Па им објаснил зашто си оди, поефтино е со индијци Треба детално да им објасни како Индија била британска колонија, имаш милиони индијци во Британија и како секаде кога ќе дојдат индијци во менаџмент постепено сите ги заменуваат со индијци, да им спомне веќе сме ептен скапи за аутсорс на junior/mid devs во споредба со Индија ?Не треба да се мешаат овие две работи. Тоа што клиент им откажал/не им го продолжил договорот најмногу што може да објасни е зошто дошло до неизвесност околу проектот и луѓето lately, ама не е root на проблемот што се опишува во рецензиите на Joberty.
Ако читаш што конкретно пишуваат во првите две рецензии, муабетот е за менаџмент, однос кон вработени, комуникација, атмосфера, организација и слични работи. Тоа се интерни проблеми и не произлегуваат автоматски сега од пред два месеца што еден клиент си заминал.
Баш напротив, ако клиентот сега си отишол, тоа може да биде тригер за да испливаат на површина работи што и претходно постоеле, биле хронични и никој жив не можел да ги реши. Можеш да имаш изгубен клиент и коректен однос кон луѓето, а можеш да имаш изгубен клиент сега и хаос/токсичност што се случувала уназад во фирмата - едното не го објаснува другото.
Така да „им откажа клиентот“ е само дополнителен контекст за ситуацијата, ама не е објаснување за содржината на тие рецензии.
Ситуацијата очигледно била лоша долго време таму, се туркала под тепих, само сега т.е пред два месеци некој се охрабрил да пише јавно.
Знам дека од поодамна им заминуваа ЧР и креваа раце од таму. ваљда дека било токсично цело време само се криело.
Еве некоја рецензија од Мај 2026 https://www.joberty.com/mk/it-company/14402/damilah/purpose-reviews
“Култура на микроменаџирање
Времето овде ми помогна да сфатам дека по цена на бенефити не мора да наштетуваш на менталното здравје и дека работната средина и лугето во компанијата значи многу повеќе за достигнување баланс и мотивација на работно место. Од искуството научив во каква компанија ни припаѓам и не би сакал да припаѓам во иднина”
Незнам колку долго време мислиш дека е лошо ама важеше за една од подобрите со плати и услови барем до оваа година. Како и секоја фирма кога ќе секне чешмата станува тензија, нервоза, отпуштања. Податоците не ми се од ракав, лани за малку ќе отидов таму и доста се распрашав затоа што имам блиски таму што работат. Моментално и тие веќе си отидоа или си бараат чаре зашто веќе оди накај sinking ship и почнал веќе лошиот однос од тие со погорни функции.
Таа рецензија од Мај 2026та личи на некоја снегулка со пишувањето за менталното здравје, мотивација и припаѓање, во превод разгалено дете.
Муабетот ми беше дека не беше лоша фирма ама како и секоја друга фирма без разлика дали е ИТ кога ќе секнат парите и се види на каде оди се случуваат вакви работи. Можеле да објаснат зашто баш коментариве се од 2026та година и зашто не си заминале претходно? Како тогаш не им претставувало проблем? Месечно кафана од фирма им беше платено по тим, тим билдинг грција, немора во канцеларија да се појавуваш често, убава плата, платено се за едукација, лабави таскови. Сега наеднаш има притисок(и да, имаат сега ама поголем проблем е лош однос што е доволно за да си заминат) да се завршуваат работите и да не се легачи, пие кафе, искачува водно, трча на кеј во работно време и наеднаш станува микроменаџмент и пишување на joberty.
Еве коментар од минатото златното време на ИТ:

Последно уредено:




