Имам доверба бидејќи не го користам од вчера. Интензивно го користиме на ниво на фирма ( 200 инжинери ) веќе една година без некакви големи проблеми. Башка има цел тим посветен на имплементирање на АИ на ниво на фирма. Они се грижат за грото од работите, како развивање скилови/агенти/продукти кои ќе се користат на ниво на компанија, они пратат статистика, они одобруваат мцп што смееме да ги користиме итн.
Дали јас како индивидуа ќе му верувам или не, на крај на денот уопште не е битно. Доколку од горе сакаат да се користи вака, а се повеќе фирми работат на овој начин, тогаш доколку не се придружиш може само да заостанеш.
Немаме QA уште од пред АИ, мислам дека официјално од 2020. Имаме автоматизирани тестови кои самите девелопери ги пишуваат, имаме постапка за мануелна верификација на критични воркфлос пред секој рилис на мобилната апликација ( исто од страна на девелоперите ).
Откако започнавме да работиме на овој начин, во просек секој ден имам по 5 ПР со 70+ фајлови. Ова само за ревју. Па мене цел работен ден не ми е доволен за да ги разгледам.

Имаме скил на ниво на фирма што прави посебен ревју, јас имам мој локален. Доколку се е ок со овие два, јас само го читам горе доле кодот колку да добијам голема слика што е направено, но максимум 20 мин, не повеќе.