Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување

ЛДП, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ПОИНАКУ сложни во Советот на Општина Битола​


Мнозинството во Советот на Општина Битола предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, потоа СДСМ со коалицијата, ПОИНАКУ, ЛДП, ЗНАМ, ГРИН, ДУИ ги прифатија иницијативите и накрај со 27 гласа „за“ ги изгласаа. Против иницијативата за "Македонско-американски парк" беа двајцата советниците на Левица.

Мнозинството во Советот на Општина Битола на вчерашната седница прифати две иницијативи предложени за подобри услови за децата со посебни потреби и нивните семејства и за изградба на „Македонско-американски парк“ кај местото викано „Авионите“ во Битола.

Првата иницијатива мерки за обезбедување подобри услови за децата и семејствата на децата со посебни потреби ја предложи советникот на ЛДП Димитар Кузмановски, додека иницијативата за „Македонско-американски парк“ кај „Авионите“ во Битола ја предложи советничката на СДСМ Софија Ристевска-Петрушевска.
Ова е еден од ретките примери досега каде политичките ривали се спојуваат со една цел - во интерес на битолчани.

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски објави дека Советот делувал заеднички за подобра Битола.
На вчерашната 11-та седница на Советот на Општина Битола беа усвоени две иницијативи предложени од опозициските советници. Ова е уште еден доказ дека кога станува збор за интересот на граѓаните, добрите идеи немаат политичка боја. И покрај тоа што имаме мнозинство, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме да ги поддржуваме сите квалитетни предлози кои носат развој, грижа и подобар живот за битолчани.

Веруваме дека со меѓусебна почит, дијалог и соработка можеме да постигнеме многу повеќе. Очекуваме и во иднина поддршка за програмите и иницијативите кои се предлагаат, затоа што целта треба да ни биде заедничка подобра Битола за сите!“, објави Бојкоски.




Советникот на ЛДП Димитар Кузмановски предложи четири точки: Обезбедување на ваучери за деца категоризирани со наод и мислење според МКФ, за користење дефектолошки, логопедски и психолошки третмани. Доделување на еднократна финансиска помош на децата со посебни потреби. Обезбедување на бесплатен паркинг и бесплатен автобуски превоз за родители на деца со аутизам ( дијагноза F84). Подготовка на програма и финансиска рамка за поддршка на деца со посебни потреби на локално ниво.

„Тие дечиња секојдневно ги посетуваат овие професионалци каде што се работи на нивниот говор, движење...често посетуваат и приватни логопеди, дефектолози и психијатри, а еден час станал голем луксуз околу 1.000 денари. Затоа потребен е ваучер за да им олесниме околу трошоците. Доделување на еднократна финансиска помош за децата со посебни потреби е потребно оти едниот родител најчесто не работи за да биде со детето, максималниот износ што е треба да им се додели. На родителите на овие деца да им се овозможи и бесплатен паркинг, нема да пропадни ЈП Паркинзи Битола. Во иднина треба да им помагаме на овие наши сограѓани со програма и финансиска рамка а не со ат хок решенија“, рече советникот Кузмановски и додаде дека со советничката од ВМРО-ДПМНЕ Марина Крстиќ ќе ги разработат сите предлози од оваа инцијатива за нивна имплеметација.


Советничката на СДСМ Софија Ристевска-Петрушевска на иницијатива на младиот Јане Велкоски предложи изработка на проектна документација за изградба на „Македонско-американски парк на пријателството” на локацијата кај „Авионите“ (Смолево) Битола, каде што веќе се поставени авиони од американски производител. Целта на оваа иницијатива е уредување и трансформација на просторот во современ и репрезентативен парк кој ќе претставува симбол на пријателството, соработката и партнерството помеѓу Македонија и САД.

Во рамки на иницијативата се предлага: поставување на македонско и американско знаме со соодветни јарболи, хортикултурно и партерно уредување на просторот, поставување на урбана опрема (клупи, корпи за отпадоци, осветлување), поставување на симболично обележје или табла посветена на македонско- американското пријателство, создавање нов туристички, рекреативен и јавен простор за граѓаните и посетителите на Битола.

„Сметам дека ваков парк ќе претставува значајна додадена вредност за градот, ќе придонесе кон афирмација на Битола како отворен и модерен град и ќе испрати позитивна порака за меѓународна соработка и пријателство. Воедно, планирам да се обратам и до Амбасадата на САД во Скопје со цел поддршка и понатамошна соработка околу реализацијата на проектот“, рече Ристевска-Петрушевска.

Покрај овие иницијативи, мнозинството советници вечар ги усвоија и извештаите од општинските програми со реализација над 75%, што според претседателот на Советот, Бојкоски, претставува уште еден показател за посветена и одговорна работа на Советот.

Заслужено, има американска донација од еден милион долари за новата противпожарната станица во старата касарна.
 
Екипа, ми треба инфо за добар/потрадиционален ресторан у Битола. Пријатели од странство ги убедив од Охрид да поминат и низ Битола дека има што да се види, ги упатив у Корзо ама не примале миленици таму (кутре мало имаат).

Друго, слично нешто на Корзо? Аурум и такви слични не (да не е lounge bar, него негде кај што ќе можат и скара и потрадиционално нешто да пробаат). Ќе ве пингам дека побрзо одговор ми треба

@Goran Bt @Пеце @ZelenoBel @cholismo @Буран
Ау брате кај ме најде од ко престанав со акање и пијање појма немам за кафани ќе ти пишев шо знам ладе под Пелисиситерито е интересно има вграден но сите се за пуфки продавање ако ти е за јадење да си одиш Прилеп било која кафана тие три пати поарна од напите си го сакам градот најмоќен на светот за ништо не го менувам ама кај нас се е за филмој праење далеку сме ние од угостителство а има ресторано и кафани за естетика но за храна не знам ни една арна а тоа со куче ако имаш чоек да знајш и во Епинал ќе те пуштат а не во Корзо кај дрвото
 
bt.jpg
Quo vadis Bitola...
Добро вистина тука имаше семафор пред 50 години ама ИТХ не беше вака изработено, а како ќе биди ова решено појма немам. Нешто друго што ја мачи наша Битола е тоа што нема ГУП, а потоа и ДУП за сите населби во општината. Булеварскиот влез од Прилеп не заслужува никаков коментар.
 
ova e najmalce 7-8 godini staro
...не е поентата во видеото колку е старо, колку што е поентата дека ништо не се смени ниту нешто се превзема, останува по старо вакви ,,граѓани" крадци!
 
Шо дијагноза е оваа ?
Разбирам да положиш цвеќе на некој херој ама овие на секта ми делуваат од четите.
Уфилмани дека се војводи, не разбирам шо е филмот, и шо е со ословувањето сестра Марина, сестра, Карина итн
 
Шо дијагноза е оваа ?
Разбирам да положиш цвеќе на некој херој ама овие на секта ми делуваат од четите.
Уфилмани дека се војводи, не разбирам шо е филмот, и шо е со ословувањето сестра Марина, сестра, Карина итн
...да ти кажам право да ти дојдеше УЧК таму ќе си ќутеше, сега даваш дијагнози на македонштината, што ти пречи историјата на македонскиог народ?
 
...да ти кажам право да ти дојдеше УЧК таму ќе си ќутеше, сега даваш дијагнози на македонштината, што ти пречи историјата на македонскиог народ?
Бијонс не ги знајш фаците затоа одмини го постот, стрикно за Битолчани беше.
Не ми пречи историјата ме интересира во кој филм се влезени овие квази војводи ?
 
Back
На врв Bottom