ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.981
- Поени од реакции
- 57.828
- Возраст
- 35
Тешко е без ротација и веројатно нема да пројдеме, ама ако Висла изгуби утре и следната со нас, тогаш еднакви се шансите за нас и за нив
Не е нешто невозможно бидејќи тесни се утакмициве до сега
Нант играше четвртфинале и освои трето место во претходните две години, додека Висла тоа не го помириса. Во директен дуел изгубија од нив, многу рано е со бело знаме да излагаме
И јас имав некое чувство дека ќе изгубиме денес, затоа ништо не искоментирав пред утакмицата.
Тоа е што е, испуштивме голема шанса денес и додатно си искомплициравме за понатака
Реално, вечерва ротацијата не беше проблем, сите четири бека до крај беа на потребното физичко ниво.
Малус беше изгубен уште од старт. А можеби и ние превише очекуваме од него, да биде незаменлив лидер на тим во ЛШ. Он премногу ме потсеќа на Карачиќ. И Кара беше таков, сам не можеше да влече, му требаа Циндриќ а потоа и Скубе за помош. Исто му треба сега помош на Малус за да може да влече на максимум.
Ќе видиме дал ќе му биде тоа Фадуил, кој според мене е превише критикуван. Љевар и Абделах се plug n play играчи, у каков тим и да ги ставиш ќе распуцаат, барем сами ќе се кренат на шут, овој е подруг и треба да се прилагоди на тимот. Да не заборавиме дека практично досеа нема играно со пикер у тимот, пошто Јанко е веќе знаеме скроз лимитиран у напад.
Исто, да не заборавиме дека тимот сезонава во ЛШ досеа игра со речиси комплетно нова бековска постава. Три нови бека не се уигруваат така лесно. А овие имаа 20+ гола заедно денеска, што е фантастично.
Но да општо ротацијата на почетокот на сезонава останува еден од трите главни проблеми што ги имаа лани.
Вториот е слабата одбрана, овие денеска се изнашетаа у внатрешна линија со прелесни голови од пикер и крило.
Третиот е - УБЕДЛИВО најслабата позиција во тимот - леворкрилната, кај што имаш двајца полуаматерски играчи кои те коштаат многу.
Штета што вечерва и покрај се, победата се смешкаше и бар еден од трите фактори (судии, зицерите на Малус, одбраната) да беше на наша страна, ќе се победеше.
За Висла и јас мислам дека се малку преценети.