И Роџерс. Мартинез ќе биде прва ракавица во Челси наредните две сезони, а може и три. Воткинс има 30ка, им беше носител на играта, минатата сезона беше еден од најдобрите стрелци. Тилеманс ќе биде во предниот план на Манчестер, можеби не првотимец кога ќе се врати Балеба, ама ќе биде сериозен ростер со оглед на тоа дека ќе играат најмалку два пати неделно, треба да ги штедат клучните играчи. Исто и Конса, тешко дека ќе биде стандарден првотимец, ама ќе биде ростер. Дел од овие играчи ќе се борат за минути, најчесто при евентуална повреда или за затворање на играта, а во Вила имаа и ќе имаа сигурна минутажа. И ќе играат неколку сезони во одлични клубови, на високо ниво. Ремонт се прави во тек на неколку сезони, овие направија прелом за една сезона. Технички пола прва постава ја смени за едно лето.
И кого имаат? Џексон, Баркли, Линделоф, Гарначо и Сузуки. И Гомез од клуб кој испадна од ПЛ. Постои реална шанса да останат и без Матсен. Џабе имаат планина неискористен кеш, не ги гледам во топ 6, па ни во топ 8 оваа сезона.