Препорака за места во природа за снимање guitar covers

  • Креатор на темата Креатор на темата The Wild Boy
  • Време на започнување Време на започнување

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.579
Поени од реакции
948
Локација
МАКЕДОНИЈА!!!
Здраво луѓенца, long time no see.

Отварам тема бидејќи сакам да пронајдам нови места за каде што јас и мојот колега - пријател би можеле да појдеме преку викенди кога ќе е убаво времето да снимаме cover - и на гитара. Јас му помагам во врска со тоа и одиме на различни места во природа каде што снимаме и он после си објавува на неговиот јутуб канал. До сега можам да кажам дека на неколку места сум бил низ Скопјево, особено популарниве дестинации за излет и шетање. Но сепак од тие места ни е здосадено бидејќи сме биле веќе неколку пати, или имало луѓе (па не ни одговарало со луѓе околу да снимаме башка кога е гласно) или било темница (ако сме искочиле покасно). Знам дека низ Скопјево има многу места каде што може да се појде, еве како на пр. Водно или Матка ама таму врие од луѓе и нема како да седнеш да свириш на раат. Нас ни треба место каде што ќе има убав поглед во природа, да има некоја клупа / маса, да не биде толку познато местото, да не е комплицирано да се стигне до таму (сепак колегава вози Chevrolet Cruze LS 2011 1.6 и не му е колата направена да се качува по брда, планини низ земјени / козји патишта - се дур има асфалт е ОК). До сега сме биле Водно секако, Сончев Град, Ајватовци, Кучково Крстот, на неколку места во Скопска Црна Гора и неколку паркови низ Скопјево како на пр. Гази Баба Паркот (местото ни се допадна многу и дефинитивно ќе појдеме наредна пат повторно, само да се укотвиме на простор каде што нема да има толку многу луѓе околу). Сме биле и Три Круши и Пелинце ама и од таму ми е здосадено и врие од луѓе.

Ако некој од вас форумџиите познава така интересни места, да не кажам тајни места, underrated и не толку посетувани во и околу Скопје (може и према Куманово / Велес / Св. Николе / Тетово) тогаш слободно пишете, препорачајте каде би можеле да отидеме на нова авантура да снимаме нови covers. Јас планирам наредна прилика во С. Ѓуриште да се појде бидејќи има убаво манастирче таму, и башка се знам со еден од светите лица таму така за прошетка, но не сум сигурен дали има во самото село место каде што би можеле да седнеме во природа и отсвириме некој cover, секако во манастирот тоа не би го правеле - нема како. Затоа праќајте слободно локации од местата и пишете ако се некои по на страна како да се стигне до нив. Ако местото е таинствено тогаш слободно пратете ми и приватна порака. Тоа што ќе ми биде пратено што мора да си остане тајна - нема да биде споделено никаде од моја страна. Нас ни треба само нови места да не се маткаме на се едни исти локации оти ни здосади.

Ви благодарам однапред за напишаните пораки и предлози. Секогаш форумот ќе го ставам на прво место и ќе си побарам совет од овде него ли од она глупото AI да прашувам кој што ќе ми даде некој generic response и ќе ми каже да отидам на места веќе кај што сум бил.
 
Куклица ако не те истепа женскиот Бени Хил од Кратово. :D
 
На железничка можеш, кога ќе залади, можеш да пееш некоја од Владо Јаневски. Некоја за вени сечење како, И тогаш некоја будала. Пругите увек се поврзуваат со емоции.

 
Во Скопско, кај Марков Манастир е убаво.
Во Велешко избегнувај езеро и костурницата, премногу клише.
Можеш на бабуна а можеш и кај манастирот св Димитрија.
Ако те носи патот има убави места во Папрадиште, Богомила, Чашка, Нежилово.
 
Калин Камен, ама за таму треба понова верзија, минимум Cruze LS 2013.
2011 се со фабричка маана, гасат на паланечки патишта.
 
Кај етно ресторанот Костенче во Смилево има прекрасни планински пејсажи, а есенските бои му даваат посебен шмек на целиот предел. Патот е асфалтиран до самото место, иако на некои делови е малку пострмен. Ресторанот се наоѓа веднаш до бистата на Даме Груев.
 
Византиец има пар предлози.
 
Back
На врв Bottom