Имам размислувано за слична тема- дали во маркетите треба да се забрани продажбата на овошје и зеленчук. Од една страна пак се пласира производот, се има сигурен пазар, иако се прави препродажба. Од друга се уништува класичниот зелен пазар, па производот кој се пласира можеби е увезен.
Бит Пазар има див пазар. Почна со неколку пензионери, сега таа колона се протега 10тина метри. Не може да се помине, нелојална конкуренција, сите со торбите и кесите. Јасно ми е на сите дека дел од пензионерите имаат мизерни примања, дека им треба дополнителен приход, иако ова не се (класични) земјоделци, немаат голема количина производи, си вадат нешто од нешто. Ама не треба да се прави окупација на просторот, не треба да се прави нелојална конкуренција на овој кој држи и плаќа тезга. И секогаш можат да даваат пониска цена затоа што немаат дополнителни трошоци, ова не им е примарна дејност и веројатно имаат примарен приход во вид на пензија.
На препродавачите не им е место на пазар. Они нека си држат продавница, пиљара, па од таму нека ги пласираат производите. На пазарот во Бутел има еден голем препродавач кој држи неколку тезги, секогаш има сѐ од сезонските производи, цената му е повисока, но и производите му се подобри. Скоро се појави уште еден вонпазарен препродавач. Локалната продавничка ја спои со пазарот, со своите прозоводи.Пазарот е поделен, има класичен зелен пазар и дел за тракатанци. И има се помалку и помалку тезгаџии. Технички овие си држат дуопол. И пазарот е скап.
Треба да има и модернизација на пазарите, да бидат затворени, со некое греење и ладење, не мора луѓево да ги чувствуваат сите временски прилики и неприлики. Нека има и вентилација. Дел од пазарите, како овој на Бит Пазар, се затворени (технички полуотворени), потсредени. Овој во Бутел, иако е релативно мал, не е најсреден. Не сум шетал накај Драчево, Кисела Вода, читав дека имаат затворен пазар. Ни Зелен и Буњаковец не се баш најсредени, но состојбата се подобрува. Само, за жал, земјоделството умира.
Тезгата, која има симболична цена, мора да е за земјоделецот, за производителот, а не препродавачот. Вака избегнува данок, кирија и сметки. Бел бумбар за предлогот.