PloTwist
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 13.572
- Поени од реакции
- 30.823
ДК,
После 13 години, сакам, на кратко, да те пуштам во мојата спална соба.
На форумов имам постирано 100тина слики поврзани со книги, саемски попусти, попусти во најава, што имам купено, па и секвенца од моето работно биро, кое оди во позадина на секоја моја поднова.
Денес, со тебе, ќе споделам дел од мојата библиотека, ова е мојата најголема полица, воедно и најнова. Во спалната соба имаме уште 5 помали, плус оние на работното биро. А низ домот умам уште десетици.
Љубовта кон книгата, мојата прва љубов во животот, знам нрд, ми ја засади мојот дедо, кој ми остави неколку илјади книги во наследство. Но жарот за читање го добив некаде прва година средно, претходно читав претежно лектири изданија и некоја детска литература. Фантазија, научна фантастика и по некој класик. Потоа хоризонтите ми ги отвори мојата тогашна наставничка по македонски јазик и литература.
Релативно млада жена, и многу зборлеста. Ми предаваше само првите три години. И бев мини проектче. Сите испрашувања започнуваа од мене. Знам еднаш дека требаше да напишеме некоја песна, на самиот час, напишав нешто, и ми го собра! Го читала пред сите ученици, во сите одделенија во кои предавала тој ден! Фантастичен мотиватор, имав ретка 5ка на матура во тоа средно училиште.
И еве, после децении, оваа љубов сеуште зрачи во мене. Ја гледам не само како себевложување, туку како вложување и во културата, да се преведуваат и носат нови наслови, да живее издавачката дејност во оваа држава, која е ограничена на говорно подрачје, односно станува збор за мал пазар, а селективноста е уште поголема кога ќе се увиди дека таргет-публиката им е мала затоа што не многумина читаат, плус и од оние кои читаат, треба да им се допадне конкретниот жарн, наслов или писател.
Читањето, денес, повеќе ми е хоби отколку пасија. А собирањето книги си е засебно хоби од читањето.
Ме радува и што се чита на форумов, иако активното членство е драстично опаднато од пред 10 години. Поради тој подфорум пристапив на овој форум. Криво ми е што слободното време ми е лошо прераспределено, па последниве години и не се дружам многу во мојата прва љубов.
Читајте повеќе книги!