Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам дали пиша некој, денес У19 изеле 4 комада од јебени Луксембург. Ова е резултат на мочката од народ во независна Македонија. Талент нула, мотивација минус двеста, работна етика минус 500. Дај боже да скапат у трета македонска лига да не можат од брзи кредити да искочат.
 
Само да те поправам талент има, за се друго си во право мотивација нема исто и работна етика.
 
Како беше муабетот...1% талент 99% работа... само од маало имам двајца дечки кој на 16-17 год. отидоа у холандија како големи надежи,мудата им пораснаа ко цитрони не се праеше муабет со нив, сега едниот игра рекреативно по селскиве турнири другиот играше по балканскиве 2-3 лиги...муабетот е од талент до готов професионален фудбалер има многу многу работа а у модерниов фудбал и многу вложување..
 
Ауу сериозно карта за вечер 1800 денари за централните блокови? Обично после лоши утакмици, поевтини се картите, овие обратно го поскапуваат.
 
Вака така ќр биде фул стадиниот за да го гледаме Мектоминеј.
 
Како беше муабетот...1% талент 99% работа... само од маало имам двајца дечки кој на 16-17 год. отидоа у холандија како големи надежи,мудата им пораснаа ко цитрони не се праеше муабет со нив, сега едниот игра рекреативно по селскиве турнири другиот играше по балканскиве 2-3 лиги...муабетот е од талент до готов професионален фудбалер има многу многу работа а у модерниов фудбал и многу вложување..

И многу среќа. Особено ако си НОН-ЕУ кој зафаќа квота а со ист статус како тебе се срби, бразилци, аргентинци и африканци.
Имав можност да тренирам со Ашковски 2 години пред да се преселат заедно со Марко Симоновски во Вардар. Уште од тогаш се знаеше дека Ашковски ќе биде играч. Буквално две класи беше над сите нас ама вака кога ќе му ја видиш кариерата, ништо посебно.
Он уште како мал беше форсиран напред, играше крило и втор напаѓач за да мислам кога се пресели во Партизан да биде префрлен на левата бековска позиција.
Голем е патот од најдобар во маало до најдобар во клуб а до таму треба среќа, добар менаџер и да ти се поклопат коцките. Веруј ми дека и Стефан Ашковски и Марко Симоновски тренирале и се вложувало во нив.
Друг вака што ми текнува од моја генерација со кој сум играл е Бојан Ѓоргиевски. Него го знаат само пар членови тука, оние што ептен пратат домашен фудбал а кога игравме против Мацари Солидарност додека он тренираше таму како дете беше убедливо најдобриот во лигата. Гзот ни го цепеше по лева страна, дека он играше како крило. Сепак, кариерата му се сведе на Металург, Турново, Работнички и имаше некои неуспешни екскурзии во странство. Тука може да се критикува и тренерскиот кадар низ младинските категории. Ашковски и Ѓоргиевски од крила во младинските категории до бекови како сениори но порано беше така. Кој знаеше да дрибла и беше брз играше крило или напаѓач. Никој не се осмелуваше да ризикува ставајќи го својот најдобар играч како бек. Плус да не зборам дека условите беа мизерни тогаш. Топките балони, за дресови моравме да чекаме генерација 91 да заврши, они обично играа Сабота а ние Недела за да можеше Џони кабињерот да ги испере. Зимно време кочан ладно, теренот замрзнат, пола тренинзи откажани. Тек во третата година не однесоа во сала зимно време, секако ние си плаќавме екстра.

Заборавив да го споменам и Стефан Ристовски. И против него имам играмо дека сите сме иста генерација. За него нема збор. Играчиште. Уште од тогаш сите го збореа ама ете он имаше среќа, му се поклопија малку коцките и направи солидна кариера. Он мислам и како дете во Вардар играше десен бек.
 
Иста формација извади како Милевски, го копира во тактиката. :D
 
Кај ќе има пренос? Више за ниеден натпревар не се знае каде ќе се пренесува.
 
Некој мора да направи нешто да не им де дозволува влез на дечишта со вувузели на стадион...
 
Back
На врв Bottom