Соживотот во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување
Никогаш не е доцна да се признае својата заблуда, па така е и сос Најчевска...

Туку, не разбирам на кого му се обраќаат „брачата„ преку овој протест?
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Чудно. Кога Зајко го призна Косово таа на него му одработуваше агенда.

Заев го признал Косово??
Заев беше никој и ништо кога Македонија го призна Косово. Од каде ова?
 
Што оваа овака нагло смени страна ?
Нема сменето, само малку ѝ се јави аверзија кон ДУИ, откако Бујар Османи предвреме го отповика нејзиниот сопруг од позиција амбасадор во Чешка заради нерегуларности и бидејќи лажно ја претставувал сопругата (Најчевска) како "културно аташе" за да може и таа да се шета со него.

Па сега исфрустрирана од таа одлука, глуми нешто потресена од протестите на шошониве. А не беше потресена од нив кога пукаа во Диво Насеље и го држеа цел град во заложништво, туку тогаш ја обвинуваше полицијата дека употребува прекумерна сила и објавуваше стратешки позиции и слики од хеликоптери и воени возила.


НА СОПРУГОТ НА НАЈЧЕВСКА МУ ГО СКРАТИЛЕ МАНДАТОТ Амбасадорот по само 2 години вратен од Прага​

На македонскиот амбасадор во Прага, Сашко Тодоровски, му е скратен мандатот и тој е вратен во Македонија, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на онлајн брифинг со новинарите.

Како причина за оваа одлука Османи наведе слабостите во работата на Тодоровски.

– Имало констатирани нерегуларности во неговата работа, нефункционалност, лажно претставување на сопругата како културно аташе, непочитување на инструкциите од МНР и тоа е подолг процес. Процедурата за неговото враќање трае повеќе месеци – рече Османи.

Претседателот Стево Пендаровски веќе потпишал указ за отповикување на амбасадорот Тодоровски. Од Кабинетот на Пендаровски велат дека на почетокот на годинава Тодоровски писмено доставил оставка на позицијата амбасадор на РСМ во Прага.

Сашко Тодоровски беше вратен и од Стразбур, додека беше шеф на мисијата во Советот на Европа, а тој потег беше дочекан како обид на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ да ги замолчи критиките. Сопруга на Тодоровски е Мирјана Најчевска, екс претседателка на Хелшинскиот комитет, која е чест и остар критичар на власта.

Тодоровски беше и претседател на синдикатот на МНР, а амбасадор во Прага беше од март 2021 година.

Најчевска: Полицијата прави злосторство во Куманово
Еден од најжестоките поддржувачи на СДСМ и критичар на владата професорката Мирјана Најчевска денеска објави шокантни тези за полициската акција во Куманово, објави „Република“.

Во моментот кога во јавноста кружат информации за тешко повредени полицајци а шпекулациите велат дека загинале тројца полицајци Најчевска ја обвини владата дека употребила непропорционална сила против терористите кои што таа не ги споменува.

„ … Еве вака сега да ви кажам, ова е злосторство против цивилно население. За ова се оди на суд и се добива доживотен затвор. Почнувајки од извршителите се до министерката, и до премиерот и секако претседателот на државата. Ма нормални ли сте во густо населено место да испукувате гранати и да пукате од хеликоптери. Доле живеат луѓе. Ова не е воена зона туку градска населба.Ова е исто како некоја банда да се сокрие во градски ѕид во Скопје и да дојдат воени хеликоптери да по зградите. Некој ептен се заборави и за тоа треба дебело да плати“, напиша таа на својот ФБ профил.

Според неа акцијата на полицијата е злосторство против цивилно население. За акцијата во која со бомби автоматско оружје и снајпери се нападнати македонските специјалци таа бара судење и доживотен затвор за министерката Јанкуловска, премиерот Груевски и претседателот Иванов.
Иако јавноста веќе беше информирана дека куќите во кои биле сместени терористите од Косово и Јужна Србија се напуштени куќи, Најчевска бара да не се пукало со тешко оружје и употреба на хеликоптери. Најчевска бара некој да плати затоа што полицијата интервенирала во градска населба а не во воена зона.
 
Заев го признал Косово??
Заев беше никој и ништо кога Македонија го призна Косово. Од каде ова?
Кој беше на власт тогаш ?
Башка не знам ни која год е признаено.
Автоматски споено мислење:

Нема сменето, само малку ѝ се јави аверзија кон ДУИ, откако Бујар Османи предвреме го отповика нејзиниот сопруг од позиција амбасадор во Чешка заради нерегуларности и бидејќи лажно ја претставувал сопругата (Најчевска) како "културно аташе" за да може и таа да се шета со него.

Па сега исфрустрирана од таа одлука, глуми нешто потресена од протестите на шошониве. А не беше потресена од нив кога пукаа во Диво Насеље и го држеа цел град во заложништво, туку тогаш ја обвинуваше полицијата дека употребува прекумерна сила и објавуваше стратешки позиции и слики од хеликоптери и воени возила.


НА СОПРУГОТ НА НАЈЧЕВСКА МУ ГО СКРАТИЛЕ МАНДАТОТ Амбасадорот по само 2 години вратен од Прага​



Најчевска: Полицијата прави злосторство во Куманово
Па знаев дека е гомно од човек што треба што поврзо да цркне, затоа ме зачудија последниве 2-3 год патриотските испади што ги имаше по дебатите.
 
Последно уредено:
Последно уредено:
tonovi jazici vo ovie reklami, gollden igël im zasmeta :D
i zaborava deka kapitenot na reprezentacijata e albanec.
И него не треба да го има чим не пее химна, и не го кривам него, тренерите се ненормални што ги повикуваат.
 
Back
На врв Bottom