Фан клуб - РК Вардар

Треба и вие како и ние да се откажите барем од турнирот во Охрид, го играт како ЛШ финале да е и мават и за нив то не е пријателски натпревар се курчат на најако. Тој турнир треба да се избегнува и од Пелистер, Вардар и Алкалоид.
Која е потребата од тој турнир? Си го има тој во Струга, турнир со традиција.
 
Која е потребата од тој турнир? Си го има тој во Струга, турнир со традиција.
Потребата на партијата на власт и градоначалникот што сака да продава дека прави нешто големо.
 
Ракометот е таков спорт каде во секој момент може некој да се повреди и тука јас не гледам некоја посебна вина кај клубот.
Ако не бил тој турнир, ќе се случат на некој друг натпревар.

Еве и кај нашите противници има такви проблеми.
Кај Мелсунген знам Дани Душебаев не играше и уште некои играчи.
Нант вчера беше без Лагард на кој му починал синот...

Значи сите имаат натпревари каде недостасува некој играч поради одредени причини, само кај нас е проблемот што имаме многу краток ростер и тие отсуства доаѓаат повеќе до израз.
Едноставно не може да играме на толку фронтови со толку мал број на играчи.
Сега може тука да дискутираме колку дозволуваат финасниите на клубот и дали има простор за нешто повеќе, само тоа е сосема друга тема.

Овој состав на Вардар е склопен главно за домашно првенство и таму е нашата главна цел, а тоа што играме Лига на шампиони е само награда за освоената титула минатата сезона.
Од овие играчи во моменталниот состав, освен Малус, Валах и Георгиевски (кој нема некоја битна улога), сите останати играчи заедно немаат изиграно НИТУ ЕДНА МИНУТА ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ.

Споредете сега каква е ситуацијата кај Малсунген, Нант и Висла.
Нивните играчи имаат повеќе трофеи и медали на големи натпреварувања од нашите што имаат изиграни минути.

Доволно е само вчера кај Нант да погледнеме:
- Пешиќ има сребро со Хрватска на Светско првенство.
- Турна злато од Олимписки игри, сребро и бронза на Светско, злато и бронза на Европско.
- Бриет сребро и бронза на Светско.
- Одриозола и Тарафета сребро на Европско, бронза од Светско и Олимпијада.
- Гарсиандија бронза на Светско и Олимпијада.
- Габер бронза на Светско со Словенија.

Да не набројувам и кај Висла и Мелсунген, слична ваква е ситуацијата.
Во нашиот состав на прсти од една рака се бројат играчите што воопшто имаат настап на некое такво големо натпреварување, а не медал да освоиле.

Значи разликата во квалитет, искуство, финасии и се останато помеѓу Вардар и останатите три конкуренти е многу поголема од тоа што ние мислиме.

Не верувам дека имаме амбиции и во наредните сезони да менуваме нешто.
Баш напротив, мислам дека наместо да се надоградува овој состав како што многу луѓе тука очекуваат, ние наредната сезона ќе бидеме без најквалитетните играчи од оваа година.
За жал мислам дека ќе имаме многу повеќе ситуации како примерот на Горига од претходната сезона.

Толку дозволуваат можностите во моментов, сега е најбитно што повторно после четири години играме во Лига на шампиони и сме конкурентни на секој натпревар.
Вчера после натпреварот даваа изјави тренерот на Нант, Габер и Тарафета, сите беа воодушевени од атмосферата и со еден куп пофалби за нас како публика, тоа треба да го гледаме како наша најголема победа.
 
Миленко да не требаше да им организира подготовки во Италија ?
Многу го тупите и вие не требало силни подготвителни натпревари, ај со Ринија и Драчево нека играа....
Контактен спорт е нормално е повреди да имаш.
 
Вардар си изигра коректно со оглед на можностите. Можеше многу подобро, поготово во играта со пикер ама што е тука е. Уште кога ја добивме групата пишав дека е тешка. Нант беше најповолна опција од тој прв шешир, другите беа неповолни опции. Се одрази доста тоа што Мечка не играше. И за во напад, а посебно во одбраната. Од голманите не можам да бидам разочаран, бидејќи секако се далеку од ниво на ЛШ. Дечките пак се бореа и беа блиску да победат денес и тоа е за почит. Она што е различно со минатото е што Вардар знаеше порано да смири и да задржи водство, поготово кога од минус доаѓаше во позитива. Не сакам да зборувам дека немал среќа, секако Вардар и среќа не одат во иста реченица, туку повеќе дека им треба една присебност и една стабилност. Вардар знаеше доста пати да изигра бош утакмици со Кристијанштад, ама победуваше и личеше како без мака да ги добиваше тие утакмици. Далеку е дека се е од изгубено. Вардар комплетен може да изненади и на гости со борбена игра и малку повеќе фокус и присебност, па и на гости кај Нант дури. Нека продолжат да играат борбено, секој може да има лош ден, да останат здрави, резултатите ќе дојдат.
 
Миленко да не требаше да им организира подготовки во Италија ?
Многу го тупите и вие не требало силни подготвителни натпревари, ај со Ринија и Драчево нека играа....
Контактен спорт е нормално е повреди да имаш.
Играа 6 утакмици во 8 дена... Ова е нормално ?? Никој не сакал да игра во Охрид на турнирот . Да дополнам утакмиците се играаа на недела дена пред првата ЛШ утакмица и плус тука да го ставиме и Суперкупот во Гевгелија со Охрид.
 
7 натпревари вкупно во 11 дена, од 12-ти до 22-ри август. Три во Струга (Прилеп, Бутел, Охрид), па уште четири во Охрид (Олимпијакос, Нексе, Тримо и Охрид).
 
Играа 6 утакмици во 8 дена... Ова е нормално ?? Никој не сакал да игра во Охрид на турнирот . Да дополнам утакмиците се играаа на недела дена пред првата ЛШ утакмица и плус тука да го ставиме и Суперкупот во Гевгелија со Охрид.
Минутажата рамномерно беше поделена, или главните играчи играа по 60 минути како вчера ?
Стручниот штаб не сакал или играчите да играат ?
Освен тие 5 6 играчи што играат нон стоп на поважните натпревари има и други играчи што треба да пробаат да се воиграат и да фатат приклучок со останатите. Не е исто одбрана да играш на тренинг и на натпревари против различни протовници, концепти и типови на играчи.
Да изиграа само еден подготвителен турнир сега реферати ќе се пишуваа овде како малце подготовки имале, како не можеле да се воиграат играчите. Па малце минути изиграле затоа на крај паднаа...
Чупич што 30 и кусур години е во ракометот не знае како треба, ние овде што сме гледале ракомет знаеме повеќе.
 
Висла го тепаше Мелсунген дома, така што веќе сериозно ни се насмевнува 4-тото место во групата :D
Не сакам да испаднам дека сум нереален ноо верувам во борба не е изгубено ништо може ќе направиме круг Мелсунген Висла и ние
 
Среќа имаа на крај и ја свртија, Мелсунген водеше цела утакмица

Секој секого може да победи дома/гости во групава, доста тесни утакмици се изиграа. Висла се опасни по левата страна и даваат најмногу голови од таму - Косоротов и Бјере двајцата се брзи и лесно пробиваат одбрани, но како екипа не се непобедливи, имаат големи дупки во одбраната.

Ова не е навивачки, стварно така е

Нашиве мора да се организираат и со паметна игра да го диктираат резултатот од старт.
Они за 2 минути сакаат 5 разлика да направат, тоа е најголемата грешка што се брза непотребно
А со вакви екипи ни требаат сигурни голови за постепено да се одлепиме.

Ќе биде со Висла дома/гости, таман да си ги фрлите анализите во канта :D
 
Се знае која е силата на Вардар и колку се може во ЛШ особено сега со ваков формат а со каков ростер се располага и кои финансии. Значи секоја победа е злато вредна и мора да се размислува во наредниве години да се доведе тимот до состојба каде што ќе биде компетитивен и на високо ниво константно. Претенок ростер и дискутабилен квалитет на голманската позиција која за мене можеби во 2те најбитни елементи за успех. Добро е овде да се проба нешто што може да се направи и во ЛЕ да се проба да се брка Ф4.
 
Znaci da ne se lazeme sekoj saka da pobedi i da bide sampion:D.Ali realno kolku nie sme gladni za vakvi nastani?Epa mnogu bogami,uste na start se vide na kade ke ide atmosferata u sala.Pa i u najdobroto vreme na Vardar ke se najdese da rece decko sedi be.E sega bogami NE 60 min na noze,bravoo.Porakata e ispratena po koj znae koj pat.Se vrativme kaj sto ni e mestoto i ke grrmime uste pojako.
 
Минутажата рамномерно беше поделена, или главните играчи играа по 60 минути како вчера ?
Стручниот штаб не сакал или играчите да играат ?
Освен тие 5 6 играчи што играат нон стоп на поважните натпревари има и други играчи што треба да пробаат да се воиграат и да фатат приклучок со останатите. Не е исто одбрана да играш на тренинг и на натпревари против различни протовници, концепти и типови на играчи.
Да изиграа само еден подготвителен турнир сега реферати ќе се пишуваа овде како малце подготовки имале, како не можеле да се воиграат играчите. Па малце минути изиграле затоа на крај паднаа...
Чупич што 30 и кусур години е во ракометот не знае како треба, ние овде што сме гледале ракомет знаеме повеќе.
Ниту Чупич сакал да играат на турнирот во Охрид ниту играчите... наметнато е како што пишав и првиот пат.
 
Back
На врв Bottom