- Член од
- 7 декември 2019
- Мислења
- 8.229
- Поени од реакции
- 16.344
- Возраст
- 66
Кога ќе ти кажат колку загуба имала вашата ЗЗ, ќе си знаеш. Целата механизација се купуваше со кредити кои ги земаа поголемите комбинати, чии погони беа селските ЗЗ.Жалам друже за тие лоши искуства шо сте ги имале со земјоделската задруга и од релативно богато село барем по бројкиве на земја и добиток по куќa сте дошле на дереџе да мешате брашно со глина.
Сепак тоа ич не ти дава право да го претставиш како нешто шо се случувало во секое село. Кај мене таа ЗЗ опстана до 91г. иако по она што го имам како податоци немале ни приближно добиток и земја по куќа како вашето. Многумина работеа во таа задруга, се купи доста земјоделска механизација, трактори, комбајни, камиони, се изградија магацини, подоцна таа иста задруга отвори продавници и месарници во околните градови, соработуваа со една месна индустрија од Пожаревац. И ден денешен на една продавница во градскиов пазар гледам остатоци од лепенката со името на задругата.
Ете ти и тебе една секвенца од животот на село благодарение на ЗЗ.
Никогаш ниедна ЗЗ немала вистински плус по пресметка, ама комитетот инвестираше во светла иднина, па се пресипуваше, од шупло во празно. Од друга страна народот имаше впечаток дека е вработен, одеше на работа, примаа плата.
Некои фарми беа реално во тенок плус, ама бар не беа во минус.
Твојата ЗЗ не отворила ништо, комитетот отворил и ви договорил соработка.
Нашето село беше и најбројно и најбогато во Овче поле.
Нејсе, не е битно, било нема враќање.

