Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?


  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
https://www.facebook.com/reel/1747761200688986

Извадена од контекст е изјавата на Ројевиќ.
По овие "прашања" на квази спортските новинари ќе се види на кое дереџе ни е спортот во државата.
Ништо не кажа Ројевиќ за судиите.
Непрофесионални, наведувачки прашања на "новинарот" , и паметно направи Ројевиќ шо не му одговори.
Тоа е во однос на изјавите.
Ама, неговиот перформанс на терен вчера беше различен од изјавите, кога трчаше со картончето, плачеше кај делегатот, коси корнеше.
Тоа е веќе друга приказна, и не му доликува на тренер што освоил 2 евротитули така да се однесува на терен.
 
https://www.facebook.com/reel/1747761200688986

Извадена од контекст е изјавата на Ројевиќ.
По овие "прашања" на квази спортските новинари ќе се види на кое дереџе ни е спортот во државата.
Ништо не кажа Ројевиќ за судиите.
Непрофесионални, наведувачки прашања на "новинарот" , и паметно направи Ројевиќ шо не му одговори.
Тоа е во однос на изјавите.
Ама, неговиот перформанс на терен вчера беше различен од изјавите, кога трчаше со картончето, плачеше кај делегатот, коси корнеше.
Тоа е веќе друга приказна, и не му доликува на тренер што освоил 2 евротитули така да се однесува на терен.
Во зависност од тоа дали му доликува на тренер тоа да го прави или не то е до темпераментот на тренерот мислам дека на балканов немат тренер со не се мават од земја на некоја спорни одлуки. Се сејќавам Вујо на европско или светско дали беше дур беше тренер на Словенија му досудија пенал на Германија последна секунда па влезе Вујо да го бранит хахахах недозволвеше да се изведит. Така да балканциве 90% се исти сите за реакции и такви работи. Да беше некој натпревар од европска лига или Лига шампиони сигурно на два пати ќе добиеше по две минути а и Лино исто.
 
Подобар почеток на лигава здравје. Прво коло и дерби. Утакмица на една топка.
И место да уживаме во домашен ракомет каков сме немале, осудени сме да гледаме пренос на Youtube. По аматерски здравје. Со една камера, без повторена снимка, никаков звук, без коментатор... РФМ мора да избоксува професионален пренос барем на две утакмици во коло. Мање више дали на МТВ, Арена, Спорт Клуб... па и на Телма ако треба.

Во врска провнозите, според мене Вардар е прв фаворит.
Најбалансиран тим има. Голем минус им е Хорига ама па имаат добар плус на десен и среден.
Покрај Љевар и Малус и Силва можат да играат на лев па има доста комбинаторика на бековска постава. Само голем минус им е што нема специјалист дефанзивец. Или уште еден добар комбо пикер. Со тешките утакмици во Лига Шампиони тешко дека ќе издржат Мечка и Јанковски цела сезона.
Пелистер и Охрид се тука некаде. Нијанси.
Охрид добро покриен на бекови. Лани падот на форма на Иванковиќ ги кошташе ептен. Сега со Зечевиќ, Мате и Ивановски имаат добра ротација. Али па им се отвори дупка во дефанзива. Неверојатно колку добар дефанзивец е Реј. Антиципација, сила, тајминг, без агресија. У врска јапонецот веројатно уште на полусезона ќе се врати за битните утакмици.
Пелистер станува по дисциплинира и по борбен. Ама па без среден бек не знам колку може да ја тераат сезонава. Ако им се погоди французинот што го најавуваат супер за нив. Ако не ќе биде на нож. Со Кумановски на среден, по 60мин во игра, редовно напад 7 на 6 тешко.
Колку и да се дисциплинирани, ментално е исцрпувачки да ги играатсите напади без право на грешка. Вчера им се посреќи, Охрид утна 5 шута на празен гол. Да погодеа барем пола друго ќе беше. Вардар и Алкалоид тешко ова да им го простат.
Башка Кузмановски се гуши на среден. Слично беше и во репка со Талевски. И на времето во Металург со Јагањац (исто Лино трењер). Друг играч е со брз среден покрај него. А и на десните не им одговара ваква игра. Двајцата се брзи и технички потковани, али без шут од 9. Само на Хенингам му одговара. Спор праволиниски играч со јак шут. Мора да се пофали Петар. Маестрална партија вчера.
На Алкалоид не би му дал голема шанса за шампион ама па ќе биде интересн за пратење. Немаа некои јаки припремни утакмици па веројатно допрва ќе дигаат форма. Заради тоа не е репер утакмицата со Партизан. Башка со еден пикер.
Другите три екипи ептен потегнаа со појачувања па мораше и тие за да бидат конкурентни. Цехте е ОК. Ако Борозан е земен за сигурна дефанзива место Марковски и тоа ми е донекаде јасно. Али пикерот при Стојковиќ и Карасманакис не знам. Митев и Ѓорѓиев се веќе искусни и можат да влечат цел тесен натпревар ама не сум сигурен за голманите. Ако им тргне може и 20 одбрани да имаат. Али ако лошо почнат знаат да останат на 5. Се надевам Петковски да добие повеќе минутажа. Мислам дека има повисок плафон од Костевски.

Какво време да си љубител на ракомент во Македонија!!! :)
 
Доста тензичен, нервозен натпревар за почеток. И едните и другите се одлучија за екстремно бавна и физичка игра, на моменти и груба. До некаде е тоа и очекувано во дерби натпреварите кај нас, на дербиата секогаш има повеќе притисок и борба отколку што има убавина во играта, но некако дури и за дерби стандарди беше бавно и нервозно. Според мене и едните и другите непотребно се уплашија и претераа со кратење на ротацијата и страв од замор. Треба да се игра послободно, тоа што се работело, ако се работело како што треба, евентуално ќе вроди со плод.

Генерално, клучните моменти на натпреварот:
- 20-25 минути 7-6 играше Пелистер. За разлика од претходните натпревари, со доста слаб ефект според мене, имаа многу грешки, среќа околност е што Охрид се изнапромаши на празен гол.
- Можеби и Пелистер не ротираше онолку колку требаше, ама Ројевиќ ептен ја претера. Со 10 играчи го одигра цел меч, со скоро никаква ротација на бек. Тоа мислам негативно влијаеше на темпото кое би можеле да го изиграат во спротивно. Непотребно ги издиша Иванковиќ, Стрмљан и Мате.
- Голманите беа катастрофа. И Славиќ на едната страна и Митревски/Хејдарирад на другата. Вкупно дали 10 голмански одбрани видовме кај двете екипи. Особено Митревски е во катастрофална форма, досега на сите натпревари беше на многу ниско ниво, вчера прими барем 4-5 гола кои сериозен голман не смее да ги прими. Секоја чест за сите негови успеси, но делува дека возраста конечно го стигна.
- Генерално Пелистер мислам имаше нешто подобар квалитет на шутеви изгенерирано, според мене требаше да го добие овој натпревар според прикажаното, не успеаа само заради голманите и некои ептен почетнички неизнудени грешки.
- Мате е најзвучното засилување на Охрид сезонава, на некој начин и е главен џокер во екипата, ама според мене во двете насоки. Може и да им добие ама и да им изгуби меч. Вчера Пелистер му излезе во пресрет со очајно бавната игра со "одење". Тоа и тоа како му оди во прилог на Мате. Баш ме интересира како ќе изгледа тоа со Алкалоид - јас мислам дека ќе има доста проблеми Охрид против нив.
- Петар Атанасијевиќ - man of the match. Фантастичен старт на сезоната за него, на сите натпревари досега е на ТОП ниво. Дај боже да продолжи вака, може да биде многу значајна алка во репрезентацијата.
- Малку непотребно се плукаше Калајџиески. Да, направи 2-3 лоши грешки, но направија и Кузмановски и Хенигман катастрофални грешки, па нив не ги седнуваше веднаш по секоја грешка на клупа Лино. Млад играч е, нормално е да греши, на претходните натпревари беше 2 најдобар бек после Кузмановски. Треба внимателно да се работи со младите играчи, самодовербата е клучна кај нив.
- Јошида даде доста добра партија за Охрид. Реално и над нивото што го очекував. Корисен играч, многу битен за Охрид, доста ќе зависи од него (Лиапис и Тасевски се друг тип на пикери, не можат многу да дадат против ваков тип на противник). На спротивната страна, Самоил Ристевски има огромен напредок изминатите 6 месеци. Има некои недоволно добри штеви, неспорено е тоа, но се кога ќе се стави на кантар, дури сум и изненаден колку напредуваше, ако вака продолжи може да се развие во класа пикер, во напад тој и како ептен млад покажуваше талент, но во одбрана сум многу позитивно изненаден до кое ниво е стигнат на 20 години.

Ако по утрото денот се познава, не очекува многу неизвесна сезона. Секој бод во гости може злато да значи, така што мала предност за Пелистер по првиот меч во однос на Охрид. 24 дерби натпревари меѓу големата четврока ќе има во лигата (6+6 во лигашкиот дел, и уште 6+6 во плејофот). Некаде 8-9 се во есенскиот дел, останатите 15-16 се на пролет, така што се ќе зависи од тоа како ќе се темпира формата, а се надевам и сите 4 ќе го преживеат есенскиот дел во Европските купови и ќе имаат мечеви и напролет во битка за што повизок пласман.

П.С. Мора подобра продукција и реализација на преноси, ова со Youtube livestream е едноставно под секое ниво за продуктот што сакаме да биде Македонската суперлига. Уште 23 дерби-а ќе има, да се надеваме ова нема да се повтори.
 
Абе што се фативте за Балканциве, легендава "европска" клизачи и бодичек правеше по терени

Имаше една појака снимка од Кале, популарниоиот хедшот :D
 
Имаше една појака снимка од Кале, популарниоиот хедшот :D
Тој популарен удар ја кошташе цела Македонија забрана за утакмици во европски купови.
И поради тој "хедшот" има распад на една голема генерација како тим кој веќе доминираше.
И да тогаш не навиваа за својот тим туку како подржувачи беа таму од платен список на Трифун.

Уште од тогаш ќираџии се и ги шетат од Зелениково до Илинден од Ченто до Ѓорче.

Ќути градски воз им дадоа да се поврзат руалните делови со метрополата.
 
Тој популарен удар ја кошташе цела Македонија забрана за утакмици во европски купови.
И поради тој "хедшот" има распад на една голема генерација како тим кој веќе доминираше.
И да тогаш не навиваа за својот тим туку како подржувачи беа таму од платен список на Трифун.

Уште од тогаш ќираџии се и ги шетат од Зелениково до Илинден од Ченто до Ѓорче.

Ќути градски воз им дадоа да се поврзат руалните делови со метрополата.
Ред солзи ред мрсули, цел живот ви е тоа
 
Оф-топик, ама тоа говедо си го бараше од калето да го дигнат на клоци и да го фрлат. Каков гад провокаторски. А казна таква воопшто и не требаше да има. Максимум што можеа е само Кометал да го казнат цела година (дури и мислам дека и тоа ќе беше многу). Прокоп многу глупости правеше во 90-тите и 00-тите ама ЕХФ (нормално со седиште во Виена) замижуваше. А тоа како ги потплати судиите да судат против Кометал на првата утакмица за Хипо да има комфорна предност пред реваншот е плус, затоа што Хипо да победеше 4 разлика во Виена, во Скопје тие лесно ќе беа стигнати (тоа и Прокоп го знаеше).
 
Тој популарен удар ја кошташе цела Македонија забрана за утакмици во европски купови.
И поради тој "хедшот" има распад на една голема генерација како тим кој веќе доминираше.
И да тогаш не навиваа за својот тим туку како подржувачи беа таму од платен список на Трифун.

Уште од тогаш ќираџии се и ги шетат од Зелениково до Илинден од Ченто до Ѓорче.

Ќути градски воз им дадоа да се поврзат руалните делови со метрополата.
Сѐ е плански другар и има за цел да се уништи Баир како лулка на светскиот ракомет. Да те превезам со селскиов ќираџиски воз или со коњите ќе тераш нагоре по сокаците?
 
Сѐ е плански другар и има за цел да се уништи Баир како лулка на светскиот ракомет. Да те превезам со селскиов ќираџиски воз или со коњите ќе тераш нагоре по сокаците?
koj ke go prezema primatot ? plasticarska ili cair ?
 
@Xsago Не би се сложил во делот на голманите, Славиќ пример искина до пред дуелот со Пелистер на сите беше околу 15 одбрани, покорпулентен голман за разлика од Пилиповиќ од лани, можи за нијанса и подобар иако има подобра кариера Хрватот, ама ќе покажи времето, прва темка е, дерби на колото, кузнај дали бранел ваков меч Славиќ, се работи за доста солиден голман, ќе го видиме во остаток од сезоната.
Кај Пелистер, да Митревски е голман кој брани на моментум веќе 2-3 сезони,на една го има на 3 го нема, ако се сеќаваш лани баш тој со Охрид не извади и тоа таму,па на тој меч вџеб ги пикна, сигурно имаше 17-18 одбрани, а и дома со Охрид во плејофот беше двоцифрен. Нема константност веќе неколку сезони, ама да те извај на искуство на некој меч и тоа како знај. Затоа според мене во тој дел треба многу повеќе да го форсират и да е прв голман Хаидерират, повисок голман, долги раце-нозе имаат предност меѓу стативите(ама е склон на повреди) да е здрав дефинитивно најдобро решение за на гол, не знам зошто потенцираат сите нов голман требало, голманската позиција кај Пелистер никогаш не била проблем изминатите 6-7 години. И Брестовац е ок, само шо му фалат тие неколку цм плус за висина, можи не е некој голман за европските утакмици ама се бива.....за во лигата е топ и не се согласвам со тие муабети да оди во двојката, веќе е возрасен и зрел голман за таму (ако веќе работиме со млад кадар таму и ги имаме Младенов, Фехми со иден потенцијал).
 
Back
На врв Bottom