Со охрид имаме шанси и прв пат Охрид влегва како фаворит со екипата шо ја има , сега мислам дека тие имат мн поголем притисок.
Во однос на минатата сезона мое мислење е дека не се подобри од лани, Кеита крилото е класично полукрило не е некој шо знај да скокни да има некоја рака , ама во одбрана е добар на 2ка , нешто налик на крилата на Вардар. Мате е моментално најдобар десен бек во македонско првенство оти е шутер и покрај сите повреди шо ги имаше сеуште има мн ракомет. Најголемо ослабнување на Охрид е дефинитивно заминвањето на Моралес. Вчера ги гледав Висла со Киелце , Моралес ја доби утакмицата , 3 топки му пресече , три блока и ниеднаш еден на еден не беше поминат. Таму се ослабнати премногу . А Ивановски сега мислам во Охрид уште подобро ќе се вклопи , баш среден шо ќе можи да изигра за останатите и да го покрие 20-25 минути Стрмљан .
Ние сеуште се бараме како шо гледам , кој можи од новите да земи стабилно место во новата екипа. Баш би сакал Татар да го видам , од него уште со потписот имав некое најголемо очекување .
Фитиљо покрај Червар ќе биди уште појак , оти ќе нема на шо да мисли ни за групации , ни за поделби . Кај Червар сите се фокусирани само на теренот , претходните сезони како многу играчите да се трошеа надвор за праење екипи/ поделби , борби со тренери . Сега се знај кај Червар ако не го слушаш комотно можи да те суспендира , да не играш едноставно не остава да си поголем од тренерот .
Мое видување е да напрајме темели за новиот Пелистер и да не почнуваме и да изгубиме неколку утакмици оваа сезона одма со негативната енергија , да се фокусираме да напрајме екипа баш од играчи шо ќе можат да го носат товарот за следните 5-6 години и да му дајме на Червар подршка оти тој работел од Балиќ и Џомба до Циндриќ и Борозан.. и има во него нешто шо го немаја др тренери а то е да пушти млад некој да изгори ако мисли дека можи да се носи со товарот.
Голема екипа никогаш не се гради преку едно лето , ние го имаме Фитиљо , браќата Атанасијевиќ , Самуил и тука негде треба да се темелите на идниот Пелистер .
Едино вака од играчи шо си заминал само за Батако ми е криво , едноставно се поклопваше во овој Пелистер и допрва требаше да блесни како Манасков..