Одбојка

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Денес последни 4 натпревари од групната фаза.
И Српските Арени дури на канал Арена 6 ќе даваат од 19: 00 Финска: Естонија и од 21: 00 дербито Италија : Словенија.
Немам Арена 6 каналот, ама се снајдов и ќе имам каде да го гледам дербито Италија: Словенија.
Арена М1 премиум од 16: 00 ќе пренесува Србија: Белгија, ама за овој натпревар имам и РТС 2 за пренос и секако кога можам избегнувам МК арените.
Грција: Словачка од 16:00 дури ниту долните Арена канали од број 6 до број 10 нема да ја пренесуваат.
 
Подобро ќе им биде на Бугарија да изгубат од Германија во 1/8 финалето, пошо има да бидат прегазени од Полска во наредната фаза. Се им е отворено на Полска до финале. Немаат шанси ни Србија ни Белгија ни Финска со нив. Словенија ќе се види денес до кај се против Италија , но чим без Леон едвај губат Пољаците нема шо да бараат другите таму.
 
Можеби, како гледачи и љубители на одбојка, ќе ви биде интересна оваа вест. На трибините на натпреварите на Бугарија во Софија за време на Европското првенство за маже, вклучувајќи го и натпреварот меѓу Бугарија и Северна Македонија, беше забележана српската одбојкарка Александра Узелац (веројатно една од најдобрите одбојкарки во Европа во моментов) како официјален гостин, како и Дерја Чебеџиоглу, одбојкарка од Турција. Таа е една од најдобрите играчки во моментов. Двете одбојкарки се во Софија за да ги поддржат своите дечки – бугарските одбојкари Симеон Николов и Денислав Бардаров (исто така меѓу најдобрите и најперспективните одбојкари во Европа во моментов). На фотографиите, Александра Узелац носи маичка на репрезентацијата на Бугарија. Ова се случи набргу откако се дозна дека уште една многу силна играчка на српската репрезентација – Хена Куртагиќ – е во врска со поголемиот брат на Симеон Николов, Александар Николов – можеби еден од најсилните одбојкари во светот во моментов. Ова е прекрасна вест за иднината на европската одбојка и за добрите односи на Балканот. За забава, ако сите овие извонредни одбојкари добијат деца, нема шанси генот за одбојка да не им се пренесе и ним. Прегледај го приврзокот 487026
Sakaat da zemat EU pasos po brza postapka
 
Толку од Бугарија.
Некои ги сметаа за сериозен кандидат дури и за титулата, јас нив не ги сметав ниту за освојување на еден од трите медали.
Ќе повторам 4 репрезентации отскокнуваат со квалитетот и ќе бидат освојувачи на медалите а тоа се : Полска, Италија, Франција и Словенија.
Останатите 20 репрезентации заостануваат со квалитетот, и ако некоја од тие 20 репрезентации стигне да освои медал тоа ќе биде не изненадување туку ќе биде сензација.
На ЕП во женска конкуренција 2 репрезентации отскокнуваа со квалитетот а тоа се Турција и Италија, на ЕП во женска конкуренција 4 репрезентации отскокнуваат со квалитетот.

Некои мислат дека во потенцијално 1/ 4 финале Украина ќе ја победи Франција.
Добра е Украина но Франција иако со изменет состав делува моќно.
Денес само 1 пренос од ЕП во одбојка, од 21: 00 на Арена 3 пренос од Италија: Данска.
 
...дефинитивно Италијанците не знаат да сервираат, ако изгубат од Финска е само поради тоа, ја дупнаа мрежата од сервис!
 
Македонија - Литванија во одбојка се деси на ЕП 2026. :LOL:
 
Македонија - Литванија во одбојка се деси на ЕП 2026. :LOL:


Не баш.
Финска во одбојка на ова првенство игра со исклучиво играчи родени во Финска, и тој играчот на позиција техничар Федор Иванов иако со такво презиме асоцира дека е натурализиран, тој е сепак роден на територијата на Финска, не е натурализиран играч.
И Александар Зверев во тенисот со презиме и потекло асоцира на потекло, ама е роден во Хамбург, Германија.

А Македонија во 2011 на крилјата на Лестер Бо Мекејлеб постигна извонреден вонсериски резултат, благодарение на натурализиран играч кој не е роден на територијата на Македонија.
Но дури и една Русија единствената титула на ЕП во кошарка како независна држава ја освои благодарение на натурализиран играч а тоа беше Холден натурализиран Американец.

Една работа почитувам кај трите балтички држави а тоа е што играат со свои играчи, не натурализираат играчи.
И Финска колку паметам не натурализираат спортисти.

Ок е со примерот на Вилфредо Леон, човекот е од Куба и едно време играше за одбојкарската репрезентација на Куба, но потоа тој се ожени со жена од Полска со која е уште во брак и поради тој брак доби Полски документи и се стекна со правото да игра за Полска. Значи Леон пак поради љубов и брак има второ државјанство и репрезентација.
Автоматски споено мислење:

...дефинитивно Италијанците не знаат да сервираат, ако изгубат од Финска е само поради тоа, ја дупнаа мрежата од сервис!


Потклекнаа на притисокот од домашен терен.
После освоен прв сет, добро им одеше и водеа и во вториот сет и испуштија да поведат со 2-0.

Се отвора патот за Франција да играат во финале и да ја освојат титулата иако играат со комбиниран и мешан подмладен состав, сепак им игра техничарот Антоан Бризар, за мене најквалитетниот техничар во светот.
Пишував во претходните страници дека Франција за мене е еден од 4 фаворити за титула или минимум медал на ова првенство, Франција со Полска, Италија и Словенија за мене беа фаворити. Италија испадна.

Словенија игра сосема солидно против Полска последниве 5 години, дури имаат повеќе успеси против Полска отколку што имаат одбојкарски велесили како Бразил и САД последниве неколку години.
Можно е Словенија да победи против Полска, ќе биде неизвесно полуфинале.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom