Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 55: Високото образование во модерното општество е преценето и претставува фрлање пари)

Високото образование во модерното општество е преценето и претставува фрлање пари

  • Вкупно гласачи
    52
Во моментов во Македонија, запишувањето на факултет ти е најнепрофитната инвестиција, да не речам поконкретно, да се запишеш на факултет и да инвестираш во тоа, ти е исто како да земиш парите за партиципација да ги запалиш. Ако размислам подобро, и не е баш исто. Вака ако ги запалиш барем ќе заштедиш на време....

Парите се најмал проблем во високото образование, сумите за партиципација испити итн се смешни. Поголем проблем е годините залудно потрошено време, професори што не се замараат само гледаат да ќарат некое евро плус од мито и на крај излегува кадар со диплома а скоро никакво реално знаење. Поарно после средно оди волонтирај во некоја фирма и работи бесплатно ама да имаш од кого да учиш, да можам да го вратам времето ни 5 минути не би потрошил на факултет одма во фирма каде што ќе можеш да учиш практични работи
 
Сметам дека високото образование е преценето за многу професии, но да се каже дека е целосно фрлање пари е претерување. Ако сакате да бидете лекар, инженер, правник или да работите во област каде што дипломата навистина е неопходна, тогаш таа очигледно има големо значење.

Се согласувам дека премногу луѓе се насочуваат кон високо образование без некоја очигледна причина. Поминувањето години на студирање и задолжувањето само затоа што тоа се смета за „нормален“ пат може да биде лоша одлука. За многу кариери, работното искуство, сертификатите, практикантската работа или стекнувањето специфични вештини можат да бидат повредни од самата диплома.

Проблемот не е во високото образование. Проблемот настанува кога тоа се прикажува како единствениот почитуван животен пат.

:D :D :D :D :D
 
Za kelner ili sanker ne vi treba visoko obrazovanie, pa posle cel den site da gi gledate na krivo deka ne rabotite po strukata.
A da, i za taksist isto ne vi treba visoko obrazovanie ;)
Точно, за таксист не треба диплома, по мое искуство со секој таксист, требаат најмалку 10, иначе не знам како успеваат да се експерти по се :D

Сметам дека високото образование е преценето за многу професии, но да се каже дека е целосно фрлање пари е претерување. Ако сакате да бидете лекар, инженер, правник или да работите во област каде што дипломата навистина е неопходна, тогаш таа очигледно има големо значење.

Се согласувам дека премногу луѓе се насочуваат кон високо образование без некоја очигледна причина. Поминувањето години на студирање и задолжувањето само затоа што тоа се смета за „нормален“ пат може да биде лоша одлука. За многу кариери, работното искуство, сертификатите, практикантската работа или стекнувањето специфични вештини можат да бидат повредни од самата диплома.

Проблемот не е во високото образование. Проблемот настанува кога тоа се прикажува како единствениот почитуван животен пат.

:D :D :D :D :D
Убаво не треба, ама еве по оутсорс индустријата, а и веќе по наши компании, за канцелариски работи ти вика минимум високо образование, а и некаде и назначиле, каде што улогата не е измислена, читај општак, туку нешто поспечифично ко сметководител.
И тука влагаш во catch 22, не ти треба диплома за да си научил нешто туку пемпеле за воопшто да те земат во предвид, макар имал и практично искуство 10 години повеќе од некој дипломец.
 
Точно, за таксист не треба диплома, по мое искуство со секој таксист, требаат најмалку 10, иначе не знам како успеваат да се експерти по се :D

Убаво не треба, ама еве по оутсорс индустријата, а и веќе по наши компании, за канцелариски работи ти вика минимум високо образование, а и некаде и назначиле, каде што улогата не е измислена, читај општак, туку нешто поспечифично ко сметководител.
И тука влагаш во catch 22, не ти треба диплома за да си научил нешто туку пемпеле за воопшто да те земат во предвид, макар имал и практично искуство 10 години повеќе од некој дипломец.
Тоа било така од секогаш и секаде, образование ти е класна поделба и гејткипинг. Со самото тоа што сите го имаат се губи вредноста.
 
Тоа е така, ама ако решиш да не го земеш, ти се намалува опсегот на можности за работно место, особено на почетокот. Затоа реков, catch 22, или ќе вложиш години и нешто пари во нешто што го има секој втор и повеќе, или пак ќе дадеш време директно на работа/пракса, но ако немаш пемпеле, поради тој предуслов да не можеш да си најдеш работа каква што сакаш.
 
De be so mi fali mene so sredno. Kukja imam, nivi imam, stoka imam, traktor i propratna mehanizacija imam i i kola imam. Kolku vi treba vas be za coek srekjen da bidi ?
 
Друг е муабетот тука, за млади луѓе збориме кој пат ќе фатат, иначе нема правила. А и никој не вика дека треба милиони за ќеиф, ја лично пола плата би дал за да ми дозволат да не сум на линија после пола работен ден, да го имам времето за мене. Вака го седам денот, ама буквално повеќе од половина денови ги постојам само, без причина. Ја сега би сакал повеќе време за да сум посреќен, ако мене лично ме прашуваш.
 
Rajatot pred se, jas da ti kazam ;)
 
Ако нема чиста , искрена љубов и интелегенција за некоја високо образовна професија тогаш нема воопшто смисла нити да се започнува. Прво имаме многу лош опшествен конструкт и стандард кој гласи "високо образование за секого". Ова е многу погрешна констатација и стартна точка, затоа што секој не е нити интелектуално близок нити пак има некоја искрена цел да постане и се оствари онака како внатрешно се чуствува. Ваков дури и ако освои било какво високо образование ќе е лимитиран и непрогресивен, неговиот мотив ќе биде "да се преживее" без некој конкретен напредок.
Второ, нашето образование има погрешен курикулум и не е наменето за самоманифестација, самоодкривање и автентичност на карактер туку прилагодба на опшествените стандарди. Затоа и на 30 години имаш снобови кој нити се зрели, нити знаат кој се нити што навистина сакаат, луѓе кој што изгубиле автентичност затоа што цел живот се прилагодувале на опшеството.
Избирот за високо образование треба да е личен и искрен избор, неизвалкан од "толку ќе заработувам, ќе бидам почитуван, ваков/онаков....". Само тогаш нема да биде фрлање пари, бидејќи секој избор ќе биде поради личен напредок. Додуше ваквите се и најуспешни, можеби не се сите успешни богаташи ама дефинитивно се најуспешни луѓе.
 
Избирот за високо образование треба да е личен и искрен избор, неизвалкан од "толку ќе заработувам, ќе бидам почитуван, ваков/онаков..
Образованието ти е почеток на остатокот на животот.... Барем треба да е. Прво и основно, не избираш само ти, те избираат според колку има слободни места на факултетот, каде што влијае твоето претходно образование, капацитет и така натаму. Па така ако многу луѓе сакаат да станат нешто конкретно, нема место за сите. Второ колку и да неќеш, општесвото те инфицира со "толку ќе заработувам, ќе бидам почитуван, ваков/онаков", пошто парите и почитта се неопходен дел од животот и главна мотивација. Трето 95% од луѓето, незнаат што сакаат, тоест не сакаат ништо конкретно за да важи тоа искрен избор.
 
Почитта и парите не ги ловиш ниту можеш да ги присилиш, туку се одраз на квалитет. Најквалитетниот е оној кој што се идентифицира со својата струка, тој е дел од нејзе а не обратното. Затоа имаш завршени но непродуктивни, работи колку да се заработи. Последниот пасус и ти кажува зошто е непотребно пренатрупано високото образование, зошто толку голем пад на квалитетот и зошто воедно толку дефицит на стручните и занаетчиските бранши. Сите мислат и се водат со премисата дека ако се заврши високо образование "со лесно и седење леб се заработува" и најголем проблем што истиот мајндсет го носат во опшеството.
Денес имаш дефицит на градежни рaботници, електричари итн, додека економисти,правници.. со лопата да ги ринеш.
Затоа велам, високото образование не е преценето туку бајаги потценето и доведено до граници да секој сељак се врши упис и секакви некакви дипломираа, а треба да е привилегија само за најпотенциалните и најквалитетните за да има некаков опшествен резултат.
 
... мислам дека треба ново контраверзно мислење, па поради отсуството на Ио ќе го назначам јас како последна што имав контраверзно мислење токму членот @faust.mephistopheles да го искористам неговото присуство на форумот!

Повели, задади ново контраверзно мислење!
 
Почитта и парите не ги ловиш ниту можеш да ги присилиш, туку се одраз на квалитет. Најквалитетниот е оној кој што се идентифицира со својата струка, тој е дел од нејзе а не обратното. Затоа имаш завршени но непродуктивни, работи колку да се заработи. Последниот пасус и ти кажува зошто е непотребно пренатрупано високото образование, зошто толку голем пад на квалитетот и зошто воедно толку дефицит на стручните и занаетчиските бранши. Сите мислат и се водат со премисата дека ако се заврши високо образование "со лесно и седење леб се заработува" и најголем проблем што истиот мајндсет го носат во опшеството.
Денес имаш дефицит на градежни рaботници, електричари итн, додека економисти,правници.. со лопата да ги ринеш.
Затоа велам, високото образование не е преценето туку бајаги потценето и доведено до граници да секој сељак се врши упис и секакви некакви дипломираа, а треба да е привилегија само за најпотенциалните и најквалитетните за да има некаков опшествен резултат.
Што има врска ова со тоа што го постираше претходно?

Капацитетот и љубовта кон нештото немаат врска едно со друго. Може некој од тие што ги кажуваш „секаков сељак“ многу сака да биде доктор и многу се пронаоѓа во таа струка, иако не го бива за тоа. А друг со капацитет се запишал да виде доктор ама тоа го гледа само како пари. Тој секаквиот сељак, иако има љубов кон тоа да биде доктор, едноставно не го бидува. А девалвацијата на образованието само направило таков неспособен да помине и да одлучува за човекови судбини. И генерално општите градежни и комунални работници, не се професии кои некој сака да ги работи, туку се израз на капацитетот на луѓето. Никое дете кога ќе го прашаш не сака да биде ѓубреџија, претежно сакаат да бидат адвокати, полицајци и доктори. А девалвација на образованието им го овозможило тоа на тие без капацитет да го вршат тоа. Нешто како златна рипка.

Значи девалвацијата на образованието нема никаква врска со бирање на струката според желба и љубов.
 
Back
На врв Bottom