АЕРО Стрит Фуд Фест

  • Креатор на темата Креатор на темата Rothmans
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 ноември 2024
Мислења
1.208
Поени од реакции
918
Пет вечери, 20 гастрономски брендови и музичка програма што ќе го раздвижи Аеродром. Од бургери, пица, суши и ќебапи до омилените десерти – избери што прво ќе пробаш, а потоа препушти ѝ се на забавата.
1f354.png
1f363.png
1f3b6.png

AERO Street Food Festival е од 4 до 8 септември во паркот „Авионче“, секој ден од 17:30 до 00:30 часот.
️
Влезот е бесплатен – понесете само добро расположение!

Ова се најглупите настани кај нас, а ги има секој месец само во различна општина.

На едно место собрано илјадници луѓе и ќе чекаат редици за да јадат плескавици по 300ден. Никаков квалитет нема, само квантитет, нафрлено онака оти реално во таа гужва никој не може да се замара да направи квалитет.

Пиво во пластична чаша ќе продаваат по 200 ден, а на 50метра има продавница во кое може да земеш флаша или лименка по 50ден.

Сегде во Европа ти даваат стаклена чаша или кригла со кауција. Ја вратиш чашата ти враќаат пари. Кај нас бизнис и од тоа прават, ако сакаш чаши за вино ќе платиш како цел сет да си купил. Чашата нормално ќе заврши после во канта оти кај ќе ја влечкам со мене цела вечер
 
Апсолутно се согласувам за цената во однос на квалитет. Толку лоши хамбургери почнаа да прават по Скопје, тоа е чудо некое невидено.
Што бидна со традиционалните балкански плескавици, пр. лесковачка за 120 ден. човек јаде и цел ден е сит.
За пивото нејќам ни да зборам, толку е се поскапено и истовремено намалено у количина. Ццц...

Ипак не е лошо како настан, човек да прошета па ете и од продавница да земе нешто, музика малку, малку смрдеа од канализацијата кај Ново Лисиче и така. :)
 
Нема да идам ама ок се мучат луѓе, нешто различно е, увек сум за, ако го организираат ко што треба, да не биде само profit centric да е и малку customer centric.
Два коментара имам само, тоа у вторник се препокрива со Гета, нека им е со среќа :popce:
И втор коментар, овој прв пат го глеам, ама нели има пријатели да му објаснат што значи да јава петел? Некако ми е жал за човеков вака.
1788536011545.png
 
Samiot nekvalitet na hrana i organizacija si vlece i nekvalitetni dji i bendovi.
 
Back
На врв Bottom