Ракометот е таков спорт каде во секој момент може некој да се повреди и тука јас не гледам некоја посебна вина кај клубот.
Ако не бил тој турнир, ќе се случат на некој друг натпревар.
Еве и кај нашите противници има такви проблеми.
Кај Мелсунген знам Дани Душебаев не играше и уште некои играчи.
Нант вчера беше без Лагард на кој му починал синот...
Значи сите имаат натпревари каде недостасува некој играч поради одредени причини, само кај нас е проблемот што имаме многу краток ростер и тие отсуства доаѓаат повеќе до израз.
Едноставно не може да играме на толку фронтови со толку мал број на играчи.
Сега може тука да дискутираме колку дозволуваат финасниите на клубот и дали има простор за нешто повеќе, само тоа е сосема друга тема.
Овој состав на Вардар е склопен главно за домашно првенство и таму е нашата главна цел, а тоа што играме Лига на шампиони е само награда за освоената титула минатата сезона.
Од овие играчи во моменталниот состав, освен Малус, Валах и Георгиевски (кој нема некоја битна улога), сите останати играчи заедно немаат изиграно НИТУ ЕДНА МИНУТА ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ.
Споредете сега каква е ситуацијата кај Малсунген, Нант и Висла.
Нивните играчи имаат повеќе трофеи и медали на големи натпреварувања од нашите што имаат изиграни минути.
Доволно е само вчера кај Нант да погледнеме:
- Пешиќ има сребро со Хрватска на Светско првенство.
- Турна злато од Олимписки игри, сребро и бронза на Светско, злато и бронза на Европско.
- Бриет сребро и бронза на Светско.
- Одриозола и Тарафета сребро на Европско, бронза од Светско и Олимпијада.
- Гарсиандија бронза на Светско и Олимпијада.
- Габер бронза на Светско со Словенија.
Да не набројувам и кај Висла и Мелсунген, слична ваква е ситуацијата.
Во нашиот состав на прсти од една рака се бројат играчите што воопшто имаат настап на некое такво големо натпреварување, а не медал да освоиле.
Значи разликата во квалитет, искуство, финасии и се останато помеѓу Вардар и останатите три конкуренти е многу поголема од тоа што ние мислиме.
Не верувам дека имаме амбиции и во наредните сезони да менуваме нешто.
Баш напротив, мислам дека наместо да се надоградува овој состав како што многу луѓе тука очекуваат, ние наредната сезона ќе бидеме без најквалитетните играчи од оваа година.
За жал мислам дека ќе имаме многу повеќе ситуации како примерот на Горига од претходната сезона.
Толку дозволуваат можностите во моментов, сега е најбитно што повторно после четири години играме во Лига на шампиони и сме конкурентни на секој натпревар.
Вчера после натпреварот даваа изјави тренерот на Нант, Габер и Тарафета, сите беа воодушевени од атмосферата и со еден куп пофалби за нас како публика, тоа треба да го гледаме како наша најголема победа.