Ај што коњината е неспосбна, се докажува каков пацерај се сите што коментираа низ годиниве кога Боби беше селектор. Мудава ги отекоа со тоа да им се дала шанса на скапанициве ко Дориев и Атанасов од Ш лиги, мислиш за Меси и Роналдо збориме. Па сега кига добија шанса, шут кон гол немаме.
Џабе експерименти, се знае дека играчите што ги земаше Боби се најдобрите. Едино меѓу шетачите можеше да смени некого. Тие се нашите играчи, не можеме ни една постава да сврземе.
Има играчи кои може 5 години да не заиграат за ниту еден клуб и пак да се стартери во репрезентација.
Прво, од моменталната македонска лига НЕ СМЕЕ ниту еден играч да припари во репрезентација.
Наша најдобра постава би била Столе на гол, десен бек не знам, Зајков и Муслиу, Алиоски, Костадинов, Гаштаров од поновиве, Елмас, Барди, Чурлинов и Миоски. Десен бек нема ни за лек. Илиевски и Бојан Димоски се очобол. Без Џани ние сме 0 и тоа се гледа на сите утакмици кога не игра.
За штопери би конкурирале и Серафимов и Младеновски, иако вториов генрално е бавен ко трактор.
Исник Алими не беше лош во среден ред, а Седло не го зема.
Чурлинов има екстремен пад во кариерата, веројатно и од него не би имало никалов придонес, ама и како таков фали во составот.
Растодер може да менува во напад со Миовски.
Тие се играчите, другото се се' шетачи пошто моментално се подобри од другите параолимпијци.
И со најсилен состав ние сме репрезентација меѓу Ц и Д дивизија. Штета што повеќето мислат дека сме Шпанија и одамна се нереални.
Јас гарантирам ако јавноста не го дочекаше Милевски на нож на почетокот, ако селендерот Пандев (на страна фудбалската кариера) не излезе јавно да збори против него и да направи раздор во екипата, оставајќи простор простата раја да јаде гомна на социјални мрежи при одлични резултати, веќе ќе бевме тим со далеку подобра основа.
Ако ништо друго треба да го стават главен во младинците.
Сите категории ни се крш, со арпаџик тренери.