Сериозно нема план за преноси на некоја телевизија сезонава? Нели потпишуваа договори РФМ на подолг период минатото лето?
Една лига која има каков таков продукт изградено имаме во цела држава - македонската ракометна машка лига. Тоа ако не го пренесуваме не знам што ќе пренесуваме. Ние ќе се снајдиме и со Youtube, ама за достапност до масовната публика мора да има посериозно решение, со коментар, со пристапност до ТВ - сеуште кај нас се конзумираат содржините доминантно на ТВ. Реално треба да пренесуваме 2 натпревари најмалку секоја недела од домашното првенство + еднаш неделно емисија за нашето првенство (па ако треба може тука да се додадат и европските настапи како теми) со разговори, дебати, анализи и сл.
Со оглед дека спортската редакција во МТВ практично замре, се некако води дека се што е врзано со спорт сега е упатено кон Арена македонските канали така што товар ќе биде на нив да го обезбедат ова. Српската Арена успева за српската лига да ги обезбеди овие услови (а во Србија ракометот е далеку зад Фудбал, Кошарка, Одбојка и Тенис по интерес), недозволиво е македонската Арена да не го овозможи барем ова за македонската лига, особено што многу се работело и е инвестирано за лигата да стане бренд во регионот (објективно најјака лига на балканот, а постепено станува Македонија центар за ракометот во овој дел од Европа за пријателски турнири, семинари, младински првенства, агенти школи и сл.).
Невозможно е во фудбал/кошарка нешто посериозно да напреднеме во тој аспект, ама во ракомет имаме реално шанси и мораме сите колективно да помогнеме тоа да се случи (вклучително и притисок онаму каде што треба).