Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Ај што не заслуживме 3 бода не заслуживме. Прашање дали и еден заслуживме.
Ама како во "најдобрата" лига во светот. Со цела видео технологија, ова не е пенал.

Најкорумпирана лига во светот е Премиер Лигата. Италјаните може вода носат. Овде со сила те прават слеп.
 
Чист пенал си беше, минатата со Арсенал имаше исто доста дискутабилни одлуки.

Настрана судии Челзи прима премногу голови, а одбрана е таа што донесува резултат, ми излезе податок дека Челзи последниве 20 натпревари во пл нема чиста мрежа. Последната е со Брентфорд 17/01 /25 баш сега погледнав.

Мекфее е високо рангиран тренер за прекини, а со таков тренер невозможно е да немаат работено сценарио на поставеност, но Челзи остави сам играч на 16 метри, по дифолт некој го нема следено планот.

Се пробаа доста различни комбинации и без разлика Челзи пак прима голови значи тоа е недостаток на квалитет.

Џабе ние тука збориме дека Алонзо премногу користи дефанзивни играчи, формацијата со 3 позади мора да ја тера цела сезона, Фофана и Колвил сами никако Лакроа мора да е помеѓу нив.

Густо нека ја изгура сезонава и што подалеку.

Исто и Мартинез вчера беше лош, како така оглупават голманиве кога ќе дојдат во Челзи не ми е јасно.
После Чех немаме асален голман, Куртоа исто знаеше да направи некоја глупост.
 
Нема спас освен Каиседо и Палестра да се вратат со Брентфорд.

Овие што ги имаме како 6ки се минус. Не може Барко, Џејмс и Густо да ти играат средина...

0. Средината ни е 0. Не е дека и Хато не се изгуби ама без средина немаш одбрана.

Се надевам дека Палестра и Каиседо ќе се вратат па да не го гледам ни Густо ни Барко.

Барко ај за него уште е прва сезона, игра со Густо до него, до некаде ќе оставам да се вклопи, ама Густо мора што побрзо да го продадат.

Нето пак истите финти, трча како коњ а нема мозок да заврши акција. Неколку контри засера затоа што трча, ќе види играч пред него, запира, знае дека треба да размисли и одлуката му е додавање назад или лево, никаква креативност како крило нема.

Добро е што Алонсо не ги остава многу, правиш грешка, леташ, нема трте мрте.
 
Шпекулации за Бастони.
И prime Тери и Малдини може да ни се двојка позади пак ќе е џабе кога немаме средина. Мора да се донесе некој што ќе му помага на Каиседо.

Очигледно Барко, Густо, Џејмс и Лавија не се за прв тим како средина.

Ако може Скот да го соберат од Bournemouth што е можно побрзо ќе биде добро. Сите други со кои што не споредуваат се Бакајоко 2.0.
 
Ја би сакал Адам Вортон од Палас.
Каква прегледност и пасови со овој напад би бил идеален. Плус крупен добар у воздушен дуел.
Скот е технички подобар знае да дрибла и да повлече напред ама мислам дека такви играчи имаме ама како Вортон такви пасови да додава напред немаме
 
Со 4-3-3, редовно ќе играат. И од топ 6, само Челси и Ливерпул немаат скоцкани средини, така конкуренцијата не е голема.

Со што нема да бидат малку пари, плус ќе се оди и на стопер. Сем ако еден би се донел во јануари, а друг на лето. Но мислам дека Ливерпул се во пол позиција за Скот поради Ираола.

Скот 100% си оди наредно лето, тоа е виде и по зборовите на тренерот. Вортон игра во крш тим, тоа може да се одрази и во неговата форма. И едниот и другиот ќе бидат +80 мил.
 
Останавме со 1 природен играч од средниот ред. Добро, двајца, ама од кои едниот е прашање на време кога ќе се повреди. Ги продадовме Сантос и Енцо, а за нив замена не купивме. Вортон и Скот би било идеално, еден во јануари друг на лето. Пари секако имаме и трошиме. Мислам дека во јануари ќе се пазари играч од средниот ред.
 
Освен Каиседо друг играч во средина нема.
Лавија неможе 90 мин да изигра, Џејмс принудно е таму, Барко е неискусен, како и да е сите овие 3 ќе добијат шанса сезонава па ќе знае што понатаму.

Треба да се рачуна догодина и на европски утакмици, треба ротирање.

Јас сум исто да се земат двајцата Скот и Вортон, и Муриљо и Бастони.

Еве го Арсенал колку играчи има во средина, Пеп кога беше прајм Сити исто имаше еден куп играчи во средина.

Друга позитивна работа е баш што Скот и Вортон не се исти тип на играчи, па во зависност од натпревари и ситуација ќе се добие разноврсност.
Вортон може и дм да игра ,Каиседо неможе цела сезона да одигра без одмор.
Автоматски споено мислење:

Како стои ситуација моментално во клубот со Алонзо се гледа дека политиката е сменета, проектот е сосема поинаков, има квалиететен костур, не би имало проблем да се привлечат овие 4 играчи.

Сега кога Сити во едно лето можеше да потроши 400 мил на средина може и Челзи да ги купи Скот и Вортон
 
Последно уредено:
Со 4-3-3, редовно ќе играат. И од топ 6, само Челси и Ливерпул немаат скоцкани средини, така конкуренцијата не е голема.

Со што нема да бидат малку пари, плус ќе се оди и на стопер. Сем ако еден би се донел во јануари, а друг на лето. Но мислам дека Ливерпул се во пол позиција за Скот поради Ираола.

Скот 100% си оди наредно лето, тоа е виде и по зборовите на тренерот. Вортон игра во крш тим, тоа може да се одрази и во неговата форма. И едниот и другиот ќе бидат +80 мил.
Тешко дека Алонсо ќе игра 4-3-3

За Вортон можно е и Реал да се вмеша. Иако самиот играч преферирал да се врати на северот од Англија.
Проблемот со него е што нема некоја брзина нити цврстина, ама пасовите му се перфектни. Мора да има играчи до него што ќе му помагаат дефанзивно.

Скот на лето ќе има една година договор и би требало да е поефтин.
Не знам дали Ливерпул воопшто ќе оди по него, ќе видиме кој им е планот. Игра улога и платата што би ја барал нели, веројатно ќе сака да се офајди.

А ќе видиме што ќе се случува и со Ламин Камара. Мене не ми е по ќејф ама барем од досега тоа што гледам и што кажуваат друго што повеќе го пратат, дечкото делува импресивно
 
Пак ќе кажам, и Бакајоко делуваше ок па на крај да видиме што се случи. Не ни треба ни нов Бакајоко, ни нов Есуго, ни ноб Лавија.

Скот или Вортон се идеални за Челзи, со еден од нив средината ќе се подигне едно ниво погоре а со двајцата ќе е коска.

И двајцата играат во ПЛ, двајцата се одлични во нивните тимови. Било кој од нив лабаво влегува во прва 11ка во Челзи.
 
Back
На врв Bottom