ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Не кажуваше дека работиш 10 саати на темава? Неам никаков проблем да му објаснам на не техничко лице, напротив дури и полесно е.
Воопшто не е битно како ние навиваме.

Рече дека во 5% случаи халуционира. Во тој случај вадиш нов агент и почнуваш од почеток. Каква врска има CД тоа? Рече дека не проверува код, а не дека не го проверува агентот. Пак имаш ПР и тн. Дали има шанси да се протне нешто што не треба, да, но далеку помалце од порано (пред АИ).

Двете се секако куцани од АИ.
Работев, минатата есен или лани ова време. Пошто роковите беа дефинирани, а тимот од кој што зависев искористи 80% од времето и за мене останаа 2 недели за развој на цел епик. И пак не се стигна и се одложи за месец два. А и не користев generative AI тогаш, и имав reqirements кои не бе баш најдобро дефинирани од страна на ПО то. Тој не ми е шеф иначе.
 
Според мене, моментално ( и во иднина ) ќе биде многу побитно да си добро запознаен со бизнис логиката, да бидеш на некој начин ТПО ( со поголем акцент на бизнис страната отколку на техничката страна ). Фокусот да биде на една поголема целина од сервисно ниво. Очекувањата на бизнисот се зголемуваат, до некаде и оправдано со оглед на цената на аи. Никој нема време да се занимава со непотребни коментари на ПР околу naming strategies и СОЛИД принципи, бидејќи како што пиша некој погоре, ретко кој остана да го чита кодот, покрај агентите.

Ова. Веќе на големо се менува играта од technical во functional во секторот. Порано девот беше оцетосан нерд кој чека малтене во 0 и 1 да му кажат што треба да прави и немаше баш интерес за процесите на компанијата што не го засегаат него. “Новиот свет” повеќе ќе им служи на аналистите и functional тимовите.
 
За првиот дел, на што мислиш ова некои практики биле тупење? Не може куцањето код да не е инженерско кога е базата на една апликација, пак ќе прашам, под куцање код подразбираш пешки сам да пишуваш код? Нема уметност или инженерство во тоа физички да пишуваш на тастатура ако мислиш на тоа, кодот што си го копирал од stackoverflow, изгенерирал со claude или искуцал сам треба да знаеш зошто си ги искористил, и дали треба да го искористиш.

За втор дел, точно, затоа викам ја дека нема смисла да не ги користиш алатките што ти се на располагање денес. Во однос на квалитетот на кодот (посебно unchecked) во однос на тоа што џуниори го пишуваа е каде каде подобро. Реков најдобра споредба ти е ниво на мид левел инженер, преголема самодоверба и чести беспотребни апстракции и комплицирања за навидум едноставни решенија, намерно ја користам паралелата со мид инжинер, бидејќи истите одлики ги имаат, затоа е потребно некој поискусен да навигира и со едното и со другото.

Реков ако идејата е да се туркаат features и порано можеше да туркаш мид инжинери од Индија да штанцаат неодржлив код и денес можеш да пуштиш агенти да ти генерираат ист код без human in the loop. Се зависи што ти бара фирмата и што се цени во фирмата кај што работиш. Фала богу моментално каде што работам не го бараат второво, ако почнат да го бараат ја лично немам проблем, ама доколку се накубури технички долг и излезат проблеми тогаш ја не сум виновен за тоа, нека бараат помош од claude, codex whatever :)
Да, мислам на самиот крафт на кодирање, го поистоветувам со знам добро да цртам во Аутокад. Нема никакво инженерство во тоа, само алатка. Решавање на проблемот со таа алатка е инженерството.

Разликата е што ја не мислам дека тој код неодржлив, ниту дека ќе се накубури технички долг или проблеми. Веќе неколку години и тоа е во пракса прикажано. Инаку има многу разлика од фирма до фирма - во една сервис фирма кај што работев, пред x години скришно користев АИ, за сега да дојде memo - кој не користи АИ ќе лета од работа. Time will tell.
Автоматски споено мислење:

Ќе истражи тој, ќе ти даде 3 решенија, како ќе одредиш кое е точно ако не разбираш како работи Кафка? Веројатно ќе треба и тоа да го прашаш и на крај ќе мора да научиш пред да избереш решение. Го скокна моето второ прашање, а тоа е, како ќе тестираш дали решението ти е ОК ако не го разбираш?
Еве пример ќе ти рече: "Ми требаат повеќе логови, уклучи debug логови". Ќе го послушаш без да провериш? Како ќе одлучиш дали треба тоа да го направиш и кој се ризиците? Пак ќе го прашаш AI да ти објасни.

Некогаш премногу значење даваме на "штанцање" features, како сите тие да ти носат исто пари во фирмата. Подобро еден дев да ми среди 3-4 features ама да знам дека се тип топ (нормално со АИ искуцани, ама проверени и тестирани) отколку да имам 15 features за кои немам исто ниво на доверба во нивниот квалитет. Уште повеќе, некој од тие features да направи проблем па да ми го поебе профитот и работите што се саглам направени предходно.

Затоа контекстот на работа е многу битен.
Еве во моментов си работам на еден веб сајт како хоби. Не сум куцал ништо на фронтенд сигурно 7-8 години. Го куцам 100% со codex и работи топ. Не му се замарам воопшто дали е оптимален кодот, дали има дупликати или било што. Едставно гледам да е убав и да се лоадира брзо. Е сеа, да ме прашаш какви икони користи и дали multi-language support-от е лесно надоградлив искрено врска немам. И не ме интересира, затоа што утре да рокне сајтот, гајле ми е. Или ако треба да се прекуца нешто, ќе му речам прекуцај го цел feature/
Ама за критичен продукциски код сеуште сметам дека и те како има потреба од 100% верифкација од човек на АИ продуциран кодот.

Ова е некој готов продукт што го користите? Ако да, те молам сподели линк.
Види, нигде не реков дека не треба мозок да се уклучи или дека е потребно 0 знаење за работата. Поготово во вакви дистрибуирани системи и на твое ниво. Ќе го прашуваш, ќе му ги напаѓаш решенијата и тн. И на крај функционално ќе го тестираш.

Само сметам дека нема потреба да механички да куцаш или да го прегледуваш кодот - АИ то го прави тоа подобро од било кој човек.
 
Последно уредено:
Муабетов што го правите ме потсеќа на coding is solved, bugs are not. :unsure:
Имате различни дефиниции за истиот збор, и од таму излеваат сите недоразбирања.
 
И јас немав ништо лично спрема неа, ја знам одамна по темиве уште пред AI.

Мене ме чуди што таа и уште еден член толку доверба имаат во AI.

Јас го користам, многу ја олеснува работата, но скептичен сум. Немам толку голема доверба во него...

А ако до тој степен е стигната работата како што тврдат... Тогаш не е само опасно за ИТ секторот.

Ова мене ме буни, не е директно до тебе

Што правиме со професии со кои што луѓе со години учеле факултет, на пример:

Медицина
Машински инжинери
Електро инжинери
Градежни инжинери

Се што е поврзано со знаење и примена на знаење?
Имам доверба бидејќи не го користам од вчера. Интензивно го користиме на ниво на фирма ( 200 инжинери ) веќе една година без некакви големи проблеми. Башка има цел тим посветен на имплементирање на АИ на ниво на фирма. Они се грижат за грото од работите, како развивање скилови/агенти/продукти кои ќе се користат на ниво на компанија, они пратат статистика, они одобруваат мцп што смееме да ги користиме итн.
Дали јас како индивидуа ќе му верувам или не, на крај на денот уопште не е битно. Доколку од горе сакаат да се користи вака, а се повеќе фирми работат на овој начин, тогаш доколку не се придружиш може само да заостанеш.
Интересно, ќе го разгледам.

Не те сфаќам, како мислиш дека техничкиот аспект е нерелевантен?
Никој не спори дека со АИ можеш да развиеш повеќе код побрзо, а со тоа и дека можеш да имаш помал тим со ист output. Ама прашањето останува, колку го проверуавш AI а колку му "веруваш"?
Тоа што јас го зборам е дека се што AI искуца треба да се провери и тој што го submit-ира кодот треба 100% да го разбира и да стои позади тоа. Во пракса, не постои AI го искуца кодот, затоа што AI не може да биде одговорен за грешки. Ако некој код направи проблем, одговорен е тој/таа што го submit-нал. Од тие причини таа личност има одговорност да се увери дека не submit-ира глупости.

Бај д веј, едно друго прашање. Како вашиот QA се носи со зголемената продуктивност на dev тимот?
Немаме QA уште од пред АИ, мислам дека официјално од 2020. Имаме автоматизирани тестови кои самите девелопери ги пишуваат, имаме постапка за мануелна верификација на критични воркфлос пред секој рилис на мобилната апликација ( исто од страна на девелоперите ).

Откако започнавме да работиме на овој начин, во просек секој ден имам по 5 ПР со 70+ фајлови. Ова само за ревју. Па мене цел работен ден не ми е доволен за да ги разгледам. :)
Имаме скил на ниво на фирма што прави посебен ревју, јас имам мој локален. Доколку се е ок со овие два, јас само го читам горе доле кодот колку да добијам голема слика што е направено, но максимум 20 мин, не повеќе.
 
1790843475322.png
Штом дојде време да се гледа што кафе се носи на интервјуто, јасно е дека има вишок кандидати. Пред 5 години ги зимаа само ако успешно се врзеа не интервјуто или ако уопште се оправуваа да стигнат до канцеларијата без да се јават за упатства.
 
Имам доверба бидејќи не го користам од вчера. Интензивно го користиме на ниво на фирма ( 200 инжинери ) веќе една година без некакви големи проблеми. Башка има цел тим посветен на имплементирање на АИ на ниво на фирма. Они се грижат за грото од работите, како развивање скилови/агенти/продукти кои ќе се користат на ниво на компанија, они пратат статистика, они одобруваат мцп што смееме да ги користиме итн.
Дали јас како индивидуа ќе му верувам или не, на крај на денот уопште не е битно. Доколку од горе сакаат да се користи вака, а се повеќе фирми работат на овој начин, тогаш доколку не се придружиш може само да заостанеш.

Немаме QA уште од пред АИ, мислам дека официјално од 2020. Имаме автоматизирани тестови кои самите девелопери ги пишуваат, имаме постапка за мануелна верификација на критични воркфлос пред секој рилис на мобилната апликација ( исто од страна на девелоперите ).

Откако започнавме да работиме на овој начин, во просек секој ден имам по 5 ПР со 70+ фајлови. Ова само за ревју. Па мене цел работен ден не ми е доволен за да ги разгледам. :)
Имаме скил на ниво на фирма што прави посебен ревју, јас имам мој локален. Доколку се е ок со овие два, јас само го читам горе доле кодот колку да добијам голема слика што е направено, но максимум 20 мин, не повеќе.
Ова значи дека процесите ви се многу јасно дефинирани, чим автоматизирани тестови можат да ги проверат сите случаи. Стварно имате голема продуктивност и ако немате проблеми со години, не гледам зошто не би користеле се повеќе AI.
Во просек, колку тестови идат на еден ПР?

Ние имаме илјадници тестови, coverage од 70% на core функционалностите, но сепак имаме manual и automation QA тимови кои се главниот bottleneck во AI ерата.
 
Шубаво вака си збориме за оптимизации, АI, ефикасност, процеси, ау додека реалноста во нашиве ИТ фирми е ваква (види првите две рецензии - без логирање) - https://www.joberty.com/mk/it-company/14402/damilah/culture-and-team

Ако и пола од ова е вистина ондак вештачката интелегенција и замена на вработени е мала беба наспроти токсичноста и ужасот опишан низ објавиве за МК подружнициве на сРанските компании во вукојебинава.
 
Па затоа и неможеме да се разбереме. Дел од нив работат во фирми каде што има документација за донесените одлуки, што е направено, како е направено, зошто е направено така... Све е by the book, како што доликува на професионални тимови.
На нив лесно им е да поврзат агент со документацијата и да добијат добар код, добар code review, итн итн.

Другиот дел работат во фирма каде што одлуките се loom видеа, slack dms, или некој рандом состанок без meeting notes. Нормално, вторите гледаат многу полоши резултати од AI и мислат дека првава група или лажат или ги фатило AI психоза.
 
Се слагам, само keep in mind дека во токсични фирми сѐ што си се согласил/а на состанок, си фатил ноутс не важи ако милениците на менаџментот и клановите решат поинаку. Без тебе секако. Одма после состанокот. Кој те врти што сте се согласиле.Чича мича и готова е прича.

Или кога ќе се обидат да енфорсираат некои компани процедури тие обично важат за таргетирање луѓе кои не се блиски со менаџментот, додека за милениците сѐ е дозволено и апла се гледа тоа дека за нив процедурите не важат.

Циганска работа. Или шо би рекол Лепи Џони - Мала Индија фирми (уште се смеам на ова)

Се повеќе мислам дека во ера на вештачка интелегенција сѐ повеќе има луѓе низ ИТ фирмиве со природна глупоќа кои продаваат магла and there is nothing we can do about it :tapp:
 
Шубаво вака си збориме за оптимизации, АI, ефикасност, процеси, ау додека реалноста во нашиве ИТ фирми е ваква (види првите две рецензии - без логирање) - https://www.joberty.com/mk/it-company/14402/damilah/culture-and-team

Ако и пола од ова е вистина ондак вештачката интелегенција и замена на вработени е мала беба наспроти токсичноста и ужасот опишан низ објавиве за МК подружнициве на сРанските компании во вукојебинава.
Дамила важеше за една од фирмите што даваат добри плати и услови за во државава. Датум на овие рецензии е еден месец откако и официјално им соопштија на тим билдингот дека најголемиот клиент кој е и причината за основање на фирмата не го продолжил договорот и дека после нова година ќе пробаат пак да потпошат ама најверојатно тоа е тоа. Пропратно и политички коректно ако некој решил да си бара чаре слободно. Индијци веќе си вклучил клиентот и најверојатно тоа е тоа. 80 луѓе им работат на тој проект.
Уште една аутсорс фирма која се создаде со презимање на клиент од вработенини основање на своја фирма.
 
Па затоа и неможеме да се разбереме. Дел од нив работат во фирми каде што има документација за донесените одлуки, што е направено, како е направено, зошто е направено така... Све е by the book, како што доликува на професионални тимови.
На нив лесно им е да поврзат агент со документацијата и да добијат добар код, добар code review, итн итн.

Другиот дел работат во фирма каде што одлуките се loom видеа, slack dms, или некој рандом состанок без meeting notes. Нормално, вторите гледаат многу полоши резултати од AI и мислат дека првава група или лажат или ги фатило AI психоза.
Сум работел и во таква и таква фирма. Нема врска до фирмата туку до човекот.

Друго, Дамила е фирма е буквално фирма од првиот пример. Во ера на АИ е подобро да си во фирма ко втората. Во целиот тој хаос, имаш причина да постоиш како вработен. Ретко кој глави на технички проблеми веќе.

Затоа и фирми ко овие, кој имаа одлични технички потковани лица, мака мачат со клиенти сега.
 
Дамила важеше за една од фирмите што даваат добри плати и услови за во државава. Датум на овие рецензии е еден месец откако и официјално им соопштија на тим билдингот дека најголемиот клиент кој е и причината за основање на фирмата не го продолжил договорот и дека после нова година ќе пробаат пак да потпошат ама најверојатно тоа е тоа. Пропратно и политички коректно ако некој решил да си бара чаре слободно. Индијци веќе си вклучил клиентот и најверојатно тоа е тоа. 80 луѓе им работат на тој проект.
Уште една аутсорс фирма која се создаде со презимање на клиент од вработенини основање на своја фирма.

Не треба да се мешаат овие две работи. Тоа што клиент им откажал/не им го продолжил договорот најмногу што може да објасни е зошто дошло до неизвесност околу проектот и луѓето lately, ама не е root на проблемот што се опишува во рецензиите на Joberty.

Ако читаш што конкретно пишуваат во првите две рецензии, муабетот е за менаџмент, однос кон вработени, комуникација, атмосфера, организација и слични работи. Тоа се интерни проблеми и не произлегуваат автоматски сега од пред два месеца што еден клиент си заминал.

Баш напротив, ако клиентот сега си отишол, тоа може да биде тригер за да испливаат на површина работи што и претходно постоеле, биле хронични и никој жив не можел да ги реши. Можеш да имаш изгубен клиент и коректен однос кон луѓето, а можеш да имаш изгубен клиент сега и хаос/токсичност што се случувала уназад во фирмата - едното не го објаснува другото.

Така да „им откажа клиентот“ е само дополнителен контекст за ситуацијата, ама не е објаснување за содржината на тие рецензии.

Ситуацијата очигледно била лоша долго време таму, се туркала под тепих, само сега т.е пред два месеци некој се охрабрил да пише јавно.

Знам дека од поодамна им заминуваа ЧР и креваа раце од таму. ваљда дека било токсично цело време само се криело.

Еве некоја рецензија од Мај 2026 https://www.joberty.com/mk/it-company/14402/damilah/purpose-reviews

“Култура на микроменаџирање

Времето овде ми помогна да сфатам дека по цена на бенефити не мора да наштетуваш на менталното здравје и дека работната средина и лугето во компанијата значи многу повеќе за достигнување баланс и мотивација на работно место. Од искуството научив во каква компанија ни припаѓам и не би сакал да припаѓам во иднина”
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom