Не бе, не украдоа од Скопје 2014, шо зборат овие комуњариве, така?
Абе еден да имаше грам памет у државава, наместо натпреварувачки дух со опозицијата, ќе беше многу поинаку за нас народот овде у Македонија.
Цел Скопски Центар сосе плоштадот го направија музеј со кич барокни фасади и згради како провокација кон Бугарија и Грција, а успут стаија у џеб огромни пари.
Бикот од Волстрит го имаме и ние, Портата од Париз ја имаме и ние, ајде зградата Пегла од Њујорк е приватно правена у К Вода и ред други ефтини копии...
Да не го имитиравме тогаш Лондон со двокатните кинески автобуси и да се заангажираа да направат трамвај систем, Скопје сега ќе дишеше полесно и ќе имаше градски јавен превоз навремено.
Убаво би било понекогаш да читаш со разбирање и да се обидеш да изнесеш аргументи или контра-аргументи за веќе изнесените тези.
Но глеам си се научил пушти празни флоскули повторувај ги и сите ќе ги научат (познат метод на учење кој е повеќе милениуми во пракса).
Каде реков/напишав дека не се украдени?
Ти писмен си?
Пишува во прегледот НЕМА ниту еден аргумент или било што дека дел од тие износи е украден, ниту од кого нити кога ниту каде ниту колку, алооо научи да читаш со разбирање.
Проблемот е што имаш само ГРАМ памет кога би имал повеќе би можел рационално да гледаш на работите.
За нас/вас народот секогаш било така и ќе биде се додека тој народ не се научи да сонува слобода наместо како да стане газда!
Што требаше да направи со скопски центар да напраи тешка индуструја ли?
Може ли малку да поднамалите со манипулативни наративи.
Бик или златно теле е симбол се знае на што и наместо да се обидеш да појасниш таа симболика-идеологија ти овде млатиш празна слама.
Најголемиот проблем со проектот “Скопје 2014“ е што целата држава е оставена по страна а сите објекти културни/административни и други се напраени во Скопје како да во остатокот од државата нема лујџе.
Постојано лепиш етикети како “го имитиравте Лондон“ и слични глупости, ниту ме познаваш ниту те познавам ако сакаш каква таква размена на мислење коригирај се или да те стаам во корпа со .... содржина, почна да ми одиш на живци со таквото однесување а не мислам да се нервозирам.
И по една децинија како Груки не е на власт се користи за манипулација па станува јасно зошто е дозволено да избега од земајва, зошто не му е одземен имотот за кој се говори на голема уста дека го украл, кој кој спречува да се тоа направи ... и не се обидувај преку прелевање да креираш слика на колективна одговорност (јас немам никаква одговорност за нивните недела ниту некаква полза туку само потешкотии и проблеми) такво нешто не постои секогаш се користи за манипулирање со масите.
Мора да се призне добар потез е пуштањето на Груки сега се има мотив за понатамошна манипулација но мене и понатаму ме интересира зошто во своите пропагандни пораки секогаш се занимаваш со Груки а Црпе НИКОГАШ не го спомнуваш!
Дали Црпе го сметаш за некаква морална вертикала или како некој што не го продал Македонецот и државата или со таквите работи немаш проблем? ? ?