Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Од моите соништа, сонував како девојче што ја познавам имала тројка со двајца, но биле во каллива вода и во пауза ѓњурела, а јас сето тоа сум го гледал на сони Ериксон на расклопување, сликата била џам и сум го изгубил телефонот.
 
Драга,

Не се сеќавам дали 30 годишнината од независноста некој ја одбележа, на било кој начин. Но за ова годинава, попил, непопил хејт, потпишувам - ДОСТОИНСТВЕНО! Еве сега го гледав и концертот на плоштад и беше навистина убаво. Горд!
 
Им купивме на децава по еден смарт саат од Сеттек (кина нормално). За да можам трекинг да им праам морав да симнам некоја нивна апликација. Откако испоприфатив се, се осеќам дека пола Вухан ми гледа у телефон у моментов. Али ај, се за деца.
 
Кајг,
морам да го споделам ова искуство,
ми требаше бакарна жица едно 4 х 2 м или 8 м за друга намена, а не за спроводливост.

... арно ама никаде не можев да најдам единечна жица, па се снајдов да купам тројна бакарна жица во еден кабел, па со сечење на пластиката на главниот кабел ги оделив трите жици и ете го добив посакуваното.

1000022020.jpg

...арно ама, на допир додека ги делев некако ми се разликуваа, плавата и кафеавата некако исти ми беа, ама жолтозелената некако како полесна и не се виткаше исто.

1000022022.jpg

...трите со иста бакарна боја отворено кафеава боја, иста дебелина, пресек, само виткањето и тежината некако нерамномерно само средната жица WTF:(

1000022019.jpg

...зедов ноже и ги гребев директно жиците и види чудо сомнителната жица обеле, за разлика од другите две кои останаа со иста боја.

1000022018.jpg

...влегов на НЕТ и се информирав, тоа да ти била алуминиумска жица која многу послабо спроведува струја за разлика од бакарот, а со тоа се намалува и амперажата и безбедноста на кабелот кој е купен со цена како со три бакарни жици, а капацитетот на овој комбиниран кабел, кој е многу поевтин, секогаш ќе биде ограничен од најслабата алуминиумската жица, кој има околу 60% до 65% од спроводливоста на бакарот за иста дебелина, тоа значи дека ако се користи алуминиумската жица за фаза или нула, целиот кабел мора да се осигура (со помал осигурувач) според капацитетот на алуминиумот за да не дојде до прегревање и пожар. :несвест:

... жиците се со дебелина од 2.5 mm², бакарните можат безбедно да поднесат до 20–25 ампери, но алуминиумската од истата дебелина поднесува само околу 15 ампери, кабелот во овој случај ќе биде ограничен на максимум 15 ампери.

... кабел каде што сите три жици се бакарни е стандарден, висококвалитетен електричен кабел има максимален капацитет на пренос за неговата димензија бидејќи бакарот овозможува проток на струја со минимален отпор, за истата дебелина (на пример 2.5 mm²), овој кабел без проблем ќе пренесува 20 до 25 ампери (околу 4.5 до 5.5 kW моќност), што е за 30% до 40% повеќе од комбинацијата со алуминиум. :shok2:

...јас кабелот го купив со цена за три бакарни жици, а не комбинирана со алуминиум кој е поевтин, е сега размислувам како настануваат пожарите во новоизградените куќи и згради кога се купуваат вакви фалс кабели и не се проверуваат имајќи поверение во продавачот за стоката што се продава, страшно,

...затоа мој совет проверувајте кога купувате било каков кабел! :smirce:
 
Случајно заприметив дека на денешен ден пред точно 17 години сум станал член на Кајгана.

1000039917.jpg
Неверојатно како брзо лета време.

Во последниов период сум повеќе во мод на читање, а посебно откога во мојот живот влезе едно мало суштество кое ми смени се од корен и ми одзема голем дел од денот.

Можда некогаш кога ќе порасне ќе дојде до пристап на глупостите што ги тресел татко му, посебно во првите години од пишувањето тука :D
А ако Кајгана продолжи да живее (дај Боже), можда и ќе размениме по некое мислење низ темиве, зошто да не.
 
И цофнал мажот на 30 нешто години, останала вдовица, целиот инстаграм и е дека е вдовица и се снима како плаче у кола, у трговски, на педикир. Па пичка ли ти лепа материна и од тоа ли сакаш пари да правиш бе!? Е се спасил братот жими се. Не верувам цивилизацијата некогаш да била на волку ниско ниво.
 
Бегајте од безкичмењаци... Како би ве почитувале вас, кога тие прво себеси не знаат да се испочитуваат, дозволуваат да бидат газени.
Џабе потрошено време е воопшто да посветиш внимание на вакви особи.
 
Не сум алтруист некој, али неизмерна радост ми причинува кога ќе го видам сјајот во очите на скопјанецот кога раскажува како натоварил два куфера брендирана роба од оутлети ко Пандорф, Новента Ди Пиаве или Палманова. Следните 12 месеци ги проаѓа бо Сити Мол и Ист Гејт за да споредува цени да рачуна ќар.

Уште ако изговара дојдоВА, видоВА, јадеВА…
 
Каква и да е, наша е државата, да ја уживаме уште некоја година, потоа се ќе биде поинаку.
 
Драга,

Мислам дека полека доаѓа времето кога долго и тажно ќе се збогуваме.
Јас со тебе.
Ти со мене.
И потем,
обајцата со ништото.

Убаво го срочија тоа @Saladin и @Setsuko во еден неодамнешен разговор. Веќе кај тебе не може да се пронајде зрно во каколот. :(
 
Back
На врв Bottom