Проблемот со преголемата и неефикасна администрација е што државата станува зависна од високите даноци и акцизи за да ги покрива буџетските трошоци. Кога јавниот сектор е преголем, намалувањето на даноците и акцизите станува речиси невозможно, бидејќи нема кој да го надомести буџетскиот дефицит. Затоа владата треба да биде помала, поефикасна и поодговорна, за граѓаните и компаниите да бидат помалку даночно оптоварени.
Не е важно дали е ВМРО, СДС или Левица. Ако ги намалат акцизите, ќе треба повеќе да се задолжуваат за да ја покријат буџетската дупка. А потоа исти тие ќе бидат критикувани дека ја зголемуваат задолженоста.