Не би рекол. Највисок животен стандард по глава на жител во свет е во Европа. Економски е единствена унија која може да им парира на САД и Кина (и по број на популација, и по инфраструктура и тип на индустрии кои ги поседува). Не е ЕУ воена унија, него е економска со слободно движење на народ, капитал (пари), стока и услуги. Не си ставаат царини, за да соработуваат економски им се исплати, и тргуваат како една држава. Има делови каде ЕУ потфрла, али тоа не значи дека мора да се напушти како проект. Ако алтернативата е дека дваесет и кусур членки треба да тргнат по свој пат, прашањето ми е: со тие мали пазари, мал број на купувачи, како ќе конкурираат на мега-гига големи економии како САД и Кина? Не гледам свет каде Германија или Италија, Естонија или Шпанија, како единечна држава може да конкурира економски на било кого. Без единствен пазар, ќе бидат раситнети.
Ти зборуваш за инвестиции, јас ти зборувам за трговска размена. Ова подоле е наш извоз. И 3 пати да се намали извозот поради рецесија во Германија, пак се прва држава кон која извезуваме стоки и услуги, факт е дека ни требаат како пазар и сакаме да имаат куповна моќ. Дали ќе им оди надоле економијата горе? Се разбира, али во зависност од тоа колкава криза ќе имаат горе, толку ние тие ефекти ќе ги осетиме во Македонија. Друго, статус на економија е менлива работа, тоа што сега се во проблеми, не значи дека идат низ одвод и нема да се вратат, него е моментална состојба (што ќе следува ќе зависи од нив). Како и секоја економија што има падови и успони, така и они. Во моментов со сите проблеми се трета економија во свет (после Кина и САД, како поединечна држава, која тргува во рамки на ЕУ). Прашањето е што им е во нивен интерес? ЕУ им е пазар од кој имаат ќарено повеќе веројатно од најголем дел од земјите и ако излезат од ЕУ и ја распаднат унијата, ќе си пукаат во колено пошто тоа им е извор и на пари и на политичко влијание. Проблемите со ЕУ би биле помали за Германија, него проблемите без ЕУ, како што примерот на Британија ни покажува.
Прегледај го приврзокот 486783