Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?


  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Абе ако има квалитет има и убав ракомет и систем и се. У лигата квалитетот е онака средина, а тимовите се тука негде изедначени и затоа е интересна лигата. Зошто кога играат дерби други квалитетни екипи гледаме атомски ракомет?
Незнам зошто ама ете пред некој ден играја Фуксе со Магдебург, дерби во најаката лига во светот ама го нема тој жар кај играчите, како да им е сеедно, гледат тие да останат совршени и да си го одработат нивното а не дали тимот ке победи или не. Друга работа е шо немат притисок од публиката, кај нас да промашиш таков зицер жив ке те јадат или па да напрајш некој тежок фал, одма цела публика скока
 
Да не ставам скриншотови од што си типувавме пред утакмица, типував победа на Пелистер и на терен и на трибини. Второто го погодив, првото не :D
Нормално, навивав да тепа Охрид затоа што секој добиен бод на гости сезонава е чекор поблиску до титула.
Слабо одиграа Охрид, особено во одбрана. Во напад исто беа тромави, имаа среќа што Мате е убиец од пенали и лепна плус неколку бомби од далеку. Без старца нема ударца, ако не беше разигран Ојлески, немаше шанси да дојдат до бод. Неколку пати одиграа добра акција за него во второ полувреме.
Каде беше Кеита? Некаде од 15 минута гледав и не го видов воопшто. Им фалеше многу и во одбрана.
Голманите слаби на двете страни.
Типував победа на Пелистер ради моментумот кој го имаат. Не одиграа некои јаки пријателски, не донесоа некои особени засилувња, изгубија неколку конфликтни, но важни играчи, но го добија тоа што им фалеше минативе години. Цврста рака на клупа. Ме изненади стариот, топ ја издиригира утакмицата. Пелистер секако има јак состав, фалеше слогата во тимот. Им се погоди да гостуваат во Охрид, каде што стандардно играат како дома (секогаш ми било интересно како охридската обична публика навива со анти-скопски песни протов Вардар и се пали цела сала, а со Пелистер дремат како мртовци и ептеееен некоја случка на терен може да ги крене) и во еуфорија одиграа скоро перфектно. Очајно им фали замена за Фитиљ и веројатно ќе ја добијат конечно во нигеров што потпиша денес. На пикер се страшни, мислам дека тука тешко ќе најдеме решение за нив, ама на другите позиции им треба уште многу работа. Гарантирам дека Петар нема да има друго вакво издание сезонава :D
Кај Охрид премногу фали Јасухира. Уште ми е криво што ние не успеавме да го донесеме. Колку пари и да бара, огромен плус е да имаш таков играч во нападот. Вака лесно беа вадени на 10 метри и многу тешко им беше да пробијат.
Старото го врати ракометот во 1990-тите. Бавно, тромаво... :D

Цела сезона ќе е хаос, мноооогу ситни детали ќе решаваат. Пред се', повредите на клучните играчи, распоредот на натпревари и како ќе се вратат после СП оние што ќе играат за репрезентациите.

За крај, со формирањето на Арена Мк, највеќе изгубивме тие што сме фанови на македонскиот спорт.
ФФМ прекина да врши преноси на втора лига, а Тони Стојановски форсира дербињата од прва македонска лига да се играат во нестандардни термини. Кај и вака нема гледачи, во петок и понеделник уште помалку. Се' тоа за да не се поклопува со странските лиги.
Ја уништија спортската редакција на МТВ, еден не остана. Која мизерија, државната телевизија не може да врши преноси од ниту еден спорт. Најпопуларниот спорт, во најјаката сезона со 4 израмнети клубови останува без преноси. Гледам на јутјуб снимано со дигитрон, без коментатор, без статистика, несинхронизирано време со официјалното итн.
И подобро може да не Арена да врши преноси. Ќе стават да се игра во четврток од 7 сабајле, се' да им ебам.
 
Значи на Арената требаше да дават Ѕвезда Партизан, кој ни е крив шо го закажавме дербито во исто време …
 
Лигава е повеќе неизвесна отколку квалитетна.
За да стигнеме до тој Вардар што беше во времето на Самс треба многу работа.
И на добар пат се трите екипи да станат многу повеќе од тоа што се моментално
 
Значи на Арената требаше да дават Ѕвезда Партизан, кој ни е крив шо го закажавме дербито во исто време …

Ќе цмиздри пак дембелот со наочари кога му пцујат мајка по фејсбук , секоја недела редовно ги пренесуваат мамето нивно неуко.
 
Незнам зошто ама ете пред некој ден играја Фуксе со Магдебург, дерби во најаката лига во светот ама го нема тој жар кај играчите, како да им е сеедно, гледат тие да останат совршени и да си го одработат нивното а не дали тимот ке победи или не. Друга работа е шо немат притисок од публиката, кај нас да промашиш таков зицер жив ке те јадат или па да напрајш некој тежок фал, одма цела публика скока
Абе добро тоа дава посебна драж на натпреварот. Ја зборам за квалитетот на терен, за начинот на кој играат. Затоа коментарот ми беше повеќе е изедначена него квалитетна.
 
Охрид Пелистер и Вардар имат ист буџет, работата е шо буџетот на Охрид е цел искористен на Вардар незнам а Пелистер многу малку го има искористено. За Алкалоид да не прајме муабет, тој е најбогатиот клуб во европа, приватен клуб со газда спонзор.

А за да имаме клуб како шо беше Вардар во времето на Самсоненко требат и пари и искусен персонаал шо знај да го организира. Првото ајде ке се снајдиш ама за второто малку потешко во ова држава
 
Погрешни луѓе на погрешни места, како се останато во државата.
Пет луѓе од форумот да се состанат ќе се организира подобро лигата во однос на распоред кога како што, тв преноси. Секое коло има дерби, а понекогаш и по две интересни утакмици, ама ете една може да оде во пренос.
Ко што пиша некој погоре лигата можеби не е толку квалитетна колку што е неизвесна, реално денеска немаше убав ракомет во Охрид, ама ете испадна да е неизвесен..

Вината треба да се бара во секој еден поврзан со ракометот, од федерација, од телевизии, па и до новинари што немаат ниту една иницијатива превземено оти цицаат пари од секаде, па не смеат да критикуваат за ништо.
Националната телевизија колку што се уништи спортската редакција со отварање на арена мк толку и други работи таму не функционираат како што треба. Пишав поназад имаат склучено четири годишен договор со трите федерации за популаризација на тие спортови, почнувајќи од минатата година, ама најверојатно нема да излезе ништо од тоа, дај боже да ме демантираат ама работата не мириса на арно.
На крајот цела среќа што има и јутуб пренос од лигата..
 
Да не ставам скриншотови од што си типувавме пред утакмица, типував победа на Пелистер и на терен и на трибини. Второто го погодив, првото не :D
Нормално, навивав да тепа Охрид затоа што секој добиен бод на гости сезонава е чекор поблиску до титула.
Слабо одиграа Охрид, особено во одбрана. Во напад исто беа тромави, имаа среќа што Мате е убиец од пенали и лепна плус неколку бомби од далеку. Без старца нема ударца, ако не беше разигран Ојлески, немаше шанси да дојдат до бод. Неколку пати одиграа добра акција за него во второ полувреме.
Каде беше Кеита? Некаде од 15 минута гледав и не го видов воопшто. Им фалеше многу и во одбрана.
Голманите слаби на двете страни.
Типував победа на Пелистер ради моментумот кој го имаат. Не одиграа некои јаки пријателски, не донесоа некои особени засилувња, изгубија неколку конфликтни, но важни играчи, но го добија тоа што им фалеше минативе години. Цврста рака на клупа. Ме изненади стариот, топ ја издиригира утакмицата. Пелистер секако има јак состав, фалеше слогата во тимот. Им се погоди да гостуваат во Охрид, каде што стандардно играат како дома (секогаш ми било интересно како охридската обична публика навива со анти-скопски песни протов Вардар и се пали цела сала, а со Пелистер дремат како мртовци и ептеееен некоја случка на терен може да ги крене) и во еуфорија одиграа скоро перфектно. Очајно им фали замена за Фитиљ и веројатно ќе ја добијат конечно во нигеров што потпиша денес. На пикер се страшни, мислам дека тука тешко ќе најдеме решение за нив, ама на другите позиции им треба уште многу работа. Гарантирам дека Петар нема да има друго вакво издание сезонава :D
Кај Охрид премногу фали Јасухира. Уште ми е криво што ние не успеавме да го донесеме. Колку пари и да бара, огромен плус е да имаш таков играч во нападот. Вака лесно беа вадени на 10 метри и многу тешко им беше да пробијат.
Старото го врати ракометот во 1990-тите. Бавно, тромаво... :D

Цела сезона ќе е хаос, мноооогу ситни детали ќе решаваат. Пред се', повредите на клучните играчи, распоредот на натпревари и како ќе се вратат после СП оние што ќе играат за репрезентациите.

За крај, со формирањето на Арена Мк, највеќе изгубивме тие што сме фанови на македонскиот спорт.
ФФМ прекина да врши преноси на втора лига, а Тони Стојановски форсира дербињата од прва македонска лига да се играат во нестандардни термини. Кај и вака нема гледачи, во петок и понеделник уште помалку. Се' тоа за да не се поклопува со странските лиги.
Ја уништија спортската редакција на МТВ, еден не остана. Која мизерија, државната телевизија не може да врши преноси од ниту еден спорт. Најпопуларниот спорт, во најјаката сезона со 4 израмнети клубови останува без преноси. Гледам на јутјуб снимано со дигитрон, без коментатор, без статистика, несинхронизирано време со официјалното итн.
И подобро може да не Арена да врши преноси. Ќе стават да се игра во четврток од 7 сабајле, се' да им ебам.
Кеита закачил некоја ситна повреда после Гевгелија.
Мртва публика зш ги држат картите до 17:45 непродаени и да имало за гости и мој твој, па се чекат редици и хаос пред влез.Не беше целосно исполнета.
Не само домашни или гости, имаше луѓе од Кичево, Ресен, луѓе од други места на продолжен викенд и бараа карта, ете имало некаков интерес и некој експерт не успеал да го свртит на позитива.
 
За да стигнеме до тој Вардар што беше во времето на Самс треба многу работа.
И на добар пат се трите екипи да станат многу повеќе од тоа што се моментално
Нема шанси да стигне ниедна екипа до тој Вардар. Реално друже , тоа беше друга димензија. Али ако се подзасилат уште малце овие екипи , ќе биде далеку подобро и поквалитетно. Ја коментирам за ова што е моментално, односно од она што го видов од супер купот и ова денес.
 
Зошто кога играат дерби други квалитетни екипи гледаме атомски ракомет?
Мислам дека има вистина во она што го кажува Незнам Шо Знам, можеби не комплетно, но делумно.

Во отсуство на квалитет и успех на други полиња премногу „лично" си го сфаќаме спортот општо на овие простори. Кај нас е најизразено кај ракометот како најпопуларен спорт. Во Западна и Северна Европа што и да се случи нема да биде крај на свет. Кил ако заврши утре 6-ти, наредната сезона пак ќе има десетина милиони евра буџет. Вецлар ако отпадне сезонава, идната пак ќе одат истите луѓе да го гледаат во цвајта. Кај нас резултатот е императив, па притисокот врз играчите е поголем.

Секако, тука е и фактот дека едноставно не практикуваме таков ракомет како таму. Играта е поспора и поискалкулирана.
 
Последно уредено:
Мислам дека има вистина во она што го кажува Незнам Шо Знам, можеби не комплетно, но делумно.

Во отсуство на квалитет и успех на други полиња премногу "лично" си го сфаќаме спортот општо на овие простори. Кај нас е најизразено кај ракометот како најпопуларен спорт. Во Западна и Северна Европа што и да се случи нема да биде крај на свет. Кил ако заврши утре 6-ти, наредната сезона пак ќе има десетина милиони евра буџет. Вецлар ако отпадне сезонава, идната пак ќе одат истите луѓе да го гледаат во цвајта. Кај нас резултатот е императив, па притисокот врз играчите е поголем.

Секако, тука е и фактот дека едноставно не практикуваме таков ракомет како таму. Играта е поспора и поискалкулирана.
Абе види , тоа што се сфаќа така и не е така лошо. Јебига пасија , сакаш да победи твојот тим, у Макеоднија па тоа се мери и со градови , не е само ракомет во прашање. И се е тоа ок. И тоа дека не се игра таков ракомет. Ок , не ни мора да играта тркачки ракомет, али зборам генерално на индивидуалниот квалитет на ракометарите. Има двајца тројца во лигата кои двојат ( Јака, Фитиљ) и тоа е. Нема потези од бекови , крила , па и одбрана се игра килаво. Го немаат ракометарите тоа знаење да се каже дека лигата е квалитет. Затоа и викам дека е повеќе израмнета него квалитетна. Ќе биде газење до самиот крај. Детаљи ќе одлучуваат.
 
Back
На врв Bottom