Конте - ќе извади нешто од мајмуниве, дефинитивно повеќе од Керик, но кај него друг е проблемот.
- Ќе го напуни тимов со просеци и Италијани, низ призма на борци и пргави се.
- Ќе сака да има удел у трансфери. Може да биде уште еден ЕТХ у најава.
- Знае некад ептен пичкарски да искочи на терен и да брука.
- Нема да издржи долго со управава, ќе има биф и ќе биде токсична ситуацијата.
- Тимов пак нема по мерак да му е и ќе му фалат играчи у системот.
Од тактичка / фудбалска гледна точка, па се мења идентитет т.е. нема идентитет - Од Аморим со 352, до Керик со некаков 4231 и скроз поразличен стил, до пак назад во 352. Новата фудбалска управа, т.е. Вилкокс и Аштон беа ставени за да се изгради идентитет некаков и да нема многу големи осцилации од тренер до тренер и обрт на тим.
Кога ќе размислам, може и финансискиот дел им игра улога, ќе земаат втора класа просеци, поефтини, со надеж дека Конте ќе извади максимум од нив.
Што ми е криво низ годиништава не го зедоа Луис Кампос, страшен е во градење тимови. Склопи многу солидни тимови - златната генерација на Монако, оваа на ПСЖ, Лил кога освоија лига со ич пари и извадија супер играчи. Шутни го Вилкокс, стави го овој за спортски директор и пичи си.