PloTwist
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 13.766
- Поени од реакции
- 31.313
Зборуваме за конзистентност, за стабилност на одбраната, за долготрајност на таа позиција и за трофеи. Тука доминира Фердинанд, заедно со Видиќ. Ова го кажувам како фан на Челси. Видиќ мислам дека беше два пати играч на сезоната. Тери постави еден несекојдневен рекорд, 15 примени голови, досега Челси има примено 13 за само 6 кола. Тешко дека овој рекорд може да се прекрши во скора иднина.Сите тројца се инфериорни во однос на Ван Дајк. Не се ни најдобрите стопери во своите екипи.
Од досега гледаното од преку 27 години фудбал, во комбинација со доста снимки од порано и разговори со луѓе кои ептен пратат и разбираат:
Стопери: Ван Дајк па следува група од неколкумина: Рикардо Карваљо, Јап Стам, Сол Кембел, Тони Адамс, Ледли Кинг
Лев бек најдобар е Денис Ирвин ,па следува Ешли Кол па веројатно Робертсон и компанија после нив
Десно копиленцето Арнолд е број 1, а доколку сакаш дефанзивен десен бек тогаш Бранислав Иванович.
Средина најдобар везњак во ПЛ историјата е Рој Кин, па следуваат Стивен Џерард, Патрик Виера, Кевин Де Брујн,Пол Сколс, Френк Лампард
Напред Мохамед Салах и Тиери Анри пред останатите. Би ги ставил во формација странично двајцата, па така би се отворило место и за уште некој шпиц. Хари Кејн, Алан Ширер, Вејн Руни, Серхио Агуеро.....
Башка, Тери има и одлична офанзивна статистика, мислам дека сеуште е најефикасниот дефанзивен играч во историјата на лигата. Ова го краси Ван Дајк, пред играчите на Манчестер.
И не зборуваме за различни времиња и генерации, сите овие беа активни последниве 20 години, длабоко во модернизацијата на лигата, со легија на странци и со носење на најдобрите фудбалери од светот.
Факт е дека двете титули на Ливерпул беа и благодарение на Ван Дајк, не ги спорам неговите квалитети, но далеку од тоа дека е најдобар и најкомплетен централен дефанзивец играч во историја наПремиер лигата.
Кембел е во ова друштво, но не и Стам затоа што има значително помалку фудбал во ПЛ од останативе. Сличен став имам и за Силва, сува класа, ама дојде во залезот на кариерата во Челси.
Ван Дајк е топ 5, но не и најдобар. Ќе се сложам со членот погоре дека Ван Дајк, севкупно, е најдобриот централен дефанзивец последниве 7-8 години и еден од најдобрите во историјата на лигата.
