Нема потреба од толку да се залетуваме.
Прв натпревар беше, мотивацијата да се докажат е голема, не се суди за квалитетот после еден натпревар.
Ќе видиме како ќе оди понатаму.
Не би се расфрлал со изјави како ќе се прошетаме до титула, затоа што факт е дека составот е тенок и со уште една повреда, чао папа.
Не е веќе форматот на лигата да можеш да си го ладиш до февруари и тогаш да се спремиш за главниот дел, туку еден пораз во овој дел може тотално да те измести од лежиште.
Како што ние игравме мотивирано денес, така и Пелистер/Охрид/Алкалоид ќе играат со нас. Свежината денес беше на наша страна затоа што е старт на сезона и иако играа 60 минути истите играчи, не се осети уморот. Ама ако продолжат истите да играат цело време, подруга ќе биде приказната за 2 месеци. Истиве ќе треба да играат по 60 минути на сите важни утакмици. За Бразил нема никакво инфо, Мечка некако бавно се враќа и сигурно уште месец-два нема да е скроз фит. Митро бар ќе покрива во наше првенство.
За да се надмине она "ЗА МАЛКУ" си требаат играчи и најкриво ми е што со уште 1-2 добри засилувања стварно ќе се прошетавме во лигата и ќе бевме многу поконкурентни во Европа. А верувам дека финансиски можевме да дозволиме.