Не сум истерана, баш не разбирам како мене ме поистоветуваш со тие за сијалица пари што нејќат да дадат.
Не знам кај живеете што мислите дека живот во куќа не е цивилизација.
Многу скопско размислување од струмичанец некако ми дојде.
Американците се нецивилизирани вот?
Не те поистоветувам, баш разликуваме помеѓу тие што не даваат и вие, кои давате но џабе, и кои поради тоа сонувате за ескепј во куќи кои коштат како три стана, како што секој втор девелопер сонува за фарма и кокошки, како да тоа ќе му ги реши проблемите а од фарма знае само да испржи пилешко во ерфраер. Еве ќе оставам да погодиш процент колку во Струмица од куќите лепат со две други и ги имаат истите комшиски проблеми. Сите стават слики од згради кои се блиску една до друга, но никој не става какви куќи постојат каде комшиите ти влагаат во простор како тетрис. Ако тоа што влезот ти е посебен на куќата како поголема разлика и ти менува толку, плати си сама чистачка или симни се изџогирај, и третирај го како да е твој во куќа. Биди промената што сакаш да ја видиш во светот.

А влажните соништа за живеење во куќа каде ќе ти биде се исто достапно како во станот, а сепак да си толку далеку да не го слушаш комшијата и да нема потреба да бараш дозвола од него ако нешто доградуваш, и да имаш две гаражи, постои, но кошта. Како три стана. Ако ги купиш тој под тебе и над тебе и ти ќе немаш проблем со комшии.

Знаеме сите што е убаво, ги знаеме причините, но не може да збориме стан од 40 квадрата или куќа. Јаболка и портокали. Затоа напишав или жртвуваш финансии или комјут за понормално живеење во таква куќа впрочем. Не се пали по америте кои имаат ранчови како куќи, затоа сите се со ф-150ки, 250ки и 350ки, бидејќи кај нас ќе извозиш низ четири држави додека кај нив ќе си во уште истиот ареа код. Напишав не поштувам живеење во кола, сакам од балкон да видам кај ќе одам.
Мојот дедо на сите четири деца им изгради куќи од 3 спрата со свои раце, од подрум до покрив. Јас си ја имав малтеришано детската. Комшијата ни стави електрика, другиот среди во катастар, на третиот жената ги надгледуваше малите на сите инволвирани. Мојот проблем е што не сакам јас така да живеам и затоа ми е тешко во куќа, а тие што не се живееле мислат е истата мачкина кашлица како во стан. Ако не сум учел да сменам сијалица, ќе си платам да некој ја смени, како што некој ќе си плати за моите услуги. Од тоа не се срамам. Мора да има за сите работа, а не сите да бидеме хаусмајстори за викенд. Во куќа стално има нешто, исто и како викендица, а кога морам да наводнувам, да чистам, да косам, да лепам, тогаш не одмарам а за тоа сум отишол. Ќе си идам на спа наместо викендица.

За моето скромно живеење, не ми требаат 300 квадрати и соби и спратови во кои не сум ни влегол како што беше случајот, пали гаси моментот за мене е бесценет. Еве ти слика од пред две минути позади, не вадат црево да си измијат прозор на втор спрат, си најмил некој бидејќи можеби кај тој што мијат денес коси на друг тревата како работа од која јаде, а викендот и двајцата одмарат бидејќи во Понеделник и двајцата ќе имаат работа. Притисокот за хаусмајсторлукот во куќите е преголем. Не фала.
Ние имаме 70м2 куќа и 30+м2 летна кујна.
70км е еден стан, зошто да мислам за влага и покрив и изолација во толкава куќа? Ќарот во куќата е повеќе квадратура. Во зима значи ти е полошо од стан?