Барко има енергија детето, онака да го крене тимот, очигледно е дека му требаат минути за овој левел, имаше грешки што е нормално, но како одминуваше натпреварот се повеќе беше концентриран и желен за топка и игра. Баш ми е мило што постигна гол.
Чевариа исто не престана да трча, типична бековска експлозивност и енергија.
Не може да му се замери до сега на Алонзо не зафркавајте еве кого да пушти во среден ред, неможе Вилиан да игра мц или Роџерс, поготово во оваа формација каде што 6 и 8 се одговорни позиции и треба трчање, дисциплина цело време.
Каиседо е повреден, Џејмс и Лавија неможе да се играат константно и цел натпревар, Хендерсон е аут.
Колвил и Фофана не се спремни за 90 мин, Анчемпонг е солиден ама е дете, што ќе прави грешки.
Составот нема баланс, поготово не за оваа формација на Алонзо има доста позиции на кои има само еден играч и толку.
Ќе треба и време да се уиграат Фофана, Анчемпонг, Лакроа и Колвил, да набилдаат фитнес Фофана и Колвил и да се молиме да немаме повреди.
Уигрување помеѓу Каиседо и Џејмс.
Сево ова е процес, ми се допаѓа што Челзи игра директен фудбал со Алонзо и самиот Алонзо знае какви профили на играчи му треба во составот, затоа и немаме мачење со адаптација на Лакроа и Роџерс.