m:SAT TV Mакедонија Сателитска DVB-S телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Умре кардшерингот и ерата на дримбокс со новите хакери на кои полесно им е да лапнат MAC адреса наместо да разглобат бокс и да дешифрираат картица.

Сателитски тањир, LNB и коаксиален кабел купи си сам. Од мтел барај само бокс и картица. Техничар ќе ти ја подеси антената на елевација од 29 степени и 16 степени источно од правиот југ. На EUTELSAT 16A се транспондерите на мтел. Југот мора да ти е без пречки.

Ако ти е само за домашни канали без никакво плаќање, предавател Црн Врв Д1 го покрива Велес и велешко со дигитален сигнал. Антена, коаксијален кабел и телевизор со ДВБ-Т тјунер ти се доволни.
Се согласувам дека кардшерингот се напушта, затоа и пробувам да го одвратам од таква инвестиција.

За МСАТ треба да оди на следниот сателит: M:Sat TV Macedonia on Astra 3C at 23.5°E

16 степени источно е поранешниот Тотал ТВ и тој ќе го угаснат со тек на време, додека трае транзицискиот период. Инаку ако склучи договор тањир, ЛНБ, кабли и монтажата се бесплатни па и не е лоша опцијата.
 
Преварантиве, нели го купија Тотал ТВ , зошто сеуште ги немаат Канал 5, Телма и останатите што ги немаше на Тотал ? Битно , го набутаа, српскиот шлајм одма на ЕутелСат 16 , на Тотал сателитот !
 
Преварантиве, нели го купија Тотал ТВ , зошто сеуште ги немаат Канал 5, Телма и останатите што ги немаше на Тотал ? Битно , го набутаа, српскиот шлајм одма на ЕутелСат 16 , на Тотал сателитот !
На Msat ги има колку што знам а Total tv ако уште постои како посебен кога тогаш ќе го изгасат да не постои поточно да си биде само Msat
 
На Msat ги има колку што знам а Total tv ако уште постои како посебен кога тогаш ќе го изгасат да не постои поточно да си биде само Msat
Сеуште постои, и тешко во догледно време да го угасат. Ќе треба , сите антени да ги пренасочат на нивниот сателит, а како што се способни, тешко би се десило, набрзо! Еве 8 месеци, како чекам, да ми достават и монтираат, втор ресивер што го даваат гратис при продолжување на договор, и абер немаат. Се јавив у контакт центар, одговор, ќе ви се јават монтери ! Ни монтер ни бутур... Тешки преваранти.
 
Моментално сум во Србија и гледам телевизија преку сателитскава Msat и нешто ме зезаше при вртење каналите и му направив фабрички рестарт и со тоа одново да ги побара каналите. На едниот ресивер нема добар сигнал на сателитот Astra 1x и не ги наоѓа од таму каналите. На другиот ресивер е одличен сигналот на тој сателит.
Поврзани се со една антена двете ресивера.

Знае некој до што е проблемот?
 
Логично ако размислуваме
Антената е добра.

Има 2 опции,
1. Ресиверот има проблем
2. Кабелот е проблемот.

Чекор 1.
Смени ги местата на ресиверите.
Ако ресивер 2 (што не работи), не сака да работи и на местото на ресивер 1 (што работи) тогаш е до ресиверот.

Ако ресивер 2 работи на местото на ресивер 1 е до кабелот. (Конектори, поврзување на антена или прекин).
 
Back
На врв Bottom