Подобро изадние од прошлата, но има уште работа, што е разбирливо, почеток на сезона е.
Керик - он прв подлежи на пик за критика.
1. Иако Маину и Тилеманс пивотот се исплатеше за коцкање, двајцата не се дефазивно на ниво. Одбраната дополнително не овозможува да им покрие гз, па не бушеа на контри у прво.
2. Одбраната опфатена е со претходниот коментар. Ниту Мегваер ниту Шо и Мартинез се кадарни да ги играш на висока линија. Да беа Јоро и Хеавен у тим па ај некако, ќе надокнадеа со нозе. Шо и Далот нема потреба ни да се коментираат веќе, се е кажано.
3. Коцкањето Куња на шпиц Рашфорд на крило, по мене глупост од епски размери. Кога имаш проблем да пробиеш последна линија, и ти треба да сврзеш линии, логично е Куња да е ротиран со Рашфорд, пошто тоа му е главната карактеристика, пробивност, прогресирање топка и линк ап со соиграчи. Куња на шпиц не нуди толку. Разбирам улогата на Куња беше лажна 9ка, и Рашфорд нема да е толку ефикасен на лажна 9ка, ама па ни на крило не беше толку ефикасен иако не беше специфично лош.
4. Играњето лажна 9ка, де со Мбеумо, де со Куња. Разбирам нема спремен шпиц, ама си треба играч што ќе се шуња у 16ик. Барем Бруно да го прави тоа од втор план ко на времето со Оле што беше.
5. Центаршутевите, коа нема некој у 16ик, а на терен имаш високи штопери и сега и против Хул, ми е ретардирано.
Тилеманс технички ок, но треба да крене ниво. Има време пред него, разбирам втора утакмица му е, и нема месец дена тренинг.
Позитива: не се мачиме да пренесеме топка преку средина, ко на времето. Некад знаат предобро да искомбинираат и да сврзат 5-6 пасови и да скинат противник.