Префрли се ако имаш техничка можност на оптички интернет, било кој провајдер што нуди оптички интернет. А1 нудат оптички интернет преку сопствена инфраструктура, можеш и од кај нив да земиш, многу побрз uploud ќе имаш и стабилност поголема.
Во прилог ти испраќам понуди, незнам кај тебе како има покриеност:
Телекабел ; Имаш пакети од 600 денари до 3500 денари, со брзини од 40 до 1000 Mbps.
A1 MK - Имаш пакети од 700 до 1300 денари, освен преку сопствена инфраструктура, нудат и преку телеком, само на најмалиот пакет преку Телеком имаат 30/30 Mbps брзина, другите два пакети М и Л се исти.
Македонски Телеком ; Имаш пакети од 900 до 4000 денари (Со активиран Gaming Booster ќе имаш 1/1 Gbps - вкупно 1600 денари/месечно) или преку агент ако одиш ќе имаш поефтина понуда, можи заедно со телевизија да ти даде подобра понуда, отколку само интернет да земаш поединечно. Пред 7 години, агент ни понуди интернет + тв за 1200 денари плус пакет канали бесплатно.
Datacom - Имаш оптички пакети, горе ко ќе одиш кај Интернет има повеќе категории и за геј мери, сепак договорот што е не обврзувачки е плус во предност спрема конкуренцијата.