Слобода на изразување разбирам, ама овој текст е срамота за тој што го пишел.
Ме чуди само колку е популарен форумот на Пелистер, поготово во Скопје

Жими се немам отворено портал на Вардар никад, еднаш дури ме цитирале, другари ми кажваја.
Скопјани едно само не разбират, времето на Самсоненко и Грујо заврши и никад нема да се врати. Министерот и градоначалникот се ок, ама не се тој мастраф. Ова му го кажвам да не се разочарват многу, Чупиќ максимум вади.
Е сега за нашите критизери.
Ова ме подсеќа на времето на Каменица.
И него го избркавме на сред сезона, како што не доликува, ни пари му исплатија, ни ништо. А пред да дојди Каменица Пелистер беше заминат на гробишта, и тоа што се размрда градот со тие дерби со Работник со него допринесе да се напрај платформата.
Така да од Червар немаме зијан имаме само ќар. Јас сум уверен дека тоа што игра во Пелистер денес, ке ја носи репрезентацијата во иднина.
За последната утакмица, беше пример кога ќе се судрат тим од 2М со тим од 7М.
Ништо не е загубено, има уште три утакмици. Зошто да не ги добиеме трите?