Фан клуб - РК Вардар

Lani koa dojdoa melsungen u Jane se cudea nemozea da svatat kaj se,taka ke bide i godinava.Ako igraat deckive u jane kao so igraa na gostinski teren ke gi tepame bez razmisluanje.Ko sea se sekavam ovoj na krilo ignatow se poklonuase na publika ne mu se veruase kakva atmosfera ima u jane.Site vo sala na 16ti.
 
Која будала може да хејта после ваков меч. Ова се натпревари од највисок левел каде е пеколно тешко да се игра. Имаме засилувања кои дебитираат со настапи во ЛШ, а реално прикажаа маестрални партии. Посебно Љевар и Абделхак кои скоро цел меч одиграа напред назад. Останува да жалиме што некој клучни моменти мораше да ги решава Анастасовски и во напад и во одбрана. Радува овој перформанс, бидејќи донесе голема самодоверба кај Љевар и Абделхак, Воркапиќ е препороден, така да да се надеваме на брзо враќање на Мечка и Педро и можеме да се фајтаме со секој, посебно на домашен терен. И кога се губи бар да се губи фајтерски и со стил , а не да бидеме швајцарско сирење. Браво за сите момци, и со Нант во Јане да експлодира салата и уште појако од денес!
 
Играше утна зицер у прво :) ама талентов Југо рече Кеита промаши
Се пали на Симиќ ко роден брат да му е... Коментира ко да играат две МК екипи, па као неутрален е... Цццц
 
Се пали на Симиќ ко роден брат да му е... Коментира ко да играат две МК екипи, па као неутрален е... Цццц
Па вие кога гледате на македонската, место на српската Арена ќе му берете гајле на Југо.
Инаку, играње со муда. Секоја чест на дечките. Без респект. Само така може да се игра ЛШ. Со Нант да крца Јане.
 
Машки одиграно и дебело над моите очекувања!

Искрено мислев дека ќе не тепаат со многу поголема разлика и натпреварот ќе биде решен уште во прво полувреме.

Штета што бевме без Мечка, плус Малус и Валах од кои можеби најмногу се очекуваше немаа свој ден.

Браво за Гогов, тој беше клучен за враќањето во игра, заслужува да биде цела сезона во составот.
На крај ќе испадне и дека џабе го земавме Бомаштар, многу подобро ќе беше со тие пари да донесевме уште еден бек или пикер, баш за вакви натпревари ќе ни беше многу од корист.

Со ваков пристап дефинитивно ќе имаме што да кажеме на наредните натпревари.
Големи се шансите групава да биде лудница до последно коло, секој може секого да победи.

Следен натпревар против Нант на домашен терен, нека се спрема вулканот за ерупција, одиме по прва победа!
 
Бековите ни изгинаа во два правци, штета што 40-на минути бевме без голман. Има простор за напредок индивидуално, а со покомплетен состав и поголема ротација и одбраната ќе биде посигурна до крај. И секако вечната болка во ракометот - стабилен голман, без тоа ќе ни треба перфекција на сите други позиции за победа во групава. Сепак и покрај поразот треба да сме задоволни од пристапот, желбата и борбата до крај. Ќе расте екипата, ќе дојдат и победите. Напред Вардар!
 
Невоиграноста не кошташе поволен резултат вечерва, али се на се изиграа јако, дрзко, без респект, браво.
Ја осетија лигата на шампионите.
Радува тоа што кога почнуваа да паѓаат, не се распаднаа, а се вратија.
Абделхак и Љевар се страшни бекови.
Со ваква игра ќе се прошетаме до домашна титула.
 
Нема потреба од толку да се залетуваме.
Прв натпревар беше, мотивацијата да се докажат е голема, не се суди за квалитетот после еден натпревар.
Ќе видиме како ќе оди понатаму.
Не би се расфрлал со изјави како ќе се прошетаме до титула, затоа што факт е дека составот е тенок и со уште една повреда, чао папа.
Не е веќе форматот на лигата да можеш да си го ладиш до февруари и тогаш да се спремиш за главниот дел, туку еден пораз во овој дел може тотално да те измести од лежиште.
Како што ние игравме мотивирано денес, така и Пелистер/Охрид/Алкалоид ќе играат со нас. Свежината денес беше на наша страна затоа што е старт на сезона и иако играа 60 минути истите играчи, не се осети уморот. Ама ако продолжат истите да играат цело време, подруга ќе биде приказната за 2 месеци. Истиве ќе треба да играат по 60 минути на сите важни утакмици. За Бразил нема никакво инфо, Мечка некако бавно се враќа и сигурно уште месец-два нема да е скроз фит. Митро бар ќе покрива во наше првенство.
За да се надмине она "ЗА МАЛКУ" си требаат играчи и најкриво ми е што со уште 1-2 добри засилувања стварно ќе се прошетавме во лигата и ќе бевме многу поконкурентни во Европа. А верувам дека финансиски можевме да дозволиме.
 
А добро што повреда има Мечка пак рамото или нешто друго е?
Автоматски споено мислење:

Се пали на Симиќ ко роден брат да му е... Коментира ко да играат две МК екипи, па као неутрален е... Цццц
леее баш така беше во право си :D
 
MT me razocara mislev se mn podobri ili mozda nie sme jaki..?
Se plasam deka Nant I Wisla ke tepaat tuka I ke ne zeznat.
Denes falese rotacija falese i poseriosen pristap na momenti da ne se pravat gluposti. Valah porano da bese smenet.
 
Задоволен, иако добив нервен слом на тие две промашени шанси..

Како и Сајбер, би кажал исто дека не треба да се опуштаме и да мислиме дека во Јане сите ќе паднат.. да не летаме многу иако сите би се согласиле дека ова е одлично издание

Тешка група е, можеме да поминеме понатака, само мора уште посериозен пристап, особено од стручниот штаб кој не смее никако да дозволи да остануваме кнап како денес.
Бидна што бидна со тие турнирчиња, идеме понатака

Љевар и Абделхак покажаа зошто се донесени, Малус изигра за нив - одличен потег од страна на Чупко, тоа и очекував!

Во еден момент играа со четворица бекови, исто потег за пофалба. Уште еден бек и може да кажеме дека сме доста солидни на таа линија.

На Валах не му беше денот, мораше порано да го извади и да го стави Гогов.

Мечка и кариоката ни требаат ОДМА назад, не чекаат пеколни 5 утакмици!

Еве и со Нант вака да истераме, не е страшно. Ама после мора ротација иначе темпото од овие утакмици ќе си го направи своето

За Вукашин нема што да се искоментира, изгази.

Напред Вардар
 
Сите замерки се кажани. Реално ова беше над моите очекувања па не можам да замерам. Дека имав надеж за повеќе како се развиваше мечот, имав. Но мора да се биде задоволен од ова.
 
Back
На врв Bottom