3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

@Harry Potter имаш ли инфо за конечниот изглед на третите лиги?
Ме интетесираше што екипи ќе присоберат во новиот регион (Куманово, Липково, Нагоричане, Ранковце, Паланка и Кратово).
Едвај 10 екипи собрале, од кои само една не е од Куманово/Липково/Нагоричане.

1. Куманово
2. Пчиња
3. Беса Слупчане
4. Липково
5. Влазрими Оризаре
6. Јуниор Доброшане
7. Речица
8. Победа Тромеѓа
9. Козјак Старо Нагоричане
10. Академија Осогово Крива Паланка

тие се екипите, 10 ќе играат.

тука се апдејтира како што се официјализираат групите. моментално конечни се само Југ и Североисток.
 
Годинава во Скопје место 3 општински лиги, ОФС Кисела Вода, ОФС Гази Баба и ОФС Скопје (тука играа екипи од западниот дел на градот), ќе има две групи.
Екипите од Кисела Вода се распоредени во двете групи.

Во Група 1 ќе играат:
1. Братство Љубин
2. Раштак
3. Шишево
4. Олимпик (ќе играат во Шишево, се шетаа насекаде порано)
5. Видри (ова е некоја новоформирана академија, гледам и активни фудбалери од прва/втора лига ќе бидат тренери, ама на децата)
6. Металург 2025 (нема врска со стариот Металург, ќе играат на Локомотива во Карпош)
7. Вардар 75 (Усје)
8. Напредок (Шутка)
9. ССК Нова (Драчево)
10. Славија Пржино
11. Текстилец (тим од населба 11 Октомври, а играат во Пржино)


Во Група 2 се:
1. Петровец
2. Ускуп 2011 (мислам дека во Коњари играат)
3. Долно Коњари
4. Маџари Солидарност Јуниор
5. Гоце Делчев (Скопско Поле)
6. Бујковци
7. Бунарџик
8. Кадино
9. Зелениково
10. Победа Долно Лисиче
 
Се реактивирал и Лозар од Демир Капија. Ќе играат веројатно во општинска лига.
 
2. Ускуп 2011 (мислам дека во Коњари играат)

и тие како Олимпик и Текстилец немаат свој терен и играат каде што ќе најдат, често како домаќини на теренот на противникот. иначе се 1911, не 2011, турска екипа. еве в недела ќе играат на „Борис Трајковски“

за нов клуб од Скопје е ненормално тешко, речиси невозможно да се има терен. овие Металург 2025 играат на Локомотива оти поранешните газди на ФК Локомотива биле во клубот.

Бунарџик игра во Марино, Скопско Поле одамна не се вика така туку населба Гоце Делчев.
 
Тие ако сакаат и Питу Гули нека се викаат, секогаш ќе останат Скопско Поле :D
 
Се реактивирал и Лозар од Демир Капија. Ќе играат веројатно во општинска лига.

дефинитивно играат, во општинската Неготино. 12 октомври од 12 ч. прва текма против Јанг Бојс во Неготино
 
Back
На врв Bottom