Совет околу кујна

  • Креатор на темата Креатор на темата Иван CFC
  • Време на започнување Време на започнување
@Иван CFC

Немам големо познавање во материјали и имам некое солидно познавање во бела техника. Пред повеќе од една година направив кујна токму каква што имаш на ум.
Подоле рендер од компанијата која ми ја правеше кујната и уште една слика од дента кога беше 90% завршена (фали плинскиот шпорет и светлата вградени во кујната како и чешмата)
За жал немам од скоро слика а моментално не сум дома но наредна недела можам да направам слика за да ти покажам одредени работи кои други членови ги тврдат но не се точни.

Прегледај го приврзокот 486157

Прегледај го приврзокот 486158


Затоа што сум со две мали деца, одбравме анти фингерпринт технологија и воопшто не се прља. А ако некогаш имаме некаков инцидент, со вода и мало крпче и е како ново.
Ќе гледам да не заборавам да направам слика од тоа каква е кујната после една година користење.

Рачки не ставивме затоа што од претходно искуство, ова е нешто што најмногу ја ебе кујната. Се кршат, се оштетуваат, губат боја рачките и после некое време се гледа дека кујната е користена ептен. А и рачките не се модерни воопшто. Помина тоа време.

Од околу користена е керамика затоа што е најдобра кога се работи за домашна кујна но истотака е и доста скапа. Ако сакаш нешто поефтино, мислам дека плочките би биле подобра опција и имаш повеќе избор. Кварц е истотака опција.

Бела техника - шпоретот, микробранова, машина за садови и рерна ми се Bosch, фрижидерот Самсунг а лавабото и чешмата некој германски бренд.
Bosch e класа. Буквално од телефон ги управувам машината за садови и рерната.
Имам користено претходно Whirlpool и Beko, не се ни близу. Особено што Bosch се одлични за конзумирање електрична енергија.

Секако, сето ова чини и е над просекот но ако можеш да си дозволиш, подобро вложи си зашто кујна еднаш правиш. Јас заштедив на врати и мебел за да вложам повеќе од буџетот во кујната затоа што за мене ова отсекогаш ми било ќејф, да имам сулермодерна и функционална кујна со сите нишани. Плакарот ме заболе дали е 500 или 1000€ кога секако има една функција.

Кујната ми е со светла кои се вградени и се палат со тоа што им мафтам со раката. Фенси ама си има свои недостатоци. Една цркна, тешко се наоѓа човек за поправка, сензорите често се полнат со прашина и не реагираат експресно како на почетокот па често ми отвара работа да се ебавам со каблите но е супер работа затоа што многу често немам потреба да палам таванското светло и создава убав ноќен амбиент.
Топ ти е кујната ама имам една замерка, спуштени висечи над шпорет поготово со плин, а не приметив на сликите да имаш аспиратор и не е баш безбедна варијанта.

Ја отворив темава оти деновиве кујна треба да местиме па ме интересираше чисто од радозналост што мисли кајгана заедницата околу кујните:)
 
Топ ти е кујната ама имам една замерка, спуштени висечи над шпорет поготово со плин, а не приметив на сликите да имаш аспиратор и не е баш безбедна варијанта.

Ја отворив темава оти деновиве кујна треба да местиме па ме интересираше чисто од радозналост што мисли кајгана заедницата околу кујните:)

Вграден е аспираторот.
Користиме плински шпорет повеќе од 10 години, нема никакви проблеми.
 
Благодарам на советот.

Разгледував опции по сетек во главно, бош се класа меѓу тоа се доста поскапи, се уште сум во дилема секако имам време до 15 да се одлучам.

И јас користам плин меѓутоа сега се мислам помеѓу индукциска плоча самостална и посебно печка, или комбиниран класичен шпоред со плин.



За рачки мислам дека и јас ќе ги исфрлам, по професија сум кувар така да чистење на кујна ми е свакодневница, има едно средство КХ7 одмастивач со него чистењето е песна.
Прсни помини со крпа и решен проблем.
 
Back
На врв Bottom