Убаво ја затеравме 1992 - со 10 филма и 7,6 просечна оценка. Штета што @PloTwist не ги изгледа неговите вообичаени 10, па да го дуплираме резултатот, ама и вака е добро. Одиме понатаму!

Патување 59: 1932 - 31.08-13.09.2026
Година дефинирана од Големата депресија во Америка. И покрај тоа, во Лос Анџелес се одржуваат Олимписки игри во кои за прв пат е воведено Олимпиското село и современиот подиум. Амелија Ерхарт е првата жена која го прелетува Атлантикот, од Њуфаундленд до Ирска. Започнала војната помеѓу Боливија и Парагвај. Сијамската револуција (во денешен Тајланд) ја руши вековната апсолутна монархија во земјата и создава уставен поредок и влада.
Во Холивуд, Дизни го снима првиот Техниколор анимиран филм, Flowers and Trees.
Во 1932 се родени: режисерот Франсоа Трифо, режисерот Милош Форман, Елизабет Тејлор, режисерот Андреј Тарковски, Омар Шариф, Анук Еме, Питер О'Тул, режисерот Душан Макавејев и други.
Починале некои од раните филмски ѕвезди, никој попознат.
На филм дебитирале: Ингрид Бергман, Кетрин Хепберн, Дејвид Нивен, Ширли Темпл и многу други.

Листа со сите филмови номинирани за петтите Оскари: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/5th-academy-awards-oscars-1933/

Инаку, убедливо најдобри
има во претходниот дел.