Ужас!
Катастрофални први 20 минути, после тоа против сериозна екипа не можеш да се вратиш веќе беше завршен натпреварот. Нападот во останатите 40тина минути беше ок според мене, во рамки на очекувањата, но одбраната цел натпревар беше слаба, нешто што стварно ме разочара.
Да бидеме реални, против онаква партија на противничкиот голман (20 одбрани од кои најмалку 15 беа класични зицери 1 на 1 со голман), немаше Пелистер да победи и да имаше добар натпревар, ама пак е недозволиво она што се играше особено во првите 15-20 минути. Реално на крајот 48 шута на Ла Риоха, 47 на Пелистер.... Не се изгуби натпреварот на изгубени топки иако изгледаше лошо на моменти. Ама толку голема разлика на голмани е невозможно да се надомести. Не е ни до бројката или процентот на одбрани, туку какви се шутеви фати, секоја чест.
Ќе се обвинуваат сега засилувањата, управата, младината и што се уште не, но реалноста е дека овој меч го изгубија искусните.
1. Кузмановски - убедливо најлош натпревар кој го одиграл во кариерата (барем од тие што сум ги гледал). Тешко за верување е ова што го играше. Катастрофални додавања, неразумни шутеви, убивање на играта во секој поим. Сосема заслужено го зацементира Червар на клупата, требаше и многу порано.
2. Митревски - комично слаб, мислам немаше ниту една одбрана додека играше, се плашам дека тој е најслаба алка на Пелистер оваа сезона. Хејдарирад беше ок, ама тој влезе на 7-8 разлика, веќе беше изгубен мечот.
3. Хенигман - главниот дефанзивец, насјлаб играч во зоната. Константно да ти бега играч на 6 метри кај тебе, да пука зоната кај него неколку пати, па дури и да добиеш недозволив црвен картон - немам зборови. Згора на тоа и во напад имаше еден куп грешки, пробивање, лошо додавање, избрзан шут...
Ова се главните виновници, практично најискусните (слаби беа и другите искусни - Граховац и Пешевски, ама ајде не беше нивното толку критично во целина кога го гледаме натпреварот).
Од друга страна Калајџиески беше доста добар според мене, го размрда нападот, доволно добро одиграа и Ристевски, браќата Атанасијевиќ и Колаковиќ. Значи не е до ротацијата, до младите или до засилувањата. Буквално најискусните потфрлија до максимум.
Сега патот кон втората рунда ќе биде многу многу тежок...