Ми идаТ да си каснам од левово маде. Добро бе можно девојчина од ТЕТОВО не од Приштина, два збора да не знаат Македонски јазик? Уште па медицина учеле, утре овие некого ке лекуваат...
Пред некој ден на тв дневник на Словенечката државна тв имаше прилог за ученици од Словенечкиот дел на областа Истра, градот Копер и околината на Копер, и се работеше за прилог околу ученичкиот превоз на учениците во средните училишта од тој регион на Копер.
И не ми се веруваше, две девојки средношколки зборуваа исклучиво на Италијански јазик и ова е во Копер и тој приморски дел на Словенија каде Италијанците ги нема повеќе од 5-6 % од населението.
Дури имаат еден тв канал од државната тв се вика ,, Каподиистриа" и програмата е 90 % на Италијански јазик.
Малцинство кое на ниво на држава Словенија е околу 3 % и сето тоа го имаат и во тв дневник да зборуваат на Италијански? Мизерија.
Ние со рамковните од 25 % нема што да правиме.
Лани на фудбалски натпревар во локална пониска лига на Австрија во регионот кој е поранешен Целовец - денес Клагерфурт и помошен тренер им зборуваше на локалните момчиња од Словенечка припадност дека таму се зборува Германски а на фудбалските тренинзи да не користат Словенечки јазик. Па Словенците пишуваа протестна нота до нивниот во УЕФА Александар Чеферин.
И во Италија во Трст беа прешкртувани канцеларии и натписи на Словенечко малцинство.
Тоа е, Словенците им даваат големи јазични права на малобројното Италијанско и Унгарско малцинство, а на побројните Срби во 90- тите им одземаа права и државјанства, и на Босанците т.е муслиманите дојдени од Босна не ги почитуваат и ги омаловажуваат, Горан Војновиќ роден во Сараево а живее долги години во Љубљана има напишано книга ,, Чефури" и со тој термин Словенците погрдно ги доживуваат сите дојденци од поранешна Југославија, а без таа Југославија дали и ќе постоеше денес Словенија.
Но врти сучи, ете и католиците Словенци во Австрија и Италија понекогаш чувствуваат притисок од Ариевците.