувањава во Франција. Голема штета што барем 1-2 победи немавме од претходниве тесни дуели, затоа што освен со Висла дома, во другите 3 дуели можевме да имаме многу поинакви резултати. Од друга страна може и подобро што одиме во ЛЕ, каде што во зависност од ждребката може да одиме далеку.
Победа во добро време за да се крене атмосферата пред последниот дуел од ЛШ со Мелсунген и особено со првото гостување на Пелистер годинава.
Мора да се реши домашната сезона уште на полусезона, исто како лани.
П.с. ќе се сети ли некој кога ги имаме пцуено овие судии?

Никако не можам да се сетам, а ми останало во сеќавање дека сме им ебавале мајки. Знам и тогаш ме потсеќаше едниот на Драган Гајиќ со кого исто така имавме многу интересни спомени
