Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Катастрофа трансфер период, некоја оцена би била 3/10. Тотално аматерски, кога клубот обезбедува ЛШ, конкуренцитата ти се засилува јако, ти да си дозволиш ваков траксфер период е бедно, иако ова е веќе видено и добро познато сценарио. Оние изговори од типот не можеме да ја добиеме првата цел, како во случајов со Хол, па до муабетите нема ништо квалитетно на пазарот се смешни и само глуп човек може да поверува во нив. Едноставно ниту планираа, ниту имаа желба да донесат пред се лев бек, па и други позиции кои ни се за покривање. Ќе биде весело во декември. ЛШ не верувам дека ќе пројдеме во нокаут фаза, а и да пројдеме одма ќе испаднеме. Во лига добро е што 5 екипи одат во ЛШ, па се надевам ќе фатиме некоја од тие 4-та, 5-та позиција. Минатото ни вика дека кога имаме повеќе утакмици тоален крах доживуваме на секое поле, а реално немаме играчи ни доволно квалитетни во стартна 11-ка, ниту па на клупа. Во 2026 година нас уште Лук Шо ни е лев бек, Хари Мегваер ни е стандарден првотимец, Диего Далот, кој ни у Милан не го сакаа, ниту било каде можеше да игра уште пред 5 години, нас ни е прв избор на десен бек.
Од овие што дојдоа, ајде Тилеманс ми е и до некаде добар трансфер, ниска сума, добар играч, големо искуство и во ПЛ и репрезентативно. Да се гледа дека уште не е на потребното физичко ниво, ама за брзо ќе биде. Сантос ми е тоталка глуп трансфер ко Маунт на времето. И тогаш бев за него против, а и сега за овој го имам истото мислење. Резерва у Челзи, лани пола сезона повреден, втора половина ист како и сите у Челзи лани, затоа и завршија таму кај што завршија. Балеба да не зборам, играч што беше мизерен лани, резерва у Брајтон, кога и да го ставеа на терен беше жива мизерија, го вадеа на полувреме, ние решивме дека треба да ни биде нас прв и еднини деструктивец. Ние треба да го оправаме и да го враќаме у форма и живот. Дај Боже да се испаднат ко што треба сите тројца, ама не сум некој голем оптимист, од една страна и поради изборот на играчи кои ги донесовме, само во средина, а одбраната ни е катастрофа, од друга страна и како целина, за ЛШ нема што да правиме муабет за било каков успех (успех го сметам четврт/полуфинале, за освојување ни на крај памет не ми е), а и за ПЛ, после третото место лани, целта сезонава требаше да ни биде најмалку задржување на третото место или евентуално скалило погоре да отидеме, секако за титула немаме шанси, но како се појачаа и какви тимови имаат другите, Арсенал, Сити, Челзи, Ливерпул се пред нас со квалитет, така да мислам 5-место некако ако исчупаме ќе биде добро.
 
Ако бега Зиркзе и не се доведи замена, на тоа ако се додади и неносење и лев бек ќе биде претешко за Керик да се носи на повеќе фронтови.
 
Ако бега Зиркзе и не се доведи замена, на тоа ако се додади и неносење и лев бек ќе биде претешко за Керик да се носи на повеќе фронтови.
Немало време од клубот брифираат, исто Чидо Оби пред трансфер. :pos:
 
Само за продажбиве има време а :tapp:

Ќе го враќаме и Марсиал како слободен како што ми гледа :icon_lol:
Реков управата фрла само глупи и ретардирани изговори, нит планирале да купат лев бек нит планирале да трошат повеќе од среден ред, кловнови.
 
Само за Бруно ми е криво што нема да види титула со Јунајтед. Најверојатно ама 70-80 посто сум сигурен дека си оди наредно лето. Фрустрациите од некои тука ја пред месец, месец ипол ги доживеав така да не ме нервира баш сега тоа што трансфер рокот е толку мизерен за нас. Онака лаички можам да забележам дека ние имаме нарушени односи со многу клубови, а како и зошто не знам. Но тоа е последните 10тина години , никој не ни купува играчи, или сака за џабе да го земе, с кога сакаме да купиме над 100м обично оди цифрата за некој просек со некој потенцијал. Тотенхем фрли јака пара на пола пл клубови кај нас ништо не побара. И тоа кажува нешто. Овие Барада и овој другиот требаше да средат такви релации. Пола ПЛ напрсвија бизниси со Турците и Саудијците јаки пари испраа читај земаа, овие нашите штурац. Се што прават моментално е ден за ден и нема левериџ за некои други времиња. Нема јасна тактика, туку дај да пробаме може ќе наденеме нешто, така да далеку сме ние од некои други елитни клубови.
Сега очекувам да не замараат со пр околу новиот стадион еве трета година како го почнуваат и никако да почнат.
 
И околу тренерите, најсвеж пример е Сити, Гвардиола лани купи доста играчи, јас лично мислев прави транзиција за новиот тренер дека се знаеше дека Пеп си оди, не само што тоа не беше така, туку овој очигледно не му одговараа овие застанаа позади него, изнапродаваа еден куп играчи и му донесоа 5-6нови и скапи, нз колку се пошто знам само неколку. Скапи и застанаа позади тренерот со подршка, иако еве јас ама и многу други не го рангираат Мареска многу високо. Ние на секој тренер истото му го правиме како сега на Керик. Половично нешто замачкаат и толку, после нареден дојде, и се во круг така.
 
А од Арабија може да пазариме од утре? За другар прашувам. :D
 
Колку е коефициент да се повреди Шо на следен натпревар, за другар прашувам... :D
 
Кога веќе не се носи лев бек, нека добива Амас вистинска шанса.
 
Пари сигурно има

Данте банкаро :ROFLMAO:
Автоматски споено мислење:


Им избега возот за овој пред година.


Како и да е, ќе се крстиме сезонава на лев бек.
 
Back
На врв Bottom