Носење малечки деца/бебиња на трибина

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување
@Saber Rider
Ајде 2 на 2 и да клајме еднаш крај на дискусијата:P:D:DПрегледај го приврзокот 472882
Ова дете се го врзва да биди во копот понатаму колку и да неќиш или тој неќи.
Денес: вујко му играч за Струга(дај Боже за Пелистер во иднина), другиот вујко за Пелистер, дедо му во управата на Пелистер, татко му фронтлине кај Чкембари исто и тетин му☘️
Секој муабет на маса за слава, родендени и други прослави е за фудбалот и Чкембари, така да со среќа.
 
@Saber Rider интересна тема си отворил.
Јас ја немав таа среќа да можам да ја однесам толку рано на трибина. Кога и да дојдевме во Македонија се нешто не се поклопување, де репрезентативна пауза, де утакмицата у понеделник ставена, де некоја незгодна у гости,де на свадба тој ден, а мерак ми беше прво на запад на Вардар да биде. Ама ништо, мораше да се задоволам со репрезентација и тоа со некоја утепана, можно е и пријателска да беше. Веќе две години имаше наполнето,можеби и три, не ми се веруваше како може уште да не била на утакмица. Времето камен ладно, на Јужна ни 500 души, никаква атмосфера, така и кај неа никаков интерес. Скалите 100 пати нагоре надоле ги качи. На полувреме викам доста е,додека не паднала по скалите. Ај викам у Вршац да пиеме по едно пиво и некој ќебап и ќе си одиме. Скопско немале... си отидовме.
Втора утакмица лани, прва на Вардар, почеток на сезона исто со некој утепан тим не ми ни текнува кој. Ајде викам како што е редот у Жабар прво ќе седнеме и после идеме на стадион. По пат заспа, у жабар јадеше некој ќебап и продужи да спие. Се буди пред Јужна топла гори, викам ај од топлото нешто, промена на клима, ќе видиме ќе се освести ќе и помине. Се сместивме на запад горе над копот позади оградата(нешто што најмногу ме нервирало порано) баш ради петардите и топовски. Ништо качи температура, расположение и интерес нула. Ајде викам ќе си одиме на полувреме. Пробуваме да излеземе, не може, ја заклучиле вратата од запад и не пуштаат никого. Им викам абе температура има пуштете не да си одиме, не сакаат и не. Мораше преку терен да искачаме за да си одиме. Така да два обиди делумно не успешни, или не како што јас си ги замислував. Така да ги разбирам луѓето што не сакаат да ги носат децата, ти затвараат врати, не ти даваат вода да внесеш на 40+, тоалети не функционираат, зошто би ги носел. Ама пуста желба и страст пак не тера и покрај се.
Сега се мислам трета утакмица ракомет у Касел, ама и тоа не е сигурно, мора да видиме со превоз што како ќе биде и дали ќе има слободно место.
 
таман може децата да си шљапкаат во мочкоините на Миленко :icon_lol:
 
Back
На врв Bottom