Кајг,
морам да го споделам ова искуство,
ми требаше бакарна жица едно 4 х 2 м или 8 м за друга намена, а не за спроводливост.
... арно ама никаде не можев да најдам единечна жица, па се снајдов да купам тројна бакарна жица во еден кабел, па со сечење на пластиката на главниот кабел ги оделив трите жици и ете го добив посакуваното.
...арно ама, на допир додека ги делев некако ми се разликуваа, плавата и кафеавата некако исти ми беа, ама жолтозелената некако како полесна и не се виткаше исто.
...трите со иста бакарна боја отворено кафеава боја, иста дебелина, пресек, само виткањето и тежината некако нерамномерно само средната жица WTF
...зедов ноже и ги гребев директно жиците и види чудо сомнителната жица обеле, за разлика од другите две кои останаа со иста боја.
...влегов на НЕТ и се информирав, тоа да ти била алуминиумска жица која многу послабо спроведува струја за разлика од бакарот, а со тоа се намалува и амперажата и безбедноста на кабелот кој е купен со цена како со три бакарни жици, а капацитетот на овој комбиниран кабел, кој е многу поевтин, секогаш ќе биде ограничен од најслабата алуминиумската жица, кој има околу
60% до 65% од спроводливоста на бакарот за иста дебелина, тоа значи дека ако се користи алуминиумската жица за фаза или нула, целиот кабел мора да се осигура (со помал осигурувач) според капацитетот на алуминиумот
за да не дојде до прегревање и пожар.
... жиците се со дебелина од 2.5 mm², бакарните можат безбедно да поднесат до 20–25 ампери, но алуминиумската од истата дебелина поднесува само околу 15 ампери, кабелот во овој случај ќе биде ограничен на максимум 15 ампери.
... кабел каде што сите три жици се бакарни е стандарден, висококвалитетен електричен кабел има максимален капацитет на пренос за неговата димензија бидејќи бакарот овозможува проток на струја со минимален отпор, за истата дебелина (на пример 2.5 mm²), овој кабел без проблем ќе пренесува
20 до 25 ампери (околу 4.5 до 5.5 kW моќност), што е за
30% до 40% повеќе од комбинацијата со алуминиум.
...јас кабелот го купив со цена за три бакарни жици, а не комбинирана со алуминиум кој е поевтин, е сега размислувам како настануваат пожарите во новоизградените куќи и згради кога се купуваат вакви фалс кабели и не се проверуваат имајќи поверение во продавачот за стоката што се продава, страшно,
...затоа мој совет проверувајте кога купувате било каков кабел!
