- Член од
- 30 август 2012
- Мислења
- 4.118
- Поени од реакции
- 7.616
Што се однесува до салата, јас не би сакал ништо што не е поврзано со нас, воопшто да коментирам. Тоа е политички процес, така да мене не ме интересира политика, мене ме интересира спортот,
Друже , разбирам дека не сакаш да се мешаш во политика и тоа е сосема во ред. Ама мислам дека салата не треба да ја гледаме само како политичко прашање, туку како спортска инфраструктура и долгорочен интерес на РК Пелистер.
Вие како моментални газди на клуб, а особено со оглед дека имате и градежна компанија, имате многу поголема можност да иницирате конкретен план и да направите притисок за да се реализира. Не мислам дека треба да чекате некој друг да го реши тоа.
Од друга страна, навивачите сигурно би застанале зад таква иницијатива. Може да се направи сериозна кампања од навивачите – транспаренти, петиција, јавен притисок, комуникација со институциите – но за тоа треба и клубот да застане зад идејата.
И тука треба да е разликата со фудбалот. Стадионот во голем дел тргна како иницијатива и притисок од навивачите, а ФК Пелистер не даде никаква поддршка кога требаше и затоа на мускули одеше 10 плус години и уште не е завршен.
Не викам дека треба да си политичар , него како моментален газда на РК Пелистер да направите план за ова и не мора да излезе од вас планот можи од навивачите.
Јас не се разбирам од градење ама малку барем сега е лесно со АИ планови со моментални пазарно цени сала како Јане е околу 10м евра , секако овде општина може лесно да учествува и едноставно со давање на земјиште ослободено од комуналии.
Има повеќе начини како да се напрај сала и модели за финансирање ама мора ова да биди во договор со вас , за да не биди голгота како со стадионот, а има начини субвенции влада, ви дадат општинско земјиште про боно за згради , кредити, инвестициски пул (да има други комплекси пример станови во содржона итн итн) ама тоа е отом потом прво треба обединивање околи ова.

"не било поврзано со нас"