Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Како мислиш сме со краток ростер? Шо подразбираш под краток ростер ?
Па со една постава играме цело време.
Од новите играчи, еден го испративме уште непочната сезона, Котар и Колакович ги нема ни во состав последно, а Џелетович не е нинрегистриран на официјалната страна на ЕХФ, шо значи тој ќе биди испратен за брзо назад во Босна.
Од 7 нови играчи, само Серафимов и тек-тук Татар игра ама овој вториот исто како да не игра. Дали вкупно 3 гола има постигнато со се припремите а го најјавуваја како најголемо засилување.

Да е здрав и жив Фитиљо, да де крстиме во него, оти ако се повреди тешко нас ќе биди.

Очекував дека французинот ќе не засили за европските утакмици, ама ете се закочи и со него работата.
 
Мислам дека ова не би требало да е толку тежок натпревар, нормално ако излезиме мотивирани од прва минута и голманите ни се расположени.

Шпанците, барем од тоа шо го имам гледано, 80% од играта ја терат на 6 метри, крилата скоро па ич не ги користат. Ама тука мислам дека ни лежи одбраната. Ние имаме густуна назад и ако успејме да ја затвориме зоната, не знам колку шанси ќе имат да дојдат лесно до 6 метри.

Плус, ако играме 5-1 со Мирче или Павле напред, мислам дека можиме доста да им ја пореметиме играта. Не се баш научени на таква одбрана и на последниот натпревар шо го гледав, многу се губеа ко ќе им се смени ритамот и формацијата во одбрана.

Статистички, на првите три утакмици имат дадено 103 гола, а имат примено 108. Од една од послабите екипи во лигата примија дури 33 гола, шо кажва дека дефанзивно можи да се нападнат. Исто така, реализацијата од 6 метри не им е нешто посебно околу 70%. За споредба, ние сме некаде околу 90% од 6 метри. Од 9 метри исто така не им оди баш најдобро. Имам видено дека се околу 50%, односно 15/30, шо е прилично слабо ако се земи предвид колку значи шутот од дистанца.

Единствено шо ми е малку аларм се нивните голмани. Тука стварно имат добар процент и можат да му напрает проблем на секој ако фатат ден. Затоа реализацијата ќе биди многу битна и не смејме да им дозволиме лесни одбрани и контри после промашени зицери.

Кај нас, за разлика, имаме доста повеќе опции во напад. Фитиљо очекувам да биди двоцифрен, а тука се и Хенгиман и Павле, кои ако им тргни шутот можат да ја пукнат и од 9-10 метри без проблем. Очекувам и добра игра од пикерите. Ако се игра 7 на 6, најверојатно ќе одиме со Граховац и Самоил, а тука мислам дека можиме доста да ги мачиме. Со добра игра на линија и со трпение во напад, би требало да имаме начини да ги отвориме.

И уште еден фактор шо никако не би го потценил е атмосферата. Овие немаат играно пред ваква публика и ваква жешка атмосфера како шо ќе ги дочека во Битола. Ако од старт ги притисниме и трибините фатат ритам, можи уште во првите 10-15 минути да им влезе нервоза и да почнат да грешат. Таква атмосфера знај да те понесе, ама исто така знај и скроз да те изгуби ако не си навикнат на неа.

Сѐ на сѐ, мислам дека клучот ќе биди во одбраната. Ако ја затвориме играта на 6 метри, не им дозволиме лесни голови и голманите ни фатат некоја серија, мислам дека можиме да си напрајме многу полесен натпревар. Нападот ни има доволно квалитет и опции, само треба да биди дисциплиниран и да не брзаме без потреба.

Не велам дека ќе биди лесно, ама според ова шо го имам гледано од нив, мислам дека ако си го одиграме нашето и влезиме машки од старт, имаме сосема реални шанси да го контролираме натпреварот.
 
На секоја позиција сме покриени со по 2ца играчи, тоа што Лино си ги промаши засилувањата и нема доверба во истите то си е негов проблем . А дека имаме широк ростер имаме никој не го тера да игра со8 играчи ( а и реално сите поголеми екипи добар дел од натпреварите го играат со 8-9 исти играчи)
 
Знам дека Бојан рече дека нема да ги коментира трансферите, но сакам да прашам дали постои и најмала можност во Среда во составот да биди Нтанзи?
Знам дека целата таа работа е заглавена и веројатно последниот збор ќе го бараме во некоја постапка во ЕХФ или ИХФ, но дали постои некоја трошка за да се појави во Среда чоекот.
Иначе мислам дека ќе победиме во Среда без некој посериозен проблем. Така ми изгледа работата. Сепак ова е спорт и се е можно, ама мислам дека сме подобри.
 
Со Нтанзи е при крај работата за Среда не ама за наредни битни утакмици мислам ќе го имаме 90%

Две крила и леви и десни
Четири десни бекој
Два леви бекој
Три пикери
Котар, Колакович и Мирче средни( иако неиграт)
Три голмани

Во кој универзум е ова краток ростер??
 
Последно уредено:
Конечно дојде на ред ЛЕ и европските натпревари во Битола.

Реално, Ла Риоха не е противник за потценување, но мислам дека имаме капацитет да изиграме квалитетен натпревар и да се бориме за победа иако сме со краток ростер и без очекуваното засилување - Нʼтанзи. Најважно ќе биди да се влези концентрирано, да нема непотребни падови во играта и да се искористи домашниот терен.

Следната фаза не изгледа недостижно, но за пласман понатаму ќе треба да се освојат бодови и на гостински терен. Зато поддршката од трибините можи да биди многу важна, особено во неизвесните моменти на домашен терен.

Се надевам на полна сала, добра атмосфера и борба до последната секунда.

Само Пелистер!
Битолчани не одговараат позитивно на утакмиците кои следат, картите се видно поевтини според рангот на лигата, наместо во 1 ч. да се распродади салата, таа денес се уште е полупразна. Прва утакмица во ЛЕ оваа сезона, треба луѓето позитивно да се одразат према клубот, сепак бевме 3 год по ред шампиони, ама не му иди Барса или ПСЖ, па сторито нема да му крени рејтинг со Ла Риоха :sneaky:
 
80% e распродаена. До среда ќе биди soldout.
 
Мислам дека ова не би требало да е толку тежок натпревар, нормално ако излезиме мотивирани од прва минута и голманите ни се расположени.

Шпанците, барем од тоа шо го имам гледано, 80% од играта ја терат на 6 метри, крилата скоро па ич не ги користат. Ама тука мислам дека ни лежи одбраната. Ние имаме густуна назад и ако успејме да ја затвориме зоната, не знам колку шанси ќе имат да дојдат лесно до 6 метри.

Плус, ако играме 5-1 со Мирче или Павле напред, мислам дека можиме доста да им ја пореметиме играта. Не се баш научени на таква одбрана и на последниот натпревар шо го гледав, многу се губеа ко ќе им се смени ритамот и формацијата во одбрана.

Статистички, на првите три утакмици имат дадено 103 гола, а имат примено 108. Од една од послабите екипи во лигата примија дури 33 гола, шо кажва дека дефанзивно можи да се нападнат. Исто така, реализацијата од 6 метри не им е нешто посебно околу 70%. За споредба, ние сме некаде околу 90% од 6 метри. Од 9 метри исто така не им оди баш најдобро. Имам видено дека се околу 50%, односно 15/30, шо е прилично слабо ако се земи предвид колку значи шутот од дистанца.

Единствено шо ми е малку аларм се нивните голмани. Тука стварно имат добар процент и можат да му напрает проблем на секој ако фатат ден. Затоа реализацијата ќе биди многу битна и не смејме да им дозволиме лесни одбрани и контри после промашени зицери.

Кај нас, за разлика, имаме доста повеќе опции во напад. Фитиљо очекувам да биди двоцифрен, а тука се и Хенгиман и Павле, кои ако им тргни шутот можат да ја пукнат и од 9-10 метри без проблем. Очекувам и добра игра од пикерите. Ако се игра 7 на 6, најверојатно ќе одиме со Граховац и Самоил, а тука мислам дека можиме доста да ги мачиме. Со добра игра на линија и со трпение во напад, би требало да имаме начини да ги отвориме.

И уште еден фактор шо никако не би го потценил е атмосферата. Овие немаат играно пред ваква публика и ваква жешка атмосфера како шо ќе ги дочека во Битола. Ако од старт ги притисниме и трибините фатат ритам, можи уште во првите 10-15 минути да им влезе нервоза и да почнат да грешат. Таква атмосфера знај да те понесе, ама исто така знај и скроз да те изгуби ако не си навикнат на неа.

Сѐ на сѐ, мислам дека клучот ќе биди во одбраната. Ако ја затвориме играта на 6 метри, не им дозволиме лесни голови и голманите ни фатат некоја серија, мислам дека можиме да си напрајме многу полесен натпревар. Нападот ни има доволно квалитет и опции, само треба да биди дисциплиниран и да не брзаме без потреба.

Не велам дека ќе биди лесно, ама според ова шо го имам гледано од нив, мислам дека ако си го одиграме нашето и влезиме машки од старт, имаме сосема реални шанси да го контролираме натпреварот.
Bravo za analizata,za tie so gi nemaat gledano spancite,dobivame pojasna slika so ne ocekuva vo sreda.
Inace okolu sirinata na rosterot,na site pozicii imame po 2ili3 igraci,e sega trenerot zosto ne gi igra....
 
Жика ја анализира новата сезона на Ехф Европската Лига, вклучително и групата и тимот на Еурофарм Пелистер.

Не треба многу да се креваме во облаци, гледам и овие од ЕХФ не стегнале втори фаворити за ЕЛ o_O
Не треба да го силиме комарот, кој шо сака можи да си објавува, ама има и многу на ламарини шо тропат, според мене во никој случај не сме втори кандидати за трофејот....ама ај.....баш од вакви причини се пумпа атмосферата и големите очекувања после, носат големи разочарувања, за мене успех ќе е да се помини оваа група искрено, заебана е групата, во ништо не треба да сме така лесно убедени, за после така лесно да се плука и фрла со дрва и камења по се и сешто како години наназад....
Далеку сме од трофеи барем годинава, но барем целта е јасна на сите, да се напрај подлога на тимот и база на играчи на кои времето ќе покажи дека имаат шампионски амбиции, не како секоја година јово на ново, 5 замини, 6 дојди и тренери менваме ала Јунајтед во фудбалот.....
Нема повеќе шалабајзерски екипи, сите ти играт ракомет, реков и после ждрепката одма, дека за НАС НАЈДОБРО Е шо играме 1 коло баш дома против директниот конкурент за тоа 2 место, прво коло малку потценет противник, недоволни припреми, домашен терен, атмосфера, се бива и мора да се искористи, баш ни е 1 на 10ка распоредот, мора да се искористи домашниот терен, ни се толку боси Ла Риоха, добра анализа напрај членот погоре, мора да ги искористиме то шо примат многу голови, играат ран енд ган, па се надевам дека Лино до сега ги анализирал добро и ќе го најди решението, не смеј да му дозволи да си ја играат нивната игра, познати се по 36/7 гола да се распуцаат, секој гол за нас е БИТЕН, за после во следниот меч кај нив да не влегвме тука со калкулации толку ни треба, помалце, повеќе даени да се прават математики.....
Со Гданск после во гости треба да добиеме, ама треба и некако тие ми се како фенерџии во групата, Гумерзбах е друга димензија......
Ако се прашвам јас, сега со новиот формат каде 3 и 4 место од ЛШ, после се приклучуваат дирек во ЛЕ, сакам да бидиме 2 место и да поминиме група, па после нека се паднат скУпјанчињата во Европа Лига, па да види Европа и ЕХФ шо е право дерби....:cujte:
 
Не знам кој колку и како виде, ама ај да ве известам и за ова! Вечер во 20ч пред Спортската кој сака нека помини нека си земи членска карта Чекмбарска, со неа само ќе можи да се земаат карти за на Чкембарска трибина. Потег за поздрав, оти до пред тоа беше кој стигна зеде Чкембарска карта и место да седат на таа трибина тие си одеа по трибините наменети за обичната публика! Спортски поздрав и одиме да изгрмиме утре
 
Едно гооолемо браво за клубот и за луѓето одговорни за маркетингот, одличноо.

Ајде малце позитива, гледам уназад неколку страни се пиши за Нтанзи. Официјално е наш играч, од петок ќе има право на настап за Пелистер. Добивме одличен играч, кој иту како ни фалеше на среден бек.

Со среќа.
 
Back
На врв Bottom