ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Прегледај го приврзокот 486348[БОЈКОТ - УПРАВА ОДИ СИ]

Групата на отворен состанок донесе одлука за БОЈКОТ на сите натпревари на ФК Вардар а истиот ќе трае се додека Управата на чело со лицето Миленко Неделковски, не поднесе оставка и не си замине од клубот!

Оваа одлука е донесена и со претходна консултација и разговори со сите подгрупи, на кои истата е едногласно поддржана!

Причините за бојкот се аматеризмот, како и примитивизмот кои владеат во клубот, а кои се директна последица на катастрофалните одлуки кои Управата ги носи на секое поле и поради срамниот однос кон навивачите, кој кулминираше на последниот натпревар кога обезбедувањето на Управата, по наредба на Миленко Неделковски се дрзна и ги нападна децата на групата и клубот, кој претставува последен срамен чин кој нема да се повтори никогаш повеќе, тоа ние ви го гарантираме!

Затоа, во понеделник на натпреварот кој ќе се одигра во 19:00 часот на стадионот ФФМ, против екипата на Арсими ќе присуствуваме за последен пат, за да ја покажеме првично нашата солидарност со младите Вардарци и за да изразиме незадоволство и револт против најсрамната Управа во целата историја на ФК Вардар!

Собирот ќе започне во 18:15ч на последна 5-ка во Ново Лисиче, од каде во 18:45ч заедно ќе се упатиме кон стадионот. СИТЕ ЗАЕДНО!

Уште сега јавно апелираме дека преглед на влезот ќе може да врши само Полицијата и дека нема да дозволиме никој друг да биде присутен. Ако биде присутно обезбедувањето што ќе се спротиви на оваа одлука, ќе бидат ВЕДНАШ нападнати од наша страна и затоа апелираме - берете памет!

По натпреварот против Арсими, започнува бојкотот и од тогаш фокусот целосно ќе го насочиме кон натпреварите на РК Вардар, за што дополнително ќе известиме!

Повикуваме на најголема масовност и полн стадион, сите Комити и Вардарци обединети до целосно ослободување на ФК Вардар!

ОБЕДИНЕТИ ЗА ВАРДАР!
ke se vidime vo nedela
 
Чкембари најава во Охрид пред натпреварот во недела.
IMG_20260905_125952_512.jpg
 
Оваа сезона се очекуваат 8 навивачки групи во прва македонска лига во кошарка; Кумани, Фа, Цпб, Чкембари, Фаланга, Ајдуци, Фантоми и Пирати (ако се одлучат да навиваат за Кк Скопје) што ќе биде подинамично да се следи отколку фудбал, а со ракомет тука некаде.
 
Ситуацијата со преименувањето на КК Маџари во КК Скопје 2023 и барање поддршка од Пирати е нешто најсмешно на свет.
Дел од СД Скопје е МЗТ Скопје, кои се формирани како КК Скопје и првично играле во Автокоманда, а потоа се преселиле во Аеродром и го додале името на тогашниот спонзор.
 
Ситуацијата со преименувањето на КК Маџари во КК Скопје 2023 и барање поддршка од Пирати е нешто најсмешно на свет.
Дел од СД Скопје е МЗТ Скопје, кои се формирани како КК Скопје и првично играле во Автокоманда, а потоа се преселиле во Аеродром и го додале името на тогашниот спонзор.

Кој со ѓаолот тикви сади... Од толку јака приказна стигање до финале и враќање на публиката и Маџари успеват да уништат се во 3 месеци. Го избркаја Миодраг за да дојди Мац ниту играч македонски имат ниту ништо, ни 2 сезони нема да издржат пред да му го клат катанецот на клубот гробарите на кошарката.
 
Back
На врв Bottom